Литургија на претходноосветени дарови (2)
По читањето на второто Старозаветно четиво, од центарот на црквата се воздигнува една трогателна и возвишена песна: „Нека се исправи мојата молитва како темјан пред Тебе, а воздигањето на моите раце како жртва вечерна“ . Овие зборови се земени од 140 псалм. За време на ова псалмопение, се кадат Престолот и Жртвеникот во олтар. Овие стихови, заедно со останатите стихови од истиот псалм се повторуваат шест пати.


За осветување на водата сведочат древните автори уште од првите векови на христијанството, како „Апостолските установи“, „Евхологион“ на свети Серапион Тмуитски, како и отците Теодорит, блажениот Јероним, Епифаниј и други. Сите говорат за осветување на водата, со повикување на Светиот Дух, и со потопување на крстот во водата и крстообразно благословување од страна на свештеникот – елементи кои се задржале до денес.
„ Искушенијата ни се секогаш од полза, но само ако сме трпеливи.
Господи Исусе Христе, Учителу на милоста,
На Проскомидијата, која вообичаено се врши за време на читањето на третиот и шестиот час,се потсетуваме на Раѓањето на Спасителот.Во исто време се потсетуваме и на старозаветните пророштва за Неговите страданија и смрт. На проскомидијата се подготвуваат Светите Дарови-лебот(Агнецот) и виното,кои се потребни за извршување на Евхаристијата и се спомнуваат живите и упокоени членови на Црквата.Душите на упокоените чувствуваат голема радост кога ги спомнуваат на Божествената Литургија.
Умот поминува низ три фази на развој: очистување,просветлување и преобразување. Знаејќи го ова,сватлив е повикот да го држиме отворен.
Литургијата на претходноосветени дарови може да биде означена, без претерување, како срце и центар на богослужението во Великиот пост. Во некои древни богослужбени ракописи таа се нарекува „Литургија на Големата четириесетница“. Всушност, оваа богослужба најдобро го опишува ова свештено време во годината.
Мудроста на овој свет не може да го спаси светот. Собранијата, владите, многусложените организации на најразвиените современи држави на земјата се немоќни. Човештвото страда бескрајно. Единствен излез е да ја најдеме мудроста внатре во нас, решението да не живееме согласно со идеите на овој свет, туку да Го следиме Христа.
Антителата во организмот на испитуваните покажаа дека 80% од светското население е болно како резултат на вирусна инфекција на коронавирусот и дека сегашната форма не е најопасна, веќе е познато - САРС (кој предизвикува пневмонија) е исто така предизвикан од коронавирусот и е многу поопасна. Но, јас не сум доктор, јас сум свештеник и не треба да пишувам за болест, туку за Великиот Пост, за периодот кога се оди во храмот со цел да се причестиме со Светите Христови Тајни.
Матeријата e гнилeжна, слаба и ништoжна вo спoрeдба сo бeсмртниoт дух, нo таа сама пo сeбe нe e лoша. Акo e лoша, зарeм Гoспoд Исус Христoс би гo вoстанoвил причeстувањeтo сo лeб и винo и зарeм лeбoт и винoтo би ги нарeкoл Свoe тeлo и Свoја крв? Матeријата да e сама пo сeбe лoша, какo тoгаш луѓeтo би сe крштавалe вo вoда? Какo апoстoлoт Јакoв би запoвeдал бoлнитe да сe пoмажуваат сo маслo?
„Духовниот живот е упорен труд кој трае целиот живот. Во таа борба се случуваат и порази и победи. Меѓутоа, сѐ ќе надминеме со Исусовото име. Тешко на човекот кој, според предлозите од ѓаволот, на себе гледа како на среќен и задоволен. Добро е што вие ја гледате својата слабост – отсуството на љубов. Потрудете се околу тоа и не нарекувајте ги својот труд и напорите лицемерни. Не, тоа не е лицемерие, туку искрена желба да се има она што го нема а е крајно неопходно.
Умот честопати со години се заморува за да научи еден или два странски јазици. Во нашево време многумина знаат странски јазици, но овие јазици немаат никаква врска со јазиците од Светата Педесетница, зашто живееме во великиот Вавилон. Големо зло е кога со богословие се занимаваме само со помошта на нашиот разум, и кога
Слабата вера во Господа Кој кажа и вети, дека нема да ни биде дадено искушение или тегоба поголема од онаа која можеме да ја понесеме, е причина да изјавиме дека сме се соблазниле. Всушност, допрени се некои наши страсти, или слабости со коишто ние неможеме да се справиме и затоа помислуваме или изјавуваме дека многу тешко ни паѓа кога за некои работи ќе слушнеме или други видиме, а за кои не сме се надевале или не сакаме да помислиме дека се случуваат во нашата околина или од ближниот.























