логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Опело за Владиката Кирил во Соборниот храм - МПЦ прогласи ден на жалост (14.06.2013)

 

  •  Беше мудар и добар човек, беше вистински борец за македонската православна црква. Неговите дела и зборови ќе останат засекогаш запишани во историјата, како потсетник за неговата мисија за автономија на црквата и аманет за идните генерации.

 

  •   Со овие зборови архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот синод се простија од владиката Кирил на опелото во соборниот храм во Скопје.

 

  • - Да се говори за митрополитот Кирил значи да се говори за архиерејот кој има неповторлива заслуга во мисијата на МПЦ особено меѓу иселените Македонци во Австралија, Соединетите Американски Држави и  Канада. Да се говори за него значи се говори за архиерејот кој постави темел за македонското црковно национално дело во прекуокеанските земји, рече г.г. Стефан.

 

  • За величината на личноста на митрополитот Кирил говорат неговите заложби, неговата пожртвуваност и посветеност за македонската православна црква. Беше дел од синодот кој во 1967 ја возобнови  автономија на МПЦ, а ги постави и темелите на црквата и во Австралија и во Канада.

 

  • Од владиката полошко – кумановски се збогуваа и Претседателот Иванов, спикерот Велјановски и премиерот Груевски, роднини, пријатели и негови духовни следбеници. Владиката Кирил си замина без збогум, но ние нема да отстапиме од неговите идеали за единство на МПЦ, рече на крајот архиепископот охридски и македонски.

 

  • Македонската православна црква прогласи Ден на жалост поради смртта на владиката Кирил. Црковните и државни знамиња во сите храмови на МПЦ во земјава и во дијаспората веќе трет ден се на половина копје.

 

 Државен врв, дипломати и бизнисмени му оддадоа почит на владиката Кирил


Последно збогум за Владиката полошко кумановски Кирил. Во соборниот храм беше отслужено опело за упокоениот владика со кое чиноначалствуваа поглаварот на МПЦ Г.Г Стефан, митрополите  Пимен, Агатангел и викарниот епископ Јосиф. Стотици верници, државниот врв, свештеници и почитувачи се поклонија и му оддадоа почит на Владиката. Во  голема тага и неверување, поглаварот на МПЦ за последен пат му се обрати на упокоениот митрополит. Жали што рано  заминал митрополитот кој ги постави темелите за македонското црковно национално  дело во прекуокеанските земји. Владиката кој е еден од  потписниците на одлуката за возобновување на автокефалноста на Охридската Архиепископија во 1967.


Верниците запалија свеќа и се помолија за починатиот Владика. Вечно ќе се сеќаваат на неговите дела и помошта која безрезервно им ја давал на сиромашните и болните.

Полошко кумановскиот митроплит беше погребан во манастирот свети Ѓорги во Дељадровце, по негова желба.

На погребот присуствуваше и делегација од СПЦ. Игумен на еден манастир во срем, заедно со уште неколку свештеници. Неговото присуство било самоиницијативно, бидејќи тој во минатото бил монах во манастирот каде ќе почива Владиката Кирил. Од полочко кумановскиот митрополит се простија и дел од бизнис заедницата.

МПЦ прогласи ден  на жалост, а знамињата осамнаа на пола копје  во сите православните храмови во земјава. Во соборниот храм отворена е и книга на жалост каде верниците ќе можат да ги напишат своите спомени за починатиот Владика Кирил.

Мирјана Давидовска

 

 

 

 

Извор. Канак 5,Тв. Сител

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

29/09/2025 - понеделник

Св. великомаченичка Ефимија; Преподобен Доротеј; Св. Кипријан, митрополит Киевски; Св. маченичка Људмила;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христови мч-чки Вера Надеж и Љубов и нивната мајка Софија 30 септември/17 септември   2025

Тропар на св.Христови мч-чки Вера Надеж и Љубов и нивната мајка Софија 30 септември/17 септември 2025

Блажени сте вие о маченици Христови, Вера, Надеж, и Љубов,ќерќи на Софија која е напоена од Мудроста,ве приведе не само...

Тропар на светиот Христов вмч. Никита 28 септември/15 септември   2025

Тропар на светиот Христов вмч. Никита 28 септември/15 септември 2025

Крстот Христов како оружје, усрдно примајќи го, во борба против непријателот си поитал, и откако за Христа пострада, на крај,...

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември   2025

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември 2025

Спаси ги, Господи, луѓето Твоии благослови го Твоето наследство,победа на Православниот благоверен народ нашнад непријателите давајќи му,и со Крстот Твој...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная