логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Rim.moleben1.jpg

24 мај 2009 год.- Рим

Годинава Македонија по 42-ри пат го чествува светото име на св. Кирил во базиликата Сан Клементе во  градот  Рим. Македонската државно-црковна делегација беше предводена од претседателот на Р. Македонија г.Ѓорѓи Иванов.

На гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“,  кадешто веќе 1140 години почива телото на блажениот рамноапостол, денес, на  24 Мај 2009 година,  кога се одбележува Денот на сесловенските браќа светите Кирил и Методиј се одржa молебен со кој чиноначалствуваше поглаворот на Македонската православна црква г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Епископот Хераклејски г. Климент и архимандритот Нектариј.


Извадок од говорот на Архиепископот Охридски и Македонски г.г.  Стефан на молебенот во базиликата Сан Клементе:

Rim.moleben1.jpg


„Светите Кирил и Методиј духовна тврдина за македонското име, идентитет, култура и историја“


„Дојдовме овде за да се поклониме и да се помолиме пред светите мошти на духовниот великан од нашиот род, пред светителот кој преку своето дело го афирмира нашиот јазик, просвета и култура. Св. Кирил, иако гробот му е далеку од родната Македонија, тој е близу до се што е наше. Овде можеме да размислуваме, да учиме и да се подучуваме за тоа како со себеси и како со другите, како со љубовта и како со омразата, како со временото и како со вечното. Овде покрај sв. Кирил се потсетуваме на тоа колку треба да ги живееме и почитуваме верата и црквата, колку да ги чуваме јазикот и писмото, колку да ги вреднуваме просветата и културата. Тука се уверуваме и во тоа колку сегашноста и иднината неможат без минатото. Возљубени празникољупци, св. Кирил беше и останува наша најголема гордост пред другите и наша најсилна духовна тврдина пред овие кои го негираат нашето име, идентитетот, јазикот, културата, историјата и се што е наше - македонско“- меѓу другото рече на молебенот неговото блажество Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Rim.moleben1.jpg


 

На службата во базиликата „Сан Клементе“ присуствуваше и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој ја предводи државно-црковната делегација на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“,  и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и голем број на верниот народ од Р. Македонија.


 Во Москва делегација од македонската Амбасада положи цвеќе на споменикот на браќата Кирил и Методиј

Москва, 24 мај (МИА) - Во Москва претпладнево во десет часот по локално време, по повод Денот на словенската писменост, делегација од македонската Амбасада во Руската Федерација, предводена од амбасадорот Златко Лечевски, положи свежо цвеќе на споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј, на Славјанскиот плоштад.

На споменикот на Светите Браќа, свежо цвеќе положија и дипломатски претставници од другите словенски земји.

Ова е осумнаесетта година како „Славјанскиот фонд на Русија“, под непосредно покровителство на Неговата Светост, новоизбраниот Патријарх Московски и на цела Русија Кирил, е организатор на голем број свечености во Москва и во цела Русија, посветени на светите браќа , на словенската писменост и култура. цр/13:43

 

 

 Посети: {moshits}

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

« »

Најнови вести

Православен календар

 

13/08/2026 - четврток

Свети Евдоким; Светата маченичка Јулита; Свети Јосиф од Ариматеја;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная