Како Пресвета Богородица го спасила Цариград од напаѓачите
Знаејќи дека не можат да се надеваат на својата слаба заштита, жителите на престолнината, на чело со патријархот Сергиј, прибегнале кон молитви кон Бога и кон пресветата Мајка Божја, молејќи помош и заштита од напаѓачите, коишто го опколиле градот од сите страни и уште предвреме се радувале на богатиот плен.






Според христијанската вера, појавувањето на бебето во жената произлегува поради Божја волја, во него има честичка на вечноста, честичка на Бог – душа. За жал, се случуваат такви ситуации, кога жената одлучува да се ослободи од така наречената несакана бременост, било тоа да се лични или медицински причини. Од една страна, православието се противи на убиството на сé уште неродените деца, сметајќи го тоа за грев,
На искушенијата од ѓаволот во пустината Христос им се спротивставува со едно директно отфрлање, темелејќи ги своите одговори и богословски. Ова претставува поука за нас. Секој пат кога имаме лоша помисла, должни сме да ја отфрлиме веднаш, да го избегнеме дијалогот со неа. Ова, меѓутоа, не може да се усвои на друг начин освен само со долгогодишен подвиг, со дејствието на благодатта во нас.
Нема човек без Крст. И богатите и сиромашните, и убавите и неугледните, и високите, и жените, и мажите, и децата, и луѓето на кои им се восхитуваш, и оние кои се многу здрави, и тие имаат свој Крст. Можеби тие да имаат душевна болка, големо душевно испитание, па не можат ни да се радуваат на здравјето, кое, да речеме, ти го немаш. Нема човек без Крст, но едноставно не сите го имаат твојот крст.
Ако е понекогаш, тоа е период што минува, не е мрзливост туку некој празнина што треба да се надополни, а најдобро со молитва. Добро е што ги завршуваме обврските и кога сме новолни, тоа е знак на зрелост, и така треба, работата да не трпи, Т. Е. луѓето околу нас.
Спасителу, Ти ги исповедам своите гревови што сум ги направил и ги откривам раните на душата и телото мое, направени од грешни помисли.
Нашиот праотец Адам, кого прв си го создал, беше измамен некогаш во Едем, Избавителу, и го слушна Твојот збор: повторно ќе се вратиш во земјата, од која што и настана. Не можејќи повеќе да трпиш адот да го држи Твоето создание, Спасителу наш, Ти го ослободи. Ослободи го и нашиот брат (име) и упокој го во Царството Небесно.
Но, уште поголем проблем на црковниот живот се состои во тоа што многумина, исповедајќи се цел живот, воопшто и не го доживеале она радикално покајание, обраќање, што се случува само еднаш во животот. И на тој начин не го направиле најглавниот егзистенцијален избор: да се припаѓа на светот или да се стане слуга Божји.
Кога човекот застранил од патот и пошол во погрешен правец, тој, за да не залута до крај, треба да се сврти и да тргне назад кон местото, од каде што почнал да оди во погрешниот правец. Тоа не може да се стори, додека не се осознае дека не се оди во вистинскиот правец, додека не се случи „промената на умот“.
Голема е користа за секој човек ако Христос за него постане и негово срце и негов живот. И не само што е добро за тој човек, туку тоа е добро и за сите оние коишто се во негова близи¬на, бидејќи секоја сила секогаш се наоѓа во средината и оттаму таа се шири, како брановите, насекаде и делува на се она што на тој пат ќе наиде. И оној, кој најверојатно поради својата
Има многу луѓе кои сакаат да се оженат, но не го прават тоа (а како изговор кажуваат дека немаат пари или убава работа), сакаат да станат монаси, но не одат во манастир (како аргумент велат дека немале знак), сакаат да почнат свој бизнис, но не се осмелуваат. Сакаат нешто, но во пракса покажуваат дека не сакаат.
Старецот Амфилохиј беше голем приврзаник на силата на монаштвото и на христијанската мисија. Самиот патуваше како свештенопроповедник во текот на сите воени години. Исто така основач е на многу манастири на разни грчки острови и беше одговорен за детските домови и за разни човекољубиви установи. Беше близок духовно со старец Филотеј Зервакос и со свети Нектариј Егински.
Две госпоѓи од Калаврита имаа голема почит кон отецот Порфириј и често го посетуваа. Беа загрижени затоа што имаа еден брат, кој беше комунист, и кој иако беше сосема необразован, имаше дар на говорништво и лесно ги убедуваше луѓето. Тој, со неговите говори имаше кренато седум села и ги преобрати кон комунизмот.
Чудни нешта. Чудно функционира нашиот живот без неговиот Градител – Христос. Он го води нашиот живот. Додека богаташот од приказната имал секакви убави нешта и си велел на себеси: „Одмори си! О, колку пари имам во банката! Со тие пари ќе живеат и моите внуци! Добро сме! Немаме никаков проблем!“ И одеднаш – бам! – неочекуваното!
Биди внимателен, воздржлив, не осудувај, чувај го умот и срцето од лоши помисли, и сметај дека сите луѓе се добри и дека Господ сите ги сака. Заради таквите смирени мисли, благодатта на Светиот Дух нема да те напушта и ќе велиш: Милостив е Господ.
Негувајќи голема трудољубивост кон Бог и пламена љубов кон Спасителот, а бидејќи незадоволен со обичното исполнување на правилото на постот, побожноста и молитвите, Прокопиј почнал да бара начин како да Му угоди на Бога со уште поголеми подвизи. Иако ќелијата му била сосема блиску, не се задоволувал со тоа. Неговото смртно тело се исушило од постот, но и тоа му се чинело
На смртта треба последователно да се гледа со зборовите Божји: „Сакам да се ослободам и да бидам со Христа“, така гледал апостол Павле и сите светии. Земниот живот е еден вид прогонство поради поправање. Како што се излегува радосно од темница или логор, исто така, подобро кажано, со неизмерна радост се излегува од мрачниот земен живот. Ти ќе речеш:























