Препознавање - кон Свети Наум
Очи се исправија во рамнина,
Раце останаа празни покрај тело
Здогледаа мисли во близина,
Допир кој доаѓа од врело.
Солзи на допир одговорија
Вода потребна брашно да се накваси,
Се создаде тесто за душа човечка
Виор од благодат испразни мисли.






Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани. Некој кој го загрозува нивното славољубие и нивното високо мислење за самите нив. Тоа е комплексот на мува. Од целото цветно поле, ќе застане на некоја валканица. Не гледаат што е добро, не гледаат нешто да научат, туку го следат оној во кого лоцирале опасност и будно бараат негова грешка за да го осудат и да прераскажуваат.
Јас немам толкава благодарност, која ќе може да одговори на твојата безмерна љубов...Ниту доволно зборови, да ја опишам твојата молитвена грижа за нас - преточена во слово...Само огромна желба, да го изодам Патот кој што неуморно го трасираш пред нас, следејќи ги многубројните светлечки патокази што несебично ги поставаш на секоја кривина, цврсто држејќи се за твојата сигурна, пастирска рака.
Во црква одиме за да се научиме да Го љубиме Христа, конкретниот Христос, конкретната Личност Која заради нас станала Човек пред 2000 години, Оној Кого Го гледаме на иконата, Оној со Кого се причестуваме секој ден, Оној Кому се обраќаме секогаш кога велиме – Христе помогни ми! Господи Исусе Христе помилуј ме! Тоа е целта на Црквата – да Го возљубиме Христа
“Татко, тоа е невозможно. Како може да се одолее на безбројните искушенијата и соблазни?”
Од Адама наваму, во секое време и на секое место на земјава, имало и ќе има т.н. „Каинови потомци". Тоа се оние, што им завидуваат на подобрите од нив. Исполнети со завист, не можат да ги поднесат тие, кои се определиле да служат на се што е добро и возвишено. Затоа според нив, таквите да ги нема или да се подалеку од нив, па тогаш самите ќе се спокојни и среќни.
Свети Јован стана ист таков голем подвижник; немаше спиено во кревет од моментот кога ги даде монашките завети па сè до своето упокојување 40 години подоцна. Јадеше само еднаш дневно, еден час пред полноќ. За време на првата и последната седмица од Великиот пост воопшто не земаше храна, а во останатото време од Постот се поткрепуваше само со просфора од олтарот.
И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и во чувствата да сме измирени со секој човек, без разлика колкаво зло и да ни прави. Не може религиозен невротичар, а никогаш религиозен социопат да се занимаваат со оваа молитва. И тие си го знаат тоа. Дури и секој вид спомнување на овој вид молитва им е одбивно, и соодветно на својата состојба реагираат.
Еднаш, не знам кога, младите со занает и чест, ќе му стават крај на тој магиско-шарлатански принцип, убеден сум.
Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост и мир, за што човекот и најповеке мечтае.
„Во Македонската православна богословија (МПБ) Св.Климент Охридски – Драчево, во присуство на ректорот на МПБ митрополитот Повардарски г. Агатангел, пратеникот на САС на МПЦ-ОА митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, митрополитот Брегалнички г. Иларион и митрополитот Европски г. Пимен се поделија сведителствата и дипломите на 52 генерација успешно завршени матуранти-богослови.
Дарко беше дете од кое сите се плашеа, бидејќи со момчињата постојано влегуваше во кавги и тепачки, а девојчињата ги провоцираше и навредуваше. Ниедно од децата не се дружеше со него. Единствено малата Кате се обидуваше да го вразуми немиркото. Де го честеше со слатки, де му даваше по некоја книга да прочита…
Светиот Синод на Бугарската Патријаршија создаде свој учебник по Религија (христијанство-православие). Тоа се случува за првпат после 75 години од последните задолжителни часови по Веронаука во Бугарија. Процедурата за одобрување веќе е во финалниот стадиум и претстои уште издавање на учебникот по препорака на Министерот за образование, Красимир Влчев.
Ви признавам дека сум сретнал религиозни, благочестиви луѓе, кои стануваа полоши и од демони, кога некој од семејството ќе решеше да напредува во духовниот живот. Сум гледал и луѓе далеку од Бога, кој ги примаа проблемите и изборот на своите деца со благородност и достоинство. Си велиш дека човек навистина може да оди во црква долги години, да остари на столицата во храмот а сепак да нема ништо во себе си што ќе потсетува на Евангелието и на Црквата.
Колку што сум сфатил, едни луѓе личат на пчелата, а други – на мувата. Оние кои личат на мувата, во секоја ситуација бараат само да видат што има лошо и преокупирани се само со тоа. Никаде не гледаат ништо добро. Оние кои личат на пчела, секаде го наоѓаат само она што е добро. Лошиот човек лошо мисли, сé прима од лево, сé гледа наопаку. Од друга страна, оној кој
И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си го покрил пред Бог злото што ти го нанел, затоа што наместо да се соединиш со Христос, тоа ќе ти биде излегување на суд и ќе отпаднеш од Него. Вистина, ти велам: нема да можеш да се вратиш додека не остане прав и пепел од...
Треба да сочувствуваш, да љубиш и да сочувствуваш. Да сочувствуваш со оној што го љубиш. Љубовта се труди за љубената личност. По цела ноќ трча, бдее, сѐ додека не ги раскрвари нозете само да се сретне со љубената личност. Поднесува жртви. Ништо не зема во обѕир, ни закани ни тешкотии, а сé во името на љубовта.
Крoткoста и нeзлoбнoста ги красeлe нашитe свeтитeли, им давалe сила и разум да нe враќаат злo за злoтo. Кoга царoт Кoнстанциј, синoт на Кoнстантин, сe разбoлeл вo Антиoхија, тoј гo пoвикал св. Спиридoн да му прoчита мoлитва. Свeти Спиридoн, вo придружба на свoјoтѓакoн Трифилиј, тргнал oд Кипар и дoшoл вo Антиoхија прeд царскиoт двoрeц.
За да стане некој доволно опитен во разликувањето на добрата совест од лошата, мора да мине низ послушанието. Доколку не помине низ послушанието, ќе биде неопитен. Тој може да има благодатни дарови, може да има добра душа, може да прави разни добри дела, но ќе видиш дека секогаш “куца“ во поглед на расудувањето и смирението. Прва и превасходна добродетел што ја дава потчинетоста на Старецот е расудувањето,























