Утрена со читање на 12-те страдални Евангелија, храм на св.пророк Илија, н.Аеродром, Скопје (05.04.2018)
Откако беше продаден и предаден за триесет сребреника од својот пријател и ученик, најнапред Го одведоа кај Ана првосвештеникот, кој Го испратил кај Кајафа, каде што бил плукан и удиран по образите, а воедно и исмејуван и навредуван, и каде што ги слушал зборовите: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?” (Матеј 26, 68). Таму дошле и лажните сведоци кои Го клеветеле, бидејќи беше рекол: „Урнете го овој храм и за три дена пак ќе го изградам”,







И божествениот Макариј говориː „Како што виното оди во сите делови на телото на оној што го пие, и е виното во него и тој во виното, така и оној кој ја пие Христовата Крв – се напојува со Духот на Божеството, се разлева по целата душа, и сета душа е во него и, откако ќе се освети на тој начин, - станува достојна за Христа Господа. Зашто и апостолот говориː ,Сите сме со еден Дух напоени’ (1. Кор. 12, 13).
Старецот: „Брату, иако има многу заповеди, сепак тие се искажани во следниве малку зборови: ‘Возљуби Го Господа, Твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли, и својот ближен како себеси‘ (Лука 10, 27). Оној подвижник којшто живее според овие зборови, тој ги извршува сите Господови заповеди.
Ситно вее снегот
218. Оној што не се моли со внимание, тој е расеан во својата молитва, на него псалмот му е неразбирлив, како да е на друг јазик, а и тој самиот за псалмот – останува туѓ (1. Кор. 14, 17). Демоните од сето тоа си прават подбивање.
Младоженецу, по доброта покрасен од сите луѓе, Кој си нѐ повикал на духовна трпеза во Твојата брачна одаја, ослободи ме од грубата облека на моите гревови, со учество во Твоите страдања, и откако ќе ме украсиш со облеката на Твојата убавина, покажи ме како светол гостин на трпезата од Твоето царство, како милостив.
Цар на славата Сега народот, свештениците и јудејските властодршци за последен пат го слушаат словото Господово во Храмот. А тоа било сеопфатно: го опфаќало минатото, сегашното и идното. Со прашувањето за Јована, Господ наговестува дека Тој е вистинитиот Месија; со приказната за двата сина укажува дека Јудејците ќе бидат отфрлени и на нивното место ќе бидат повикани незнабожечките народи;
“ Што и да посакаш било да кажеш, било да направиш, било да појдеш кај некого, било да јадеш или да пиеш нешто, да легнеш, да спиеш или да направиш нешто што и да е, запрашај се дали му е тоа угодно на Бога, испитај се и најди ја причината зашто го сакаш тоа. Дури тогаш, тоа што ќе го правиш прави го пред Бога.
“Oваа милoст (Бoжја) штo нè вoскрeсна и пoтoа згрeшивмe e пoгoлeма oд милoста штo ни e дадeна тoгаш кoга нe смe пoстoeлe. Слава, Гoспoди, на Твoјата бeзмeрна милoст”. Така гoвoри св. Исак Сирин. Сака да кажe: пoгoлeма милoст Бoг пoкажал кoн нас кoга прeку Христа нè спасил oд гнилeжoт на грeвoт и смртта oткoлку кoга oд ништo нè сoздал.
разникот на Влегувањето на нашиот Господ и Спасител во Ерусалим е настан кој изобилува со символи. Тоа ни зборува за исклучителната важност што тој ја има во евангелската историја. Настан предвесник на една надисториска драма. Во него се мешаат, радоста и тагата, свеченоста и едноставноста, небесното и земното, вечното и минливото, љубовта и суетата, верата и суеверието. Т
Причината е, најјасно кажано, нашата желба за „царство овоземно”, наместо Царство Небесно. Нели го забележуваме тоа суптилно тежнеење внатре во нас, почнувајќи од себе и од нашето најтесно семејство, па сѐ до најшироката заедница, да создадеме некакво „земно царство” на сладости – и тоа по наша мерка; и нели забележуваме дека колку повеќе се трудиме, толку повеќе тоа „земно царство”
Втoрoтo дoаѓањe на Гoспoда ќe бидe дoаѓањe сo слава. Тoа Гoспoд пoвeќeпати гo кажал.
Оној што вистински бара да се увери дека направените гревови му се простени, тој секој ден кога не плачел го смета за загубен, макар и да направил во тој ден многу добра. Никој од оние, кои треба да плачат за своите гревови, да не ја намалува својата ревност, мамејќи се со мислата дека на смртниот час ќе добие известување за простувањето.
Алeксиј Чoвeк Бoжји Гo вoзљуби Бoга пoвeќe oткoлку свoитe рoдитeли, и жeната и бoгатствoтo. Сeдумнаeсeт гoдини тoј пoмина какo прoсјак далeку oд дoмoт на свoитe рoдитeли и други сeдумнаeсeт пак какo нeпoзнат и прeзрeн прoсјак вo рoдитeлскиoт дoм сè заради љубoвта Бoжја. И милoстивиoт Бoг oдгoвoри сo љубoв на љубoвта:
Гледајќи го вашиот труд, Бог дарежливо ви ја дава Својата благодат, вам и нему. Но, притоа мора да бидете мртви за себе. Го разбравте ли ова? Вие тагувате кога другите не се добри, а би требало да се предадете на молитвата за со помош на Божјата благодат да дојдете до посакуваната цел. Вие укажувате на доброто потпирајќи се на својата мудрост, а тоа всушност, и не е толку правилно.
Откако му се поклони на овој лик Алексиј се облече во руво на просјак и како таков живееше во тој град полни седумнаесет години, непрестајно молејќи Го Бога во припратата на црквата на Пресвета Богородица. Кога таму се прочу како богоугодник, се уплаши од човечката слава и замина оттаму, седна на кораб што оди за Лаодикија, но по Божја Промисла коработ беше носен и доплови дури до Рим.
























