Архимандрит Герасим Иску
Отец Герасим се упокоил во Господ на 26 декември 1951 година. Чувствувајќи дека му се ближи крајот, отишол до креветот на својот мачител, кој, исто така, умирал во истата соба, и искрено му рекол: „Од сѐ срце ти простувам. И бидејќи јас ти простувам, несомнено Христос, Кој е бесконечно помилостив од мене, исто така, ќе ти прости. И за тебе има место во рајот!“


Кога без наша согласност ќе нѐ нападне некоја нечиста помисла, која не ја сакаме и кога ненадејно, како разбојник, ќе навлезе во нас, таа ќе успее насилно да завладее со нашиот ум. Но, сепак треба да знаеш дека и таа помисла произлегла од самите нас, затоа што по крштевањето сме се предавале на таа помисла, иако не сме ја извршувале на дело; или, пак, по наша слободна волја, сме задржале во себе си некои семиња на злото,
Светиот апостол Јован ни кажува: „Совршената љубов го отфрла стравот“. Онаму каде постои страв, нема љубов, туку мизерија и негодување, лаги и лицемерие, права и сметки за тоа колку дадовме и колку сме зеле. И таму каде што има љубов, нема страв, туку прегратка на прифаќање и прошка без сметки; постои взаемна љубов и меѓусебно разбирање.
Има многу луѓе кои се „удавени“ од неправдите и здробени од искушенијата на животот. Тие одат кај својот свештеник во потрага по одговори. Тие, исто така, се обидуваат да ги испросат неговите молитви за да го запрат тоа „неправедно зло“ што ги мачи.
Преживување- тоа е прилагодување, а прилагодување- тоа е равенка, затоа пред христијанинот секогаш има избор: или прилагодување на лагите или прилагодување на свирепостите на овој свет, односно, да се игра човек, а да не се биде тоа, или да се влезе во борба со светот, да се стане против овој железен валјак, кој руши се на својот пат.
Создателу на сѐ и Владико Христе Боже, на половината од Празникот кој беше пропишан со законот, Ти им говореше на оние што Те слушаа: Пријдете, и нацрпете од водата на бесмртноста! Затоа и ние Ти се поклонуваме и верно Ти викаме: Дарувај ни ги Твоите добрини, зашто Ти си Изворот на нашиот живот.
Во средината на четвртата недела, свечено се одбележува денот што паѓа на половината на периодот од Велигден до Педесетницата. Во тој ден Христос дојде да ги поучи луѓето на Својата спасителна мисија и на сите да им ја понуди водата на вечниот живот. Господ уште еднаш не потсетува на своето присуство и на даденото ветување: Кој е жеден нека дојде кај Мене и нека пие (Јн. 7, 37).
Знам дека вашето срце е вознемирено затоа што сте паднале во искушение, но поднесувајќи го храбро, ќе најдете радост. Затоа што ако вас ве нападне искушение, отворено или во тајност, не можете да појдете напред (во својот духовен напредок) преку мерата (која сте ја достигнале). Освен тоа, сите светители кога го молеле (Бога) нивната вера да се зголеми, 
Еве еден знак:
А потем сите го виделе Господа, како се вознесува на небо... А на Арсениј Му се обратил со зборовите:" Арсeниј! Јас тебе нема да те заборавам!" Такво јавление се случило.
Во нас има два живота: телесен и духовен. Духот наш како да е погребен во телото. Кога ќе почне да воскреснува, оживeан со благодатта Божја, тој излегува од скриеноста под телото и дел по дел се појавува во својата духовна чистота. Кога целиот ќе излезе од оваа заробеност како од гроб, излегува во обновен живот и станува жив и делателен сам по себе.
Радувај се, Живоносен Извору, кој вечно испушташ благодат, од кого се излеваат исцеленија, и кој ја уништуваш силата на секоја зла болест! Прогледување на слепите, божествено очистување на лепрозните! Од тебе тече секое лекарство за болестите, за сите оние што приоѓаат кон твојот храм со вера; голема и општа лекарко, бесплатна и навистина брза, Мајко на Словото Христа, Кој на светот му точи милост голема.
Печатот кој одозгора го ставаме на просфората ја исповеда победата Христова: Исус Христос - Победува (ИС ХС - НИ КА). Химната која ја пееме, принесувајќи ја просфората, ја прославува победата Христова. Тоа е Победничка Песна. Песна на триумфот и длабока благодарност кон Господ на Силите, кој е “непропадливост која ја победува смртта”.
Тогаш, зарем нема тврда ограда за вистината на Воскресението? Има! Таа ќе се пројави во процесот на чистење на душата и телото од изопачености, и воспоставување на почеток на новиот живот преку силата на Воскресението, добиена уште во светото Крштение. Таквиот човек ќе чекори во светлоста на Воскресението. За него, секој што говори против Воскресението ќе делува безумно, како што за оној што дење оди, безумно делува човекот што тврди дека е ноќ.























