Основа на постот е борбата со гревот преку воздржание од храна. Значи воздржание, а не истоштување на телото, затоа правилата за запазување на постот секој треба да ги усогласи со своите сили, со степенот на својата подготвеност за пост. Постот е аскетски подвиг, кој бара подготовка и постепеност.
ЛЕГЕНДА ЗА НЕМАТА ЦРКВА
Постои стара легенда која впечатливо кажува зошто понекогаш нашите молитви се бесплодни. Во дамни времиња живеел некој старец кој многу се молел и често се грижел за човечките гревови. И му било чудно зошто понекогаш се случува луѓето да одат во црква, да му се молат на Бога, а сепак и понатаму да живеат лошо...