Воскресение Христово, Велес, 2016 год.

Најрадосната вест за православните христијански души, веста за Воскреснието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос беше објавена точно на полноќ во сабота спроти недела низ сите храмови ширум светот.Милиони верни души ширум целиот свет извикуваа „Навистина Воскресна“!


















На 29.04.2016 година, Вечерта на Велики Петок, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Утрена и беа отпеани Статиите на ОПЛАКУВАЊЕТО ХРИСТОВО, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово. Во милозвучното пеењето на статиите учествуваше и градскиот хор „Менада“ од Тетово под раководство на маестро Ивица Зориќ.


На Велики Четврток, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше на Вечерната Василиевата Литургија во црквата Св. вмч. Димитриј Солунски во Скопје. По отслужената Литургија се изврши Светата тајна Елеосвештение (Маслосвет).

























