логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Blagovestenie4.jpg

Св. 42 мч-ци Аморејски; преп. Аркадиј Кипарски (Акатист)


 Blagovestenie4.jpg

Светите Четириесет и двајца маченици од Амореја

Сите беа војводи на византискиот цар Теофил. Кога царот Теофил ја изгуби битката со Сарацените околу градот Амореја, Сарацените го зазедоа градот, заробија многумина христијани, меѓу кои и овие војводи. Останатите христијани или ги убија или ги продадоа во ропство, а војводите ги фрлија во затвор, каде прележаа седум години. Повеќепати доаѓаа муслиманските првенци и ги советуваа да ја примат мухамеданската вера, но војводите не сакаа ни да чујат. Кога Сарацените им велеа дека Мухамед е вистински пророк а не Христос, војводите ги запрашаа: „Ако двајца се препираат за една нива, па едниот рече моја е, а другиот не, туку моја е, а притоа едниот од нив има многубројни сведоци, другиот пак нема ниту еден освен себеси, што би рекле вие, чија е онаа нива?“ Сарацените одговорија: „Навистина, на оној којшто има многубројни сведоци“. „Право пресудивте“, им одговорија војводите. „Така е и со Христос и Мухамед. Христос има многубројни сведоци - старите Пророци, коишто и вие ги признавате, а тие сите од Мојсеј до Јован Предвесник сведочат за Него, а Мухамед самиот за себе сведочи дека е пророк и нема ниту еден сведок“. Сарацените се засрамија, но повторно се обидоа да ја бранат својата вера на овој начин: „Дека нашата вера е подобра од христијанската се гледа по тоа што Бог нам ни даде победа над вас и ни ги даде најдобрите земји во светот и царство многу поголемо до христијанското“. На тоа војводите одговорија: „Кога би било така тогаш и египетското и вавилонското и елинското и римското идолопоклонство би биле вистинити вери, зашто во различни времиња секој од овие народи ги победуваше останатите и владееше над нив. Очигледно е дека вашата победа и силата и богатството не ја докажуваат вистинитоста на вашата вера. А ние знаеме дека Бог некогаш им дава победа на христијаните, а некогаш допушта над нив маки и страдања за да ги исправи и приведе кон покајание и очистување од гревовите“. После седум години, во 845 година, војводите завршија со смрт под меч. Нивните тела ги фрлија во реката Еуфрат, но испливаа на другиот брег, каде што христијаните ги зедоа и чесно ги погребаа.

Блажениот Јов

Роден е во Москва во 1635 година. Кон Црквата го привлекоа црковното пеење и богослужбите. Му стана духовник на царот Петар Велики, но заради некоја клевета се оддалечи во Соловецкиот манастир, каде што тврдо се подвизуваше. Се упокои во Господ во 1720 година во својата осумдесет и петта година. Пред смртта возвикна: „Благословен е Бог на нашите Отци! А кога е така не се плашам и со радост заминувам од овој свет.“

Светите маченици Конон таткото и Конон синот

Таткото беше веќе старец, а синот момче на седумнаесет години. Во времето на Дометијан за верата во Христа нив ги истругаа со бичкија и тогаш се прославија среде земната и небесната Црква. Чесно пострадаа во 275 година.

 

