Промоција на книгата за деца „Венец на светоста“ од д-р Дмитриј Авдеев (14.04.2018 )
Денес, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, во просториите на манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, се одржа промоција на книгата за деца „Венец на светоста“ од рускиот автор д-р Дмитриј Авдеев.По тој повод беше организирана и изложба на која беа изложени сите цртежи што специјално ги изработија децата од училиштата во Струмица,...







Невозможно е да се наведат сите чуда источени од Животодавниот Извор преку кои беше излеана благодат врз цареви, патријарси, врз големци како и врз обични луѓе. Силата на благодатта до денешен ден дејствува преку изворската вода. Таа сила лично ја имаат доживеано не само православни христијани, туку и католици, Ерменци, па дури и Турци.
На 58 годишна возраст се упокои еден од најкреативните и најпродуктивните пионери на електронската телевизиска монтажа и постпродукција, маестро Коле Јовановски. Од 1981 година работеше во својство на ТВ монтажер, асистент режисер или режисер на околу 5000 разни жанрови на емисии, филмови, драми, серии и спотови кои беа наградувани на голем број меѓународни фестивали.
На 10 април 2018 година (вторник од Светлата седмица), во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија.
Литија со неговите мошти се одржува четири пати во годината, и на секоја од нив се спомнува за некој особен настан во кој верниот народ се уверил во застапништвото на светителит: на Цветници, кога според преданието, светителот го заштитил локалното население од чума,
Меѓу фарисеите беше еден човек по име Никодим, кнез јудејски. Тој дојде при Исуса ноќно време и Му рече: „Рави! Знаеме дека си Ти учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чудеса, што ги правиш Ти, ако не е со него Бог.” Му одговори Исус и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.” Никодим Му рече: „Како може човек да се роди, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе...
По повод празникот на Воскресението Христово, деновиве од печат излезе книгата за деца „Венец на светоста“ од д-р Дмитриј Авдеев, во издание на манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.
Но Петар стана и отиде бргу до гробот, и кога се наведна, го виде внатре само покровот и се врати, чудејќи се сам во себе за она што станало. Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии; и зборуваа помеѓу себе за сите овие настани. И кога разговараа и се запрашуваа еден со друг, Сам Исус се приближи и одеше со нив; но очите им се замрежија за да не Го познаат.
Но, известувајќи ги жените за Воскресението на Господа, ангелот вели само: „Стана, не е овде!“ Тој не додава: „Радувајте се“, зашто радоста сама по себе ќе ги исполни нивните срца штом се уверат дека Господ навистина воскреснал. Тогаш верата била опиплива, а Господ со Своето јавување ја допотполнил. И радоста кај сите била неисцрпна!
„Откако го видовме Христовото воскресение, да Му се поклониме на светиот Господ Исус, единствениот безгрешен. На Твојот крст се поклонуваме, Христе, и Твоето свето воскресение го пееме и славиме, зашто Ти си Бог наш, освен Тебе за друг не знаеме, со името Твое се именуваме. Дојдете сите верни да се поклониме на светото Христово воскресение,...
Стих: Попусто го чуваш гробот, стражо, бидејќи тој не може да го задржи самиот Живот.
Не, христијаните треба да учествуваат во самото Воскресение Христово! Како да учестуваат? Преку тајните на Покајание и Причестување со Светото Тело и Животворната Крв на Спасителот. За време на Великиот Пост – дните на покајание, очистување и преродување – ние треба да ги обновиме нашите срца за да Му совоскреснеме на Христа. И затоа, оној којшто не учествувал во самото Христово Воскресение не ги разбира и во себе не го носи
Што е следно? Усрдна грижа, за да не се вратиме на старото, да не ослабеме духовно, да не умреме. Тоа може да се случи многу лесно! Животот којшто нè окружува води токму кон тоа. Секој еден е во брзање, секој еден е во трка, зафатени сме, немаме време – и така секој ден. Сите се живееме сè побрзо и побрзо – но каде одиме? Наша духовна задача беше и остана тоа да не потонеме во оваа бркотница, да не се задушиме.
Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите. Ако ти не го сожалуваш грешникот, којшто ќе се мачи во оганот, значи дека во тебе ја нема благодатта на Светиот Дух, туку во тебе живее зол дух.
Ќе се собереме
Пред неколку дена Го пречекавме Христос во Ерусалим, Кој како цар влезе во неговиот град, а сега пред нас мртов лежи. Му се придруживме на трпезата, јадејќи од лебот што го прекрши за нас, а сега Неговото мртво тело лежи пред нас. Ни ги изми нозете, а ние сега Го помазавме и Го погребавме.
Колку мудро и со колку едноставни и јасни зборови Господ ни ја предава чудесната паралела за мудрите и неразумните девојки. Приказна навидум обична, но каква длабочина крие. Зашто преку неа Он вешто ни ја претставил Својата невеста – Црквата, која од една страна сѐ уште е во светот, делејќи ги неговите слабости и несреќи,

























