Распоред на богослужби од 05.04. до 30.04.2023 година

07.04. (петок), Благовештение на Пресвета Богородица Литургија во манастир „Св. Никола“, село Љубанци – отец Горан Димковски Литургија во манастир „Св. Благовештение“, село Бањани – отец Даниел Џепиќ Литургија во манастир „Св. Благовештение“, село Побожје – отец Звонко Аговски 08.04. (сабота),










Ете, св. Марија Египетска ни покажа каков е клучот од заклучените врати, како да го најдеме, како да ги отклучиме, та најпосле да влеземе. Појдете по тој пат сите вие кои имате потреба. А кому не му е потребно тоа? Значи, да појдеме сите. Никој нека не одбива, никој да не заостанува зад другите, никој да не губи надеж. Домаќинот ги повикува сите и сите ги чека. Да појдеме, еден со друг да се поттикнуваме и еден со друг да се бодриме.

Не можам само да разберам како земјата тогаш ме носеше, и како за време на пловењето морето не ме голтна мене, којашто ги вовлеков во смртниот грев толкуте луѓе! И мислам дека Бог го чекаше моето покајание. Го чекаше со долготрпение, како татко кој љуби не сакајќи ја смртта на грешникот.Конечно, стигнавме во Ерусалим. Останаа неколку дена до празникот.




Следствено, покајанието е една промена на душевните сили на човекот, кој е поттикнат од љубовта. И затоа ги следи особеностите на љубовта на секого од нас. Значи, ако сакаме да одговориме на прашањето зошто не се каеме доволно, ако го чувствуваме тоа (секој ќе го констатира), можеби следниот чекор е да кажеме дека веројатно не Го љубиме доволно Бога и луѓето.


Икос: Очити ме, Спасе, од многуте мои беззаконија и, се молам, од бездната на злото изведи ме. Кон Тебе повикав, и услиши ме, Боже на моето спасение.Со сладострасниот живот богатиот самиот себе се осуди на огнениот пламен, а бедниот Лазар, кој во овој живот ја избра сиромашијата, за бескрајната радост се удостои.

