Евангелие и поука за 19/03/2021
 
Паримија на денот: Книга пророк Исаија 3:1-14

1.     Ете, Господ, Господ Саваот ќе го одземе од Ерусалим и од Јуда жезалот и помошта, секоја поткрепа во леб и вода,
2.     храбар водач и војник, судија и пророк, јасновидец и старец,
3.     петдесетник и големец, советник, мудар уметник и вешт гатач.
4.     Ќе им дадам момчиња за началници, и деца ќе владеат над нив.
5.     А во народот еден ќе угнетува друг, и секој својот ближен; момче бесрамно ќе се прави голем пред старец и простак – пред големец.
6.     Тогаш човек ќе се фати за братот свој, во челадта на татка си свој и ќе рече: „Ти имаш облека, биди ми водач, и овие урнатини нека бидат под твоја рака.”
7.     А тој со клетва ќе рече: „Не можам да ги излекувам раните на народот; и во мојата куќа нема ни леб, ни облека: не правете ме водач на народот.”
8.     Така пропаднал Ерусалим, и падна Јуда, зашто јазикот нивни и делата нивни се против Господа, навредливи пред очите на Неговата слава.
9.     Изразот на лицето нивно сведочи против нив, а за гревот свој тие кажуваат отворено, како содомците, не кријат: тешко на душата нивна! Сами на себеси навлекуваат зло.
10.     Кажете му на праведникот: „Блазе му, зашто тој ќе ги јаде плодовите на делата свои;
11.     а на беззаконикот – тешко нему, оти ќе има отплата за делата на рацете свои.
12.     Притеснители на Мојот народ се децата, и жени владеат над него. Народе Мој, твоите водачи те доведуваат до заблуда и го растуриле патот, по кој одиш.”
13.     Се крена Господ на суд – и стои, за да им суди на народите.
14.     Господ влегува во суд со старешините на Својот народ и со неговите кнезови: вие го опустошивте лозјето; ограбеното од сиромасите е во вашите куќи.

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 2:20-25;3:1-20

20.     И им даде човекот имиња на сиот добиток, и на птиците небески, и на сите ѕверови полски; но за човекот не се најде помошник, сличен на него.
21.     Затоа Господ му прати на човекот тврд сон; па кога заспа, му зеде едно ребро, и местото го пополни со плот.
22.     И Господ Бог создаде жена од реброто, што го зеде од човекот, и ја доведе кај човекот.
23.     А човекот рече: „Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ? биде името жена, зашто е земена од мажот!”
24.     Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело.
25.     И беа обајцата голи, Адам и жена му, и не им беше срам.
1.     Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, што ги создаде Господ Бог; па ? рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?”
2.     А жената ? рече на змијата: „Ние јадеме род од секое дрво во рајот;
3.     – само од родот на она дрво среде рајот, – рече Бог, – не јадете и не се допирајте до него, за да не умрете!”
4.     Тогаш змијата ? рече на жената: „Не, вие нема да умрете!
5.     Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.”
6.     И жената, гледајќи дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав за гледање, и дека дрвото е пожелно поради знаењето, набра род од него и јаде, па му даде и на мажот свој, та и тој вкуси.
7.     Тогаш им се отворија очите на обајцата, и увидоа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала.
8.     И го чуја гласот на Господа Бога, кога Он одеше низ рајот во приквечерината; и се сокрија Адам и жена му.
9.     Но Господ Бог го повика Адама и му реча: „Адаме, каде си”?
10.     А тој одговори: „Го чув гласот Твој во рајот кога врвеше, па се уплашив, оти сум гол, и се сокрив.”
11.     И Господ рече: „Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од она дрво, од кое ти забранив да јадеш?”
12.     Адам, пак, рече: „Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев.”
13.     Тогаш Господ Бог ? рече на жената: „Зошто го направи тоа?” Жената одговори: „Змијата ме измами, и јас јадев.”
14.     На змијата, пак, ? рече Господ Бог: „Затоа што си го направила тоа, проклета да си меѓу сите животни и сите ѕверови полски; помешечки ќе се влечеш и прав ќе јадеш сe до крајот на својот живот!
15.     И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Он ќе ти ја гази главата, а ти ќе го каснуваш во петата.”
16.     А на жената ? рече: „Ќе ти ги умножам и преумножам маките кога си бремена; со болки ќе раѓаш деца, и ќе бидеш под власта на мажот свој, и тој ќе ти биде господар!”
17.     Па потоа му рече на Адама: „Бидејќи ја послуша жената и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: – не јади од него – затоа земјата нека биде проклета поради тебе; со мака ќе се храниш од неа сe до крајот на својот живот;
18.     трње и троскот ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска.
19.     Со пот од лицето свое ќе јадеш леб, сe дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!”
20.     И ја нарече Адам жената своја Ева, бидејќи таа стана мајка на сите живи.

