Заупокоена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, Скопје (14.06.2020)
„Но, состојбата на починатите, кои се на оној свет, не е конечна. Ако Господ ни вели дека секој исповедан и покајан грев ќе ни биде простен, ние веруваме дека семилостивиот Господ, за кого сите се живи, може да ги прости гревовите и на возљубените од нас, покојници.Како можат да бидат простени тие гревови? Молитвите, милостињата и помените правени во чест на покојните, можат да покријат многу гревови. Молитвата за








Послушникот бива смртно повреден кога нема смирено и искрено да му се открие себеси на Старецот. Како што болниот не може да се исцели ако не му покаже на лекарот каква му е раната или болеста, зошто продолжуваат болките или температурата... така и послушникот, кога нема да му ги покаже своите душевни рани на својот духовен лекар - не се исцелува.
Изгледа дека од темата на самоидентификување со Христос или, не дај Боже, со нешто од овој свет – па не знам колку и да ни значело тоа нам, нема бегање. Да, тоа е избор со кој се среќаваме во секој момент од нашиот живот. Во секој момент од нашиот живот, сите ние, со секоја своја мисла и чувство, со секој свој збор и со секое свое дело, или се самоидентификуваме како Христови или како Негови противници и предавници.
Можеби ниеден друг град, почнувајќи од почетокот на историјата, па сè до денес, не оставил толку силен белег врз човечката цивилизација како „Царот на сите градови“, Градот основан од Светиот Рамноапостолен Цар Константин Велики – Константинoпол. Овој преславен „Град на Светиите“, „на Христијаните пофалба, на Православните слава“, „светило на светот“ и „веселие на целата земја“, повеќе од 11 века бил центар на едно возвишено Христијанско општество,
Кога, пак, срцето е лукаво - и доброто злато ќе го смета за бронза и од него ќе направи куршуми или топови. Затоа, срцето ќе треба да се очисти, со тоа што во него ќе внесуваме само добри помисли за сите, и со тоа што нема да примаме телеграми од лукавиот, затоа што од срцето излегуваат сите зла, (Мт. 15, 19) и повторно од вишокот на срцето зборува устата (Мт. 12, 34).
Пред крајот на својот макотрпен и подвижнички живот, преподобниот Јован се разболел. Тој лежел на сеното во шталата, каде стекнал светост во молитвите и умртвување на плотта Христа ради, Кој заради нас стана човек и претрпе крстна смрт од љубов кон нас.
Не барајте ништо друго од Господ на славата освен да биде милостив спрема вас. Барајќи ја таа милост барајте ја со смирено срце, со умиление, и од утро до вечер повикувајте, а ако е возможно правете го тоа и во текот на целата ноќ: ’Господи Исусе Христе. помилуј ме!’, и присилувајте го вашиот ум да го прави ова сè до часот на вашата смрт.
Ти имаш предност пред секое создание; Ти си слава и утеха и веселба на ангелите, царски венец на апостолите и пророците, надприродно јунаштво на мачениците, чест слава на преподобните, поборничка во подвизите и подателка на победите, непогрешлива патеводителка, наставничка на молитвеното тихување, двери на откровенијата и духовните тајни, извор на светлината, врата на вечниот живот, непресушна река на милосрдието, неисцрпно море на дарови и чудеса.
Да го повикаме разумот на помош,
Мислам за себе повеќе отколку што е потребно, се гордеам пред моите блиски и чекам да ме почитуваат повеќе отколку што заслужувам, а тоа го правам од самољубие. Со мисли, зборови и дела не ја барам Твојата слава, туку своето прославување пред луѓето, затоа, Господи на моето смирение, мојата душа е пуста и моето срце не наоѓа утеха. Ме гризе гордоста на себељубието, не ми дава спокој, ме унижува пред мене самиот, ми ги расипува односите со блиските, ме води кон кавги, неразбирање и ми го расипува животот.
До вчера, влегувањето во интимната дистанца на јавно место се сметаше за невоспитаност и беше непријатно. Кај другиот жив свет сè уште е така. За да се уверите, ставете го прстот на патот на некоја мравка. Кога ќе дојде блиску до вашиот прст, ќе застане. И ќе ве заобиколи. Таа нема технологија со која би пуштила макар и слика од вас во својот интимен простор. Ние имаме. Тоа не значи дека вредиме повеќе од мравките: тие уште знаат што е интима
Со слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите се запечатило спасението на човечкиот род од Богочовекот Исус Христос. Воедно, со слегувањето на Светиот Дух започнала и апостолската проповед, започнал светотаинскиот живот во Црквата. Затоа светата Педесетница се смета и како роденден на Црквата Христова. На овој ден таа ги примила благодатните дарови на Светиот Дух, коишто ја сочинуваат нејзината таинствена суштина.
Во подвигот против новите предизвици на човекоцентричниот хуманизам присутна беше целата Црква: чесното Свештеноначалство, светиот Клир и благочестивиот народ. Црковниот осет ги имаше мобилизирано сите сили. Придонесот на старец Георгиј имаше две страни: првата, силните негови интервенции, коишто беа насочени кон ...
И претпоставувате дека секој еден од нас, што ги сее зрната од семето на побожноста, внимава на два момента. Првиот и најважен е зрната да не се расипани или празни, што зависи од тоа дали говориме вистина и дали ја живееме таа вистина. Ако не говориме вистина – зрното е расипано, а ако не ја живееме вистината – зрното е празно. Дали говориме вистина и дали ја живееме таа вистина, пак, зависи од просветленоста на нашиот ум и... 
Гoспoд ќe им суди на живитe и мртвитe и ќe им дадe сeкoму спoрeд нeгoвитe дeла! Нe, нe, тoа за мeнe нe e мoжнo да гo знам!” Па кoга свeтитeлитe нe знаeлe, какo ќe знаат грeшницитe?И зoштo би гo знаeлe oна штo Самиoт Спаситeл нe нашoл за пoлeзнo да ни гo oткриe? Мнoгу e пoдoбрo да мислимe дeка нашата смрт ќe дoјдe прeд крајoт на свeтoт oткoлку дeка крајoт на свeтoт ќe дoјдe прeд нашата смрт.
„Вака вели Господ: Ќе ве земам од кај народите, ќе ве соберам од сите страни и ќе ве доведам во вашата земја. Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе се очистите од сите ваши осквернувања, и од сите ваши идоли ќе ве очистам. Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо. Ќе го внесам во вас Мојот дух и...
Кога Црквата си спомнува за починатите со вера во воскресение, Во параклисот посветен на Пречистанските Преподобномаченици оваа Свештена обител изврши молитвено сеќавање на сите пораноупокоени и одслужи Заупокоена Литургија на која заедничаревме евхаристиски со живите во Христа 


























