ОБРЕЗАНИЕ ПО ТЕЛО НА ГОСПОД НАШ ИСУС ХРИСТОС
Ти, Кој седиш на огнозрачен престол на висините, со Твојот беспочетен Отец и со Божествениот Дух, си благоволил да се родиш на земјата од неискусомажна девојка – Твојата Мајка, Исусе! Поради тоа си бил и обрезан како човек осмодневен. Слава на Твојот себлаг совет; слава на Твоето снисходење, единствен Човекољупче!


Има две главни причини зошто Црквата има толкаво почитување за Пресвета Богородица и секогаш Дева Марија. Прво – поради тоа што се покажала како најсвето човечко битие во историјата на човештвото до Христа и како таква се удостоила да Го прими Бога во својата пречиста утроба. Преку неа Бог неодвоиво и неразделно се сврзал со човекот и го остварил нашето спасение. Поминале толку човечки генерации, се родиле и живееле толку многу луѓе, но Бог чекал
А ние сите сме болни од душевните болести – гревовите. Едно треба да знаеме и да не заборавиме: во каква и да сме ситуација да не очајуваме. Очајанието кое води кон самоубиство, е смрт за душата. И во најтешките гревови, човек може да се покае и да добие проштевање. И најголемите очајни разбојници и душеубијци, не само што со искрено покајание добиле простување, туку и достигнале светост: Мојсеј Мурин, Варвар Разбојник (6 мај), Даниел и др. Преку нив Господ ни дава пример за да не очајуваме, како Јуда, но да му принесеме покајание и преку покајанието да се спасиме...
Слепченскиот манастир отсекогаш бил чувар на словенската писменост, и во тоа древно светилиште на најдејствителен начин продолжила Кирилометодиевата духовна дејност за просветување на словенскиот род. За ова сведочат безбројните зачувани ракописи, почнувајќи од 11 век, кои се пишувани од различни генерации на монаси, а верификувани со непроценлива вредност, како по содржина, така и по изведба, калиграфија, корици, орнаментика, украсни иницијали, а денес ги красат странските библиотеки и музеи, пред се во Русија, Бугарија, Украина, Србија, Хрватска, Света Гора.
Првосоздадените не ја запазиле Божја заповед и отпаднале. Нивниот пад ги довел во незавидна положба. Побрзале веднаш да се сокријат себеси и својот престап од Бога. И кога Бог го изнел на светлина она што тие се беа обиделе да го сокријат, тогаш се лизнале во поголем престап.
Светот е полн со луѓе кои се плашат да го направат првиот чекор, да донесат одлука, да дејствуваат без да анализираат премногу. Потребно е да го здобиеме тој мажествен дух и да не се плашиме премногу од животните предизвици.
Воодушевеното примање на болката е можно кога човекот се наоѓа во благодатна состојба со изобилна љубов. Карактеристичен претставник на тој случај е Свети Игнатиј Богоносец, кој што се радувал на претстојното мачеништво, горејќи од копнеж да Го сретне Христа. Во синаксарите обично се одбележува споменот на маченици кои барале од мачителите да го засилат мачењето, за на тој начин подлабоко да ја изразат својата љубов кон Христа.
·Во сите служби, освен Литургијата, ние зборуваме со Господ како по телефон, а во Божествената Литургија, зборуваме со Господа лице во лице, непосредствено Му ги кажуваме своите потреби, лично Му благодариме и Му се молиме. Затоа, молитвата на Божествената Литургија е најдествена, отколку на било која друга служба“.
Кога некој тагува и му кажувате дека ништо не се случило, воопшто не му помагате. Ништо не ти се случило тебе, но другиот беше повреден во битките додека ти гледаше од страна. Одете кај него, замолчете молитвено и кажете му: „Да, ти се чувствуваш лошо, те разбирам, го чувствувам тоа и сочувствувам со тебе. Дали сакаш да бидам прегратка за тебе сè додека не помине бурата на твојата тага? Стани пристаниште, стани станица, стани таткото на блудниот син, добриот Самарјанин,
„Познавам илјада души во светот, подобро речено ширум целиот свет, кои се присилуваат на молитва и во тоа постигнуваат восхитувачки резултати. Молитвата ги крепи во нивната духовна борба, ги просветлува однатре и тие се исповедаат отворено и искрено. Мачени од помислите и искушенијата коишто демоните ги поттикнуваат кон оние што ја кажуваат молитвата, тие копнежливо притекнуваат кон пренепорочните Таинства. П
Колку е големо нашето нечестие! Бидејќи ние, не заради тоа што сме ја заборавиле Исповедта како чудотворно лекарство и не прибегнуваме кон неа, туку и тогаш кога ја знаеме не ја практикуваме! Што може да биде понеразумно од ова?
Неспорно, силата на човекот, пред сè, силата за расудување, е огромна. Таа никогаш не се појавила толку силно како во оваа епоха. Благодарение на развиената технологија подготвени сме да протолкуваме и да разбереме речиси сè. Во состојба сме да го постигнеме недостижното. Со тоа се раѓа чувството за вообразена самодоволност, егоистичен антропоцентризам и кратковидност, како и антифилософски материјализам. Го ограничува човекот до моменталното и актуелното, а вредноста на неговиот дух ја сведува до можноста за појаснување и закрепнување на материјалниот, сетилниот и визуелниот свет.
Со други зборови, кога умот е постојано зафатен со молитвата и човекот целиот свој живот го насочил кон тоа дејствување, тогаш внатрешните чувства почнуваат да се орасположуваат за молитва и се нурнуваат во неа, соучествуваат во молитвеното дејствување на умот и бивајќи восхитени од името Божјо, не го одвлекуваат повеќе умот од молењето. А срцето притоа почнува сочувствително да се одѕива, содоживувајќи со умот.
Во едно затскриено, убаво балканско селце пристигнал на летна почивка чуден туѓинец. Тој бил многу богат човек. Патувал сам, бил многу уморен и сакал што поскоро да најде место каде што ќе престојува за да си отпочине. Имал намера да ги усреќи оние кои ќе му дадат тивко и пријатно засолниште. Бидејќи неговото богатство било непроценливо, тој на гостољубивите домаќини сакал да им даде таков подарок, каков што тие дури и не сонувале.
Целото небо било исполнето со ангели и светители. Сите стоеле со приклонети глави завртени кон Господа. Рацете пак ги држеле прекрстени на градите.