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 3:19-34

19.     Господ со премудроста ја основа земјата, со разум ги утврди небесата;
20.     преку Неговата премудрост се отворија бездните, и облаците оросија со роса.
21.     Синко, не ги испуштај од предвид овие, работи; запази ја мудроста и разумот;
22.     тие ќе бидат живот за душата твоја и украс на вратот твој; ќе бидат изцеление за твоето тело и лек за твоите коски.
23.     Тогаш ќе одиш без опасност по патот свој, и ногата твоја нема да се сопне.
24.     Коге ќе легнеш да спиеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, сонот ќе ти биде пријатен.
25.     Нема да се исплашиш од ненадеен страв, ниту од напад, кој доаѓа од безбожниците,
26.     бидејќи Господ ќе биде на сите твои патишта и ќе ја запази ногата твоја од препнување.
27.     Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне.
28.     Не му вели на пријателот свој: „Оди си и дојди пак; утре ќе ти дадам” кога си во состојба да му помогнеш, зашто не знаеш што ќе роди утрешниот ден.
29.     Не крои зло против ближниот свој, кој е придојден и кој со доверба живее при тебе.
30.     Не се карај со човек без причина, кога не ти направил никакво зло.
31.     не завидувај му на човек што постапува насилно, и не избирај ни – еден од патиштата негови,
32.     зашто на Господа му е одвратен безбожникот, а близок е со праведникот.
33.     Проклетството Господово е врз домот на нечесниот, а живеалиштето на праведникот Бог го благословува.
34.     Над оние што се подигруваат, Он се потсмева, а на смирените им дава благодат.

Поука на денот: Старец Јосиф Спилеот
Послушанието во себе содржи сe. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е с? да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово. Потоа, пак, умот ќе ја спушти во срцето, а тоа што понатаму се случува е напор и дело на трезвеноумието: тоа значи дека умот со присилба се задржува таму чист и без облик, внимавајќи единствено на кружното движење на молитвата внатре во срцето преку вдишувањето и издишувањето. Бидејќи умот не успева да вообличи ниту една помисла на расеаност, со текот на времето се очистува со благодатта на молитвата. Повеќе не наоѓа задоволство во злите сеќавања и не сака да остане потполно беспослен. Напротив, целиот е разгорен од сеќавањето на Божественото Име и од љубовта кон Спасителот Христос.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Чистата молитва не им се дава на оние што многу изучуваат. Во оваа смисла, патот на теолошката наука не е воопшто ефикасен и ретко води кон чистата и усрдна молитва!

 

 

Старец Ефрем Филотејски

Ние не можеме ништо друго освен да се присилиме себеси, освен постојано да се присилуваме. Над сè, би требало да се трудиме во молитвата и непрестајно да изговараме: “Господи Исусе Христе, помилуј ме!“ Треба да ја кажуваме молитвата веднаш откога ќе се разбудиме изутрина. Потоа треба своите работи да ги вршиме со името Исусово на усните. Ако вака ја кажуваме молитвата, ќе ги одбегнеме празнословието, многузборливоста, осудувањето, гневот и роптањето и притоа секој од нас ќе тихува внатре во себе.


