Поука на денот (05.04.2023)

Ако живеете во заедница со другите, служате им како на самиот Бог, и за својата љубов љубов не барајте, ниту за смирението пофалби, ни за служението благодарност. Пред да кажете нешто, размислете нема ли вашиот збор или дело да го нажалат Бог или ближниот.


Ете, св. Марија Египетска ни покажа каков е клучот од заклучените врати, како да го најдеме, како да ги отклучиме, та најпосле да влеземе. Појдете по тој пат сите вие кои имате потреба. А кому не му е потребно тоа? Значи, да појдеме сите. Никој нека не одбива, никој да не заостанува зад другите, никој да не губи надеж. Домаќинот ги повикува сите и сите ги чека. Да појдеме, еден со друг да се поттикнуваме и еден со друг да се бодриме.
Следствено, покајанието е една промена на душевните сили на човекот, кој е поттикнат од љубовта. И затоа ги следи особеностите на љубовта на секого од нас. Значи, ако сакаме да одговориме на прашањето зошто не се каеме доволно, ако го чувствуваме тоа (секој ќе го констатира), можеби следниот чекор е да кажеме дека веројатно не Го љубиме доволно Бога и луѓето.
Икос: Очити ме, Спасе, од многуте мои беззаконија и, се молам, од бездната на злото изведи ме. Кон Тебе повикав, и услиши ме, Боже на моето спасение.Со сладострасниот живот богатиот самиот себе се осуди на огнениот пламен, а бедниот Лазар, кој во овој живот ја избра сиромашијата, за бескрајната радост се удостои.
Според древното предание, во овој ден го пееме Големиот канон. Овој навистина најголем од сите канони прекрасно и вешто го напиша светиот отец наш Андреј, архиепископ Критски, кој се именува и Ерусалимски. Тој замина од Дамаск на својата четиринаесеттодишна возраст за да изучува граматика и други науки во Ерусалим, водејќи монашки живот...
Поуки на светите отци: Загушувај го умот кој е преокупиран со самиот себе си и непромислено подложен да го оговара и осудува брата си, на тој начин што со дела ќе му ја укажуваш секоја љубов и внимание свјот ближниот.
...Jа доведоа молитвата до минимум, најчесто пред спиење изговарајќи ја Оче наш ,и тоа што е можно побрзо, како да сакаат да се „ослободат“ од неа. Тоа демоните се обидуваат да нè доведат во таква состојба на вечно брзање, како никогаш да немаме време и да нè наведат да ја оставиме молитвата. Токму на тој начин се урива ѕидот кој не штити од темните сили
Скокав од радост, кога ќе добиев три лајка еден по друг во текот на еден час, а не приметив, кога мама претрпе криза на хипертензија. Јас плачев кога приметив дека на модераторот му дале завидна улога во форумската игра, а потоа случајнно дознав дека успеале да ја оперираат мачката. Ми стана многу срам,
Толку театрално се артикулираат поимите: денешницата - денешните, современието - современите, модерното - модерните, што човек добива впечаток дека порано се живеело посовршено отколку сега, подолго отколку сега. Сѐ е исто само што е софистицирано.
Има страсти кои не убиваат... Да не ги прегрнуваме. Всушност, страста се раѓа кога семето на добродетелта и даровите е оставено необработено или загадено. Односно, кога наместо да го полеваме цветот на душата со Христовата вода, му даваме отров.
Лот направи така и носеше вода од Јордан, којшто беше оддалечен еден ден одење. Но ѓаволот, преправен некогаш како преморен жеден патник, некогаш како болен старец, а некогаш како сиромашна и несреќна жена, му ја пиеше водата уште по патот. Бог се сожали на него и еднаш ја избегна таа средба и само еднаш ги навади дрвата, коишто никнаа и се соединија во едно трослојно дрво,
Во оваа трета недела од постот, празнуваме поклонување на чесниот и животворен крст од овие причини: бидејќи за време на четириесетдневниот пост на некој начин и ние се распнуваме, умртвувани од страстите, паѓајќи во униние имаме чувство на жалост, ни се предлага чесниот и животворен крст за да не поткрепи и утврди и утеши, потсетувајќи не на страдањата на нашиот Господ Исус Христос.
...Нашиот небесен Отец го даде Својот Единороден Син да биде распнат на дрвото на омразата и крајната суровост - кое што го измислила човечката злоба. И Синот, висејќи така, колку што било потребно за да ја насити злобата на своите непријатели, умре. После три дена, Отецот го воскресна Синот и го запечати во срцата на луѓето своето ново дело.























