Бидејќи сме членови еден на друг, ние сме должни, едни со други да се успокојуваме. - Свети Ефрем Сирски (10.02.2017)
Никој да не се издигнува над другиот, да не мисли дека е подобар од другиот и во нешто погоре од него, туку напротив, секој, како Христов ученик, да се смета полош од сите луѓе. Секој со љубов, простота, без славољубие и самољубие, со взаемно почитување, да му се покорува на својот ближен - во страв Божји,..






Омраза кон никого немај во срцето и зло за зло не враќај, но Божјата љубов придобиј ја; неа Светото писмо над сите добродетели ја поставува и ја споредува со Самиот Создател на сѐ, зашто таму е речено: " Бог е љубов" (1. Јов. 3,8). Паднатиот, но кој во себе нема омраза и завист, Господ нема да го остави паднат; рака ќе му подаде да стане, затоа што љубовта не ја отфрлил.











Љубовта кон ближниот: Втората голема заповед која Господ ја нарекува слична на првата, е заповедта за љубовта кон ближниот. Христијанинот е повикан да го возљуби ближниот „како себеси“. На психолошко ниво, тоа значи тој да го возљуби својот ближен како што се љуби себеси. Полнотата на христијанската љубов, сепак, се открива не на психолошко, туку на онтолошко ниво.
“ Тогаш Господ им се обратил на Апостолите, но тоа важи и за сите нас, кои сме Христијани, потсетувајќи нѐ на таа голема одговорност: да бидеме светлина. Зашто Он Самиот е Светлина, па така и сите што ќе поверуваат во Него треба да бидат светлина. И како што ѕвездите ја подражаваат светлината на сонцето, така и ние луѓето треба



























