ВЕЛИК ВТОРНИК


Во светиот и Велики Вторник правиме спомен на параболата за десетте девојки. Зошто Господ, искачувајќи се во Ерусалим за да пострада во него, им кажува на своите ученици вакви параболи? Затоа што овие параболи, вели Он, се однесуваат и на Евреите. Всушнос, Он ја раскажува параболата за десетте девојки за да обрне внимание на милосрдието, а истовремено ги поучува сите да бидат

Ако Христовото Воскресение не стане и наше Воскресение, тогаш попусто го празнуваме Велигден. Но, за ова да се случи, ние прво треба да се крстиме со Неговото Крштевање, односно да умреме со Неговата смрт. А кое време е попогодно за ова од самата Страсна седмица?
Во Страсниот понеделник Црквата ни ја дава за размислување темата за бесплодната смоква, осудена од Христа. Вторник е посветен на темата за Мудрите девојки кои, за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање. Во среда нашето внимание е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда,
Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме. Затоа пази, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе.
Во овој свет и Велик Понеделник правиме спомен на блажениот и прекрасен Јосиф, и на исушената смоква. Бидејќи одовде добиваат почеток светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, за прв негов образ (слика) се зема Јосиф. Тој беше последниот син на патријархот Јаков, роден од Рахила, кому браќата му позавидеа.

Со Велигден ни доаѓа вистинската Светлина што го просветлува сиот свет и секој еден човек во него. Воскресението Христово менува сѐ. Деновите по Велигден ја сочинуваат Светлата седмица, која навистина е светла. Всушност, до Томина недела, Литургијата не престанува. Да се погрижиме и да испланираме и следната седмица да појдеме в Црква.
И Оној што за престол го има небото, седнат на осле, влегува во Ерусалим. Децата, пак, еврејски, пред Него ги постилаа своите облеки и палмови гранки, а некои носеа и во рацете и Го поздравуваа, викајќи: Осана на Синот
Сожалувајќи се на солзите на Марта и Марија, си заповедал да го тргнат каменот од гробот, Христе Боже; со Твојот повик го воскресна мртовецот, Ти Кој на светот му даваш живот, утврдувајќи ја со Себе верата во воскресението. Слава на Твојата сила, Спасителе; слава на власта Твоја, слава Ти Тебе, Кој со Својот збор си создал сѐ.
„Лазар, пријателот наш, заспал;
целото човештво заспало
но ќе отидам да го разбудам“
„Денес во ликот на Лазара, Црквата благовести за Воскресението. Првиот Адам, оддалечен со гревот од лицето Божјо, пребиваше во сенката на смртта. Новиот Адам, Синот Човечки, покажува дека човекот во присуството Божјо, може да претрпи сѐ – и страдање, и смрт. Не може смртта да е посилна кога сме со Оној Кој ја победи смртта.

Бидејќи веќе наближуваше спасителното страдање, требаше да се даде посигурно уверување во тајната на воскресението. Исус престојуваше од другата страна на Јордан, каде што најнапред ги воскресна Јаировата ќерка и синот на вдовицата. Погоден од тешка болест, умре и Неговиот пријател Лазар. Исус беше далеку, но им рече на

Голема бариера во црквата сме и ние, самите свештенослужители, кога немаме срдечност, кога повеќе покажуваме двоен и лажен морал, отколку духовен живот. Кога во црквата се создава осудувачки дух, кога верниците помеѓу себе се оговараат, се осудуваат, кога свештеникот ги суди оние кои доаѓаат со многу гревови, кога во црквата владее
Девојче од околу 12 години од сиропиталиште за деца со интелектуални потешкотии дојде кај мене на исповед.
Не можеше да состави две зборови, се вртеше како чигра, нејзиниот необичен поглед, постојаните гримаси и целиот нејзин изглед сведочеа за недостаток.

Но, самиот овој факт единствено говори дека тука нешто не е во ред, дека не се разбира смислата на Литургијата, а со тоа и на самата Црква. Литургијата е онаа свадбена гозба, која Отецот ја приготвил за Својот Син, но поканетите откажувале да дојдат (сп. Лк 14,15-24).