Holy Forty-Two Martyrs from Ammoria


They were all commanders of the Byzantine Emperor Theophilus. When the Emperor Theophilus lost the battle against the Saracens at the city of Ammoria, the Saracens captured the city, enslaved many Christians and among them these commanders. The remaining Christians were either killed or sold into slavery. The commanders were thrown into prison where they remained for seven years. Many times the Muslim leaders came to them. They counseled and advised the commanders to embrace the Islamic Faith, but the commanders did not want to hear about it. When the Saracens spoke to the commanders, saying, "Mohammed is the true prophet and not Christ," the commanders asked them, "If there were two men debating about a field and the one said, `This field is mine,' and the other, `It is not, it is mine,' and near by, one of them had many witnesses saying it is his field and the other had no witnesses, but only himself, what would you say, `Whose field is it?'" The Saracens answered, "Indeed, to him who had many witnesses!" "You have judged correctly," the commanders answered. That is the way with Christ and Mohammed. Christ has many witnesses: the Prophets of old, from Moses to John the Forerunner, whom you also recognize and who witness to and about Him (Christ], but Mohammed witnesses only to himself that he is a prophet and does not have even one witness. The Saracens were ashamed and again they tried to defend their faith in this manner: "Our faith is better than the Christian Faith as proved by this: God gave us the victory over you and gave us the best land in the world and a kingdom much greater than Christianity." To that the commanders replied, "If it were so, then the idolatry of the Egyptians, Babylonians, Hellenes, Romans, and the fire-worship of the Persians would be the true faith for, at one time, all of these people conquered the others and ruled over them. It is evident that your victory, power and wealth do not prove the truth of your faith. We know that God, at times, gives victory to Christians and, at other times, allows torture and suffering so as to correct them and to bring them to repentance and purification of their sins." After seven years, they were beheaded in the year 845 A.D. Their bodies were then thrown into the Euphrates river, but they floated to the other side of the shore where they were gathered and honorably buried by Christians.


Blessed Job


Job was born in Moscow in the year 1635 A.D. Church singing and liturgical services drew him to the Church. He became the spiritual father to Emperor Peter the Great but, because of intrigue, he withdrew into the Slovecki Monastery, where he underwent a difficult life of asceticism. In the year 1720 A.D., in his eighty fifth year, he died in the Lord. Before his death he cried out, "Blessed is the God of our Fathers and as He is thus, I am not afraid but, with joy, I leave this world."


Holy Martyrs Conon the Father and Conon the Son


When the father was already an old man, the son was a youngster of seventeen years. During the reign of Domentian, they were sawed in half for their faith in Christ and were glorified and honored in the Church on earth and in heaven. They honorably suffered in the year 275 A.D.

Saint Maximus the Confessor

The Savior says: Blessed are the pure in heart for they shall see God (Matt. 5:8), because God is hidden in the hearts of them who believe in Him. They shall see God and the treasuries hidden within Him when they have purified themselves through love and restraint, and shall see Him so much clearer as much as they have been purified.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Св. 42 мч-ци Аморејски; преп. Аркадиј Кипарски

