Митрополит Американско- канадски Методиј Златанов: Поука
Но немајќи ја духовната будност, постојано е ограбуван и живее во агонијата од чувството на ограбеност која е дело на ѓаволот и неговата неблагочестива логика - неморалот, всушност, анти-моралот, во која, човекот од овој свет, одамна станал вистински виртуоз.Оттаму е и потребата од подготвеност за невидливата борба. За аскетскиот подвиг. За истрајноста во молитвата, постот, покајанието и проштевањето.







И покрај болките, несреќите и разнообразните потреби се неделиви од нашиот земен живот, сепак Господ не сака ние да бидеме само во таги и несреќи... Господ Исус Самиот ни дава заповед да се сакаме еден со друг и взаемно утешувајќи се преку таа љубов, да го олесниме несреќниот и тесен пат на нашето патување кон Небесната Татковина". По овој прекрасен благодатен настан Свети Серафим го испратил Мотовилов со мир.
Имаше некогаш двајца селани. Се викаа Васил и Рангел. Тие беа родени браќа од ист татко и од иста мајка, но не се сакаа. Штом почина татко им, двајцата го разделија големиот татков двор на два мали двора, па добитокот и нивите и започнаа да живеат одделно.
“Луѓе мои, не смееме од ништо и од никого да се гнасиме и да презираме.
Неопислива беше радоста на отец Партениј кога пред себе го здогледа овој насликан благ лик. Како кога дете после подолго време повторно ќе си го види својот родител, и силно прегрнувајќи го, од радост ќе заплаче. Во тој миг небаре целиот храм се исполни со умиление, зашто обилен благослов се симна од небесата, од она место каде сега ликува и се радува Старецот Георгиј Капсанис.
Секој христијанин, своите напори може да ги насочува на разни активности во животот. Може да се труди во своето семејство, на работните места, во науката, во школството и на многу други места. Својата личност може да ја растргнува на најразлични работни задачи.

Фарисејот
“...И како што честопати нагласувам: не заборавајте ги луѓето што страдаат. Некако можеме да помогнеме – дали ќе подружиме некого, дали со збор, дали ќе му помогнеме повеќе од тоа, секако ќе има начини. Бог не бара од нас нешто што ние не сме способни, односно не можеме да го направиме, очекува тоа што можеме. Така што, не ги заборавајте оние што страдаат.




Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон, да Го претстават пред Господа. Симеон бил удостоен не само да Го види, ами и да Го прегрне малиот Исус и исполнет со духовен восторг, да ги искаже оние вдахновени зборови: Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Владико,



























