Монашка посета при Вселенскиот Патријарх (16.12.2021)
Во сечесниот патријаршиски храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј ги прими на посета сите монаси и монахињи под духовно раководство на нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, од нашите четири манастири: Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино.







Во рамките на одбележувањето на 2021 – Година во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од раѓањето, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите на 20.12.2021 година со почеток во 11:00 часот ќе се одржи Свечен собир во чест на Блаже Конески.



Интернационалниот филмски фестивал „Богородичен покров“ има за цел да ги шири духовните, хумани и културни вредности и е единствен филмски фестивал од ваков жанр во нашата држава, но, и редок во регионот, кој годинава е online и се одржува од 11 до 26 декември оваа година, со реприза на програмата од 1 до 16 јануари, 2022 година.






Но пак се обновивме со милосрдието на Човекољубецот Бог и на првиот рајски пат имаме многу наставници кои можат да нè воведат во првобитниот рај: покајанието, солзите и воздишките. Зашто покајанието е незаоден светилник на душата; преку него разбојникот, откако се просветли на крстот, во рајот се всели; преку него и блудницата, откако си го озари умот и го прими изворот на солзи, миејќи
·Пред сѐ, да ја допираме земјата со својата глава пред Него, а не да им се закануваме на нашите браќа со неа. Со своите очи да лееме солзи пред Него, а не со нечисти очи да гледаме на успехот на другите. Своите раце набожно да ги подигаме кон Него и да ги простираме за да даваме добар дар; не „да даваме овци, а да одземаме волови“; не „десеткратно да одземаме, а едно од две да даваме“.

Бог ја бара целта на сите дела што ги правиме: дали ги правиме заради Него, или од некаква друга причина. 


