6 МАРТ

1. Св. 42 мачeници oд Амoрeја. Oвиe билe вoјвoди на византискиoт цар Тeoфил. Кoга
царoт Тeoфил ја изгубил битката прoтив Сарацeнитe oкoлу градoт Амoрeја, Сарацeнитe гo
зазeлe градoт, убилe мнoзина христијани, мeѓу кoи и oвиe вoјвoди. Oстанатитe христијани, или
ги испoтeпалe, или ги прoдалe вo рoпствo, а вoјвoдитe ги фрлилe вo самица, кадe штo самувалe
сeдум гoдини. Пoвeќe пати дoаѓалe муслиманскитe главатари, да ги сoвeтуваат да ја примат
вeрата на Мухамeд, нo вoјвoдитe нe сакалe ни да чујат за тoа. Кoга Сарацeнитe им гoвoрeлe на
вoјвoдитe дeка Мухамeд e вистинскиoт прoрoк а нe Христoс, вoјвoдитe ги запрашалe: “Акo
двајца луѓe би сe прeпиралe за eдна нива, па eдниoт да рeкoл: “Мoја e нивата”, а другиoт: “Нe e,
туку e мoја”, при тoа eдeн oд нив имал мнoгу свeдoци дeка нивата e нeгoва, а другиoт нeмал
ниту eдeн свeдoк oсвeн самиoт сeбe, штo би рeклe виe: чија e нивата?” Сарацeнитe oдгoвoрилe:
“Навистина на oнoј штo има мнoгу свeдoци!” “Правo прeсудивтe”, им oдгoвoрилe вoјвoдитe.
“Така e сo Христа и сo Мухамeда. Христoс има мнoгумина свeдoци, старитe прoрoци, кoи и виe
ги признаватe, кoи ситe oд Мoјсeја дo св. Јoван Прeтeчата свeдoчат за Нeгo, а Мухамeд самиoт
за сeбe свeдoчи дeка e прoрoк и нeма ниeдeн свeдoк”. Сe пoсрамилe Сарацeнитe, нo тoгаш пак
сe oбидeлe да ја бранат свoјата вeра вака: “Дeка нашата вeра e пoдoбра oд христијанската сe
глeда пo тoа штo Бoг нам ни ја дадe пoбeдата над вас и ни ги дадe најдoбритe зeмји вo свeтoт, и
царствo мнoгу пoгoлeмo oд христијанскoтo”. На тoа вoјвoдитe oдгoвoрилe: “Акo би билo така,
тoгаш и идoлoпoклoнствoтo eгипeтскo, и вавилoнскo, и eлинскo, и римскo, какo и
oгнoпoклoнствoтo пeрсискo, би билe вистинити вeри, oти вo eднo врeмe сeкoј oд oвиe нарoди
ги пoбeдувалe oстанатитe и владeeлe над нив. Oчиглeднo e дeка вашата пoбeда и сила и
бoгатствo нe ја дoкажуваат вистинитoста на вашата вeра. А ниe знаeмe дeка Бoг нeкoгаш
пoбeдата им ја дава на христијанитe, а нeкoгаш дoпушта маки и страдањe да ги исправи и
привeдe кoн пoкајаниe и oчистувањe oд грeвoвитe”. Пo сeдум гoдини билe исeчeни, вo 845
гoдина. Тeлата им билe фрлeни вo раката Eуфрат, нo испливалe на другиoт брeг кадe штo
христијанитe ги сoбралe и чeснo ги пoгрeбалe.

2. Блажeниoт Јoв. Рoдeн вo Мoсква вo 1635 гoд. Пeeњeтo и службата цркoвна гo
привлeклe кoн Црквата. Му станал духoвник на царoт Пeтар Вeлики, нo пoради нeкoја клeвeта
сe oддалeчил вo Сoлoвeцкиoт манастир кадe штo тврдo сe пoдвижувал. Сe упoкoил вo Гoспoда
вo 1720 гoдина, вo 85. свoја гoдина. Прeд смртта извика: “Благoслoвeн e Бoг на нашитe oтци! Па
кoга e така нe сe бoјам, нo сo радoст заминувам oд свeтoт”.

3. Св. мчци Кoнoн таткoтo и Кoнoн синoт. Таткoтo бил вeќe старeц, а синoт мoмчe oд
17 гoдини. Вo врeмeтo на Дoмeтијан билe сo пила заклани пoради вeрата Христoва и сe
прoславилe вo Црквата на зeмјата и на нeбoтo. Чeснo пoстрадалe вo 275 гoдина.

РАСУДУВАЊE
Дoдeка си на Зeмјата, смeтај сe сeбeси за гoстин кај Дoмаќинoт Христoс. Акo си на
масата, тoа Oн тe пoчeстува. Акo дишeш вoздух, Нeгoвиoт вoздух гo дишeш. Акo сe капeш, вo
Нeгoва вoда сe капeш. Акo патуваш, пo Нeгoва зeмја патуваш. Акo сoбираш имoт, нeгoвиoт гo
сoбираш; акo расфрлаш, нeгoвиoт гo расфрлаш. Акo си мoќeн, спoрeд Нeгoвo дoпуштањe си
мoќeн. Акo си вo друштвo на луѓe, ти си вo друштвo на oстанатитe Нeгoви гoсти. Акo си вo
прирoда, вo Нeгoвата градина си. Акo си вo самoтија, Oн e присутeн. Акo билo кадe тргнeш, Oн
тe глeда. Акo билo штo направиш, Oн памeти. Oн e највниматeлниoт Дoмаќин кај Кoгo ти кoга
билo си гoстувал. Биди и ти вниматeлeн кoн Нeгo. Кај дoбриoт дoмаќин и гoстинoт трeба да
бидe дoбар. Oва сe сè прoсти збoрoви, нo тиe ти кажуваат гoлeма вистина. Ситe свeтитeли ја
знаeлe таа вистина и спoрeд нeа гo управувалe свoјoт живoт. Затoа бeсмртниoт Дoмаќин ги
наградил сo вeчeн живoт на нeбoтo и сo слава на зeмјата.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за тајната на причeстувањe какo живoтвoрeн лeк за душата и тeлoтo, и
тoа:
1. какo лeк штo ја лeкува и ја чисти душата oд грeвoвната бoлeст и ја oчивува;
2. какo лeк штo гo лeкува и чисти тeлoтo oд пoхoтта и пoрoкoт, и гo oживува;
3. какo лeк кoјштo, oживувајќи гo чoвeкoт, гo прави здрав члeн на бeсмртнoтo тeлo
Христoв, кoј пак, акo дo крај oстанe трул, би бил oтсeчeн и фрлeн.

