Протојереј Александар Шмеман: Целта на постот
Треба уште еднаш да се подвлече дека целта на постот не се состои во тоа тој да нè принуди на некакви формални обврски, туку во тоа да го омекне нашето срце, така што тоа би се отворило за духовната реалност и би ја доживеало скриената глад и жед за заедништво со Бога.


Во овој ден, првата сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, кое има ваков почеток: За време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј – синот на големиот цар Константин), кој отпадна од Христа и му се врати на идолопоклонството, започна гонење на христијаните, јавно или прикриено.
Држат строги диети, но не постат. Одат на психијатар и седат пред телевизорот со часови, но не одат на исповед ниту во црква. Луѓето денес не сакаат да даваат туку само да земаат, без труд или лична жртва. Се плашиме да се погледнеме едни други во очи. Систематски го избегнуваме ова, содзавајќи си немир во себе.
Дојдете, верни, во светлина да ги извршуваме делата Божји, како дење набожно да одиме, секаков неправеден договор да раскинеме и секаква соблазна на ближниот од нас да отфрлиме; телесните наслади да ги оставиме и духовните наши дарови да ги возраснеме; на гладните леб да им дадеме и на Христа со покајание да Му пристапиме, викајќи: Боже наш, помилуј нè.
Мајката Божја се обраќа кон Христос со зборовите ''Сине мој, помилуј ги своите луѓе'' . (Тоа го пишува во две бои, нејзиното го пишува со црно мастило, А Христос одговара со црвено) а Он и одговара ''Згрешиле.'' Она Му вели ''Ама Tи помилуј ги'' ,
Бил многу голем подвижник кој оседувал големо покајание. Писател е на многу покајни песни, коишто извирале од неговиот покаен внатрешен дух во него. Не бил учен, но Светиот Дух го учел. Оваа молитва е една од многуте негови покајнички молитви. Едноставна е и многу кратка, а истовремено многу содржајна и прецизна. Таа е сржта, центарот на духовниот живот во Црквата.
Колку е големо Твоето милосрдие, Господи, зашто си претрпел клинци и копје, заради мене осудениот на гибел; затоа Те воспевам, Христе. Сите луѓе, поклонувајќи се на крстот, трската, клинците и копјето, на живоносните Твои страдања, со песни, Христе, Те воспеваме.
Потоа рече Бог: „Нека се појават светила на сводот небески, што ќе ја осветлуваат земјата за да го делат денот од ноќта, и да бидат знаци и за времињата и за деновите и за годините; и нека светат на сводот небески за да ја осветлуваат земјата!" И би така. И создаде Бог две големи светила: светило поголемо да управува со денот и светило помало да управува со ноќта, и ѕвезди; и ги постави Бог на

Потоа, на вечерната, откако ќе го чуеме најавувањето на постот преку великиот прокимен: „Не одвраќај го лицето Твое од чедото Твое; бидејќи страдам, бргу услиши ме; пази ја душата моја и избави ја“, влегувајќи во великопосното богослужение, кое со своите посебности и молитвата на светиот Ефрем Сирин, при што преку матанија – бараме прошка еден од друг, го извршуваме обредот на простување и помирување. Приближувајќи се еден кон друг со зборови на помирување, хорот ги пее пасхалните песни, исполнувајќи ја црквата со очекување на пасхалната радост.
Во сирната сабота се совршува споменот на светите мажи и жени, кои засветлиле во подвигот на постот. Со примерот на светите подвижници, Црквата нè засилува за духовен подвиг: „угледувајќи се на незлобивото живеење, да твориме многувидни и различни добродетелни дела, секој според своите сили“,
























