Нов архиереј на МПЦ-ОА: Архимандрит д-р Григориј (Настески)
Животот е бескрајно усовршување во добродетелта, израснување, уподобување, до мерата и растот на полнотата на Христос. Но, дали создавањето е нешто друго, освен раѓање на духовни чеда, преобразување луѓе, откривање на дадениот образ Божји, развивање на подобие Божјо, кај духовно родените. Впрочем, затоа е создадена оваа книга. Поради тоа, се надеваме дека на духовно родените, ќе им послужи да ја зајакнат ревноста.






Кој Го љуби Господа, тој секогаш се сеќава на Него, а сеќавањето на Бога ја породува молитвата. Ако не се сеќаваш на Господа, тогаш нема ни да се молиш, а душата без молитвата нема да пребива во љубовта Божја. Оти преку молитвата доаѓа благодатта на Светиот Дух. Со молитвата човекот се чува од гревот, оти умот кој се моли е зафатен со Бога, и во смирението на духот стои пред Лицето Господово, Кого Го знае душата на оној што се моли.
По завршувањето на постдипломските студии, пријавил втор докторат во 2008 година, а докторирал во 2012 година со одбраната на темата: „Христолошки и сотириолошки аспекти во евхаристиската реинтеграција на личноста”. Монашкиот подвиг го започнал во Струмичката епархија на Македонската православна црква во 2003 година, кога ставил ...
Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe дави заради јажeтo, туку заради давeникoт да гo спаси.
Нема страст, што не е штетна за човечката душа. Како што бурните ветрови го напаѓаат тивкото море, го разматуваат до дно, така и различните страсти, откако ќе се втурнат во душата, разматуваат сè во неа и ја парализираат нејзината мисловна способност: тоа особено се однесува за страста славољубие. Да презреш богатство и блага – не е нешто тешко: меѓутоа, да ја презреш честа од луѓето и славата на земјата – потребни се многу усилби, голема мудрост, високо благочестие, ангелска душа!
Кога ќе ја запоставиме молитвата и духовните дела и наместо тоа ќе почнеме да судиме за луѓето кои ни направиле неправда, станува очигледно дека материјалното богатство го сметаме за поважно од своето спасување и Христовите заповеди. Како можеме да ја следиме евангелската заповед која вели: Секому, кој ти бара, подај; од оној што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати! (Лк. 6; 30),
Таа беше со мене повеќе од два часа, а мене ми чинеше како да поминале неколку секунди.“ Човекот од електроенергетската компанија штом го лоцирал местото на дефектот истовремено ја забележал и Василики. Вака тој го опишува настанот: “Штом пристигнав на местото на несреќата (околу 10:30 часот), ја забележав Василики во една грмушка, прицвстена за нејзиното седиште.
Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување лажни чувства. Оттука произлегуваат и гревовите направени со збор, како и со дела.
Исихастичкото Предание во себе го вклучува не само практикувањето на Исусовата молитва, туку и целиот спектар на духовниот живот – борбата за чистење од страстите и здобивањето на добродетелите.
Сé во свое време. Ако зборуваме за психози (растројства придружени со бунило, халуцинации и др.), тогаш во првата етапа е неопходна, се разбира, лекарска помош.
Дали гледаш, брате, што е Светата Литургија?
Во времето на царот Лав Велики (458 г. – 471 г.), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза.
Светиот Дух нe учи да ги љубиме непријателите, така што душата ќе ги сожалува како родени деца. Има луѓе кои на своите непријатели или на непријателите на Црквата им сакаат погибел и маки во пламенот на пеколот. Тие мислат така затоа што Светиот Дух не ги научил на љубовта Божја, оти тој кој е научен на таа љубов, ќе пролева солзи за целиот свет. Велиш дека тој е злосторник и дека треба да гори во адскиот пламен. Но те прашувам јас тебе: ако Бог тебе ти даде добро место
јмили мои браќа и сестри монаси и монахињи, уште еднаш, најтопло и од срце ви се заблагодарувам за сето она што го направивте за мене, недостојниот, та чинот на хиротонијата да биде едно духовно доживување и радост за сите. Со тоа повторно на дело го покажавте она, што низ заеднички подвиг го учевме заедно во изминативе 25 години – дека само преку подвизување во љубовта Христова можеме да го достигнеме плодот што Бог ни го ветил во Евангелието. Само тогаш ќе нѐ познаат дека сме Негови ученици и само така ќе го исполниме она што Бог го посакува од нас.
Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата што ќе ти бидат определени од нашата Света Црква и од надлежниот архијереј. Продолжи да ги надградуваш доверените души во доброто и во благочестието. Постојано моли се за твоите дела да Му бидат угодни на Бога.
Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро, според зборовите Спасителови упатени кон учениците Негови: Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите и слуга на сите![1]. Тоа значи да се биде смирен работник на нивата Божја, служител на тајната на љубовта, на тајната на Евхаристијата, не само во храмовите Божји, туку и во живите храмови – срцата на луѓето. А светата Евхаристија, делото на Божествената Литургија, е дело на едно непрестајно благодарење кон Бога.
