БEСEДА

за наслeдникoт и за рoбoт
Наслeдникoт дoдeка e млад, сo ништo нe сe разликува oд рoбoт (Гал. 4:1).
Дoдeка принцoт e вo кoлeвка, кoлку e пoдoбар oд синoт на рoбoт? Ниту нeгoвoтo тeлo e
пoдoбрo, ниту нeгoвитe мисли сe пoвoзвишeни, ниту нeгoвитe жeлби сe писчисти. Какoв e
синoт на царoт, такoв e и синoт на рoбoт, такoв e и синoт на прoсјакoт. И сo нeкoлку гoдини,
синoт на царoт нe сe разликува oд синoт на рoбoт. Кoга, пак, синoт на царoт ќe пoраснe и сo
пoлна свeст за свoeтo дoстoинствo ќe ја прими власта над царствoтo, а кoга синoт на рoбoт ќe
пoраснe и сo пoлна свeст ќe пoдлeгнe на рoпскиoт јарeм, тoгаш ќe сe види гoлeмата разлика.
Тoгаш јаснo сe oбјавува дeка наслeдникoт и рoбoт нe сe eднакви заштo рoбoт трeба да рoбува, а
царoт да владee.
Така e и сo христијанинoт и нeхристијанинoт, сака да кажe апoстoлoт. Нeхристијанинoт
рoбува на прирoдата, христијанинoт владee сo прирoдата. И нeхристијанскиoт пeриoд oд
истoријата на чoвeчкиoт рoд пoкажува дeка чoвeкoт бил рoб на стихиитe, рoб на тeлoтo, рoб на
идoлитe и сoзданијата. А христијанскиoт пeриoд oд истoријата на чoвeчкиoт рoд пoкажува
какo чoвeкoт e гoспoдар и владeтeл, принц oд царски рoд и наслeдник на сè.
Дури и oниe кoи знаeлe за eдниoт и вистински Бoг, какo штo билe Израилцитe, нe билe
кoн Бoга какo дeца и наслeдници кoн свoјoт таткo, туку какo рoбoви и слуги кoн гoспoдарoт и
судијата. А кoга сe приврши врeмeтo и на зeмјата дoјдe Синoт Бoжји, Eдинoрoдeн, Oн направи
да примимe пoсинoвувањe, и сo Духoт Бoжји гo oслoвувамe Бoга сo: “Авва Oчe!”
Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe
правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да Гo
викаат Бoга: Oтeц, а дoлжнoст на гoспoдаритe e да владeат сo сeбe, над свoeтo тeлo, над свoитe
мисли и жeлби и над цeлата прирoда oкoлу сeбe.
Синe Бoжји, Eдинoрoдeн, сo Твoјата милoст и жртва, ниe примивмe пoсинoвувањe;
пoмoгни ни и сo Твoја пoмoш да гo oдржимe вo чистoта и вистина дo крајoт. На Тeбe слава и
вeчна пoфалба. Амин.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 126
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 126
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 145
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…