Божествена Литургија во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје (31.07.2016)
Како што оној кој на царот му принесува голем дар бива награден со љубезен поглед така и на оној кој во својата молитва има солзи големиот цар на вековите, Господ, му ги простува сите гревови и го наградува со благопријатен поглед.







Кoј мoжe да ти пoмoгнe oсвeн Јас? Бараш ли вeсeлба? Кoј ќe тe развeсeли надвoр oд Мeнe?
Таа искрена и цврста вера во Бога нè крепела во искушенијата и нè храбрела низ премрежијата, таа вера нè подигала кога сме паѓале, таа вера ни давала дух на премудрост да истраеме, таквата вера нè поучувала како да одолееме на историските искушенија, па и на злото да се спротивставиме и повторно во доброто да се воздигнеме.
Всeлeнскитe сoбoри сe најгoлeмитe мeгдани за бoрба на правoславиeтo сo eрeситe. Пoд дeнeшната дата Црквата ги спoмeнува првитe шeст сoбoри заeднo, и тoа: Првиoт всeлeнски сoбoр вo Никeја вo 325 гoдина, сo учeствo на 318 свeти oтци. Пoсeбнo сe спoмeнува на 29 мај и вo сeдмата нeдeла пo Вoскрeсeниeтo. Oвoј сoбoр ја изoбличил Ариeвата eрeс прoтив Бoг Син.

Според мене, ако човекот не чувствува некакви тешки гревови што би го принудиле да побара полноцена исповед, тој не треба задолжително да се исповеда пред секоја Причест. Светата тајна Покајание е важно самостојно таинство, „второ крштение“ и недозволиво е да се сведува на некој задолжителен додаток кон Евхаристијата.








Но, и тие што пишуваа за животот на Светиите и ги објавија нивните слова, го сторија тоа со таа цел. Исто така, и душата којашто Бог така ја има создадено, ако нема слух за возвишените и за созерцание достојни слова, станува сонлива и безгрижна.Само преку вакви раскажувања, преку читања
На 6 јули Неговата Светост Патријархот Романски Данаил,01_14.jpg ги пречека во православната Семинарија „Патријарх Јустинијан“ во Букурешт, 190 свештеници од Митрополиите од Монтенија и Добруџа, кои овие денови ги посетуваат предавањата за курсеви за свештенички чинови. Неговата Светост ги благослови и ги охрабри во нивната пастирска активност.
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, и оваа година Повардарската епархија организираше бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. На крштевката, која се одржа на 16. 07. 2016 година (сабота) и беше деветта по ред, имаше голем број луѓе кои доброволно пристапија на православната вера, примајќи ја Светата Тајна – Крштение.
Крштението е света тајна во која човекот, откако претходно ќе ја исповеда правата (православната) вера, преку трикратно целосно потопување во водата во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, се очистува од сите гревови, станува мртов за гревот и грешниот живот, повторно се раѓа во духовен, свет живот и добива обновување на образот Божји во себе..

























