ЗА СВ. ГЕОРГИЈ И ВОСПИТАНИЕТО НА ДЕЦАТА

Ако мајката го прекорува таткото, а таткото ја игнорира мајката, на децата ќе им биде многу тешко да го следат Христос. Секако, има светители кои потекнуваат од растурени семејства, од разделени семејства без родители и кои сè постигнале сами. Меѓутоа, сега не зборувам за децата, туку за обврските на родителите. Затоа што не создаваме деца само за да се забавуваме. Тоа е голема одговорност. И токму за тоа зборувам.





За жал денес многу жени не знаат што значи тоа, да принесеш една просфора. Повеќето трчаат во соседните пекари, купуваат просфора и ставајќи ја во едно ќесе, ја носат во црква. Не знаат дека просфората ја символизира Пресвета Богородица и онаа што ќе ја подготвува, како друга света Ана ја носи во црква. Таму ја прима свештеникот, како друг Јосиф, како да ја прима


Бог се однесува како Оној што вистински љуби. Оној што вистински љуби не се наметнува над онаа, што ја љуби, не ја присилува да ја испие сета Негова љубов во еден здив, туку дискретно ја опсипува со дарови. Така Бог ја создал сета убавина на светот, сонцето, месечината, ѕвездите, целата складност на природата, во стремеж да го воодушеви човекот. 
Во светиот и Велик Четврток, како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино.



























