Божествена Литургија во храмот на св.Арх. Михаил, н.Автокоманда, Скопје (03.04.2016)

Некои велат дека од молитвата доаѓа прелест. Тоа е погрешно. Прелеста доаѓа од самоволие, а не од молитвата. Сите светии многу се молеа, повикувајќи ги и другите на молитва. Молитвата е најдобро дело за душата. Преку молитвата се доаѓа при Бога. Преку молитвата се задобива смирение, трпение и секое добро.














Светиот Дух нè учи да ги љубиме непријателите, така што душата ќе ги сожалува како родени деца. Има луѓе кои на своите непријатели или на непријателите на Црквата им сакаат погибел и маки во пламенот на пеколот. Тие мислат така затоа што Светиот Дух не ги научил на љубовта Божја, оти тој кој е научен на таа љубов, ќе пролева солзи за целиот свет.


07. април (четврток, Благовештение), 09:00 Света литургија;


































