Митрополит Струмички Наум - Должностите на монасите (28.01.2017 )

Ви имам нагласено и другпат дека не можеме ние, т.н. христијани, само да чекаме некој да ни побара помош, па дури тогаш да размислуваме како и дали сакаме да му помогнеме, туку должни сме сами да ги побараме луѓето што страдаат и да им помогнеме! Немилосрдноста и непружањето конкретна помош е антихристијанство, антисведоштво.







Сите ние, треба длабоко во себе да ја осознаеме нашата огревовеност и духовно несовршенство, па со срце скрушено и со мисла покајничка да посакаме да Го видиме Господа. Да ги отвориме нашите духовни очи, за да ја видиме Божјата семилостивост и љубов кон сите нас. Да Го побараме Бога во нашите души, како што Он не бара нас, кога сме загубени во гревот и злото.



Преподобен отче Гавриле, твојот живот во овој свет се покажа како натприроден, зашто живеејќи на земјата, си останал бестрасен и си го возљубил мирот и тихувањето; следејќи го Христовиот тесен и мачен пат, си се искачил кон небесните обители, каде што се молиш за наше спасение.
Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”.
Родителите тоа го прават на разни начини. Понекогаш претерано штитејќи ги и чувајќи ги од и незгодите во животот. Понекогаш претерано ги казнуваат и гушат, што кај децата создава равнодушност, и повреденост во однос на возрасните и нивниот возрасен свет. Но најчесто тоа го прават живеејќи, во присуство на децата, обичен одраснат неодговорен живот.






Не знам која е целта на било кој друг, но христијаните треба да си знаат дека нивната цел е Христос, а тоа подразбира прво Крст, па Воскресение. И што е најважно, зборовите на Спасителот, во светот ќе имате маки, но, знајте Јас го победив светот. И сега може ли да не интересира нешто друго освен Победникот.


























