Литургија во манастирот на Пониква – Осоговски Планини
На 04. 09. 2016 година, 11 – та Недела по Педесетница, св. мч - ци Агатоник, Зотик, Зинон и др. ,св. мч – чка Антуса, во манастирот Св. Василиј Велики, кој се наоѓа на 1 640 м2 на Осоговските Планини во месноста Пониква, кој беше осветен пред осум години, Неговото Високпреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници...







Камче по камче, молитва по молитва и полека вештите раце на монахињата Синклитикија им ја даваат душата на камчињата од мозаикот каде се наѕира ликот на Свети Архангел Михаил. Уникатната уметност сокриена во малата и скромна работилница во женскиот манастир „Св. Архангел Михаил" во Берово
Дури и младите се раздрмани од интензивни проблеми, внатрешни конфликти, душевни болести и неподносливи изолации. Убави, млади, образовани и богати луѓе се без насмевка – депресивни и песимистични. Ова е епоха на освојувања, откритија, профит и успех, но луѓето се чувствуваат осамени, без душевно здравје и без утеха и радост.
Црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово, според архитектурата претставува трикорабна базилика изградена во 1095 година, а денешниот изглед го добила во 1266 година. Црквата, во светски рамки, претставува редок пример на византиската уметност во поглед на исклучителниот архитектонски израз и уникатниот фрескоживопис.

Тешко дека Творецот би започнал да ни дарува безумни заповеди. Дури ни црковните заповеди не се напишани со цел да ги измачуваат луѓето. Тогаш, во што се состои смисолот на оваа заповед?
03. септември (сабота),
Нека се радуваат, затоа, денес сите жени и сите мајки во светот, гледајќи со какво достоинство ги украси Пресветата и Преблагословена Богородица. Да, какво само достоинство Бог им даде на жените преку Својата Пречиста Мајка! Таа е навистина образец на секоја мајка, највозвишен пример на секоја жена.
Ете, благочестиви христијани, какви треба да бидеме и ние. Богородица е неисцрпен извор на добродетели кои треба да нѐ красат и нас самите: да се угледаме на нејзиното смирение, на нејзината скромност, на нејзиното трпение, на нејзиното послушание, на верата, љубовта, пожртвуваноста и верата нејзина. Ете, Богородица е пример за секој човек. Ете, Богородица е пример за секоја жена, за секоја мајка. 



Треба да се молиме за сите што зборуваат лошо за нас, и да бараме од Бога да им подари покајание, просветлување и здравје, а во себе да не оставиме ни трага од омраза кон нив. Да го задржиме само искуството на преживеаното искушение, да го исфрлиме од себе сиот отров, и да се потсетиме на зборовите на св. Ефрем:
























