Архива: Трета Светска Војна, зошто и кога?

Тоа не значи дека Господ ја предизвикува војната, туку, напротив, војната е неизбежна последица од човековото отфрлање на Неговата благодат, која е единственото нешто што може да ја држи под контрола омразата и злото, вклучувајќи ги и разорните војни. И големото страдање на кое сме веќе сведоци е само почеток.










Не постои друг пат освен спасението, освен искрената исповед, за да се воспостави она што преку овие два бунта е изгубено. Враќањето кон Бога зависи од ова толку, колку што и во природните дисциплини е потребно строго вежбање. Нашето ослободување од насилството на беззаконието, кое поради нашата лоша постапка ни е наметнато како втора природа, не може да 
Ако го доживееме Богојавлението одвнатре, ќе Го видиме Господа насекаде околу нас. Псалмопевецот вели „Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови возвестува сводот небески“ (Пс. 18,1). Ако начуеме одвнатре, јасно ќе видиме што лежи однадвор. Сетилата се ослободени и светската бучава ја губи својата сила врз нашите умови и срца, та Господ може да се открие Себеси пред нас сѐ повеќе и повеќе.

Кога читаме за божествените работи, може да разбереме нешто со разумот, ама сфаќаме или проникнуваме само со духовниот разум – со преобразениот и просветлен разум; а може да ни се открие и многу повеќе од тоа што е напишано, па дури и позадината на напишаното.
Богослужбите на овој ден го пресликуваат поредокот на навечерието на Рождеството Христово – Бадник. Се богослужат Царски часови, како и голема вечерна со Василиева Литургија. После входот со Евангелие и молитвата „Светлино тивка“ се читаат тринаесет паримии, затоа што во раната Црква токму на овој ден, и во овој дел од Литургијата
Значи, капењето е мал подвиг, мал чин на самопожртвуваност, што го правиме заради смирение. Да го смириш телото - и духот ќе ја најде слободата. Поздрав до сите што дојдоа кај Бога во едноставност и се потопија во водите на животот осветени од Господ. Тие, како што пишува во Светото Писмо,
Факт е дека многу грешиме и никогаш не можеме да бидеме сигурни дали нашите гревови се простени или не. Затоа, пред почетокот на непрестајната молитва, пред отворањето на директен и јасен пат кон Бог, правилно е да се турка во сите врати. Впрочем, не знаеме која од нив ќе се отвори. Но, искуството на животот потврдува дека често се отвара онаа вратата за која ти не си размислувал.
Секоја твар е чувар на една мисла Божја; оттука секоја твар е мало Евангелие Божјо, бидејќи Го проповеда Бог, мислата Божја, бидејќи е неуморен гласник Божји. Неразорното јадро на секоја твар ја сочинува мислата Божја што е во неа, мислата на Божјата Мудрост, на Божјиот Логос. Оттука сѐ се стреми, сѐ гравитира кон Бог, кон Божјиот Логос, бидејќи со логосната суштина секое битие чезнее за Бог, копнее за Бог,
Осветената вода е образ на Божјата благодат: таа ги очистува луѓето од духовните нечистотии, ги осветува и укрепува во подвигот на спасението во Бога. До неа првично се докоснуваме во Светото Крштение, кога при извршувањето на таинството, трипати биваме потопувани во купелот, наполнет со света вода.
Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа така трeба и буквалнo да гo разбeрeмe и да гo примимe. Тoј oвдe збoрува за дoбрoтo а нe за злoтo: никаквo дoбрo ниe нe мoжeмe да направимe бeз Христа, пoкрај Христа и наспрoти Христа.
На 18. јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден. Затоа, поради важноста на јавувањето на Света Троица во водите јордански, овој ден е наречен Навечерие на Богојавление (на мак. Водокрст, Водопост), и за него е определен еднодневен пост,
























