Божествена Литургија во храмот Свето Благовештение, Скопје (27.01.2018)
Со горделивоста се уништува секое добро, а со смирението се истребува секое зло: верни, да го прегрнеме смирението и да се гнасиме јавно од лажната слава. При богатсво од добродетели, горделивоста нѐ осиромашува; напротив, и кога сме лишени од нив, смирението нѐ збогатува и нѐ оправдува, затоа и ние го придобиваме.






Не губејќи ни минута, отец Константин се упатил кон болното девојче. Исполнувајќи го својот свештенички долг, отец Константин се вратил, зачуден од она што го видел. Тој раскажал, како Даша, приклучена на апарати за вештачко дишење, воопшто не дише сама, не се мрда, притисокот 60/40, лежи како тревка – тенка, бела… А во тоа време Љуба ги молела за молитвена помош сите, кои можела да ги праша.
Јас го забележав тоа, и ѝ рековː „Што правиш? Ти си правиш зло сама на себеси; се лишуваш од сета добродетел што ја имаш во твојата душа. И што претрпуваш ти во споредба со она што го претрпел Христос за тебе? Јас знам дека си презрела голем имот и дека многу си разделила на сиромасите, знем дека на него си гледала како на ѓубре
Накратко, зошто болести и страдања токму поради нашите гревови? Ете, од ова признание бега светот и човекот сака да го избегне, плашејќи се, како што сведочи со збор и Самиот Спасител, да не бидат исцелени . Сакаме исцеление? Тогаш да се прибереме како пилиња под раширените крилја на квачката, во Црквата, за да не ги чуеме оние страшни и апокалиптични зборови: Ерусалиме, Ерусалиме... Ете, ви се остава вашиот дом пуст.
Некој ти е пријател само кога има потреба од тебе, а те напушта во денот на твојата неволја;
Некогаш во древен Египет двајца пријатели од Александрија, решиле да го обиколат светот за да најдат барем еден мудар и среќен човек. По долги и бесплодни трагања, најпосле откриле еден свет Старец, којшто живеел осамено во планината. Отшелникот им се поклонил до земјата и радосно ги примил во својот дом.
"Се сеќавам, владико свети на една предбожикна ноќ", рекол старецот. Владиката го слушал со голема заинтересираност "Тоа беше одамна, тргнав во еден оддалечен град со санки. Ноќта беше ладна, темна, олујата постепено се смируваше. Каде и да погледнеш , снег. Наоколу бескрајна тишина, прекршена само со ѕвоното и крцкањето на снегот под санките ..
-Видов, тато! – одговори детето. – Јас сум единец, а тие деца имаат браќа и сестри. Ние пред куќата имаме базен, а тие имаат река во која пливаат и ловат риба. Ние имаме клима уред, а тие само ќе ги отворат прозорците и им доаѓа свежина од дрвјата пред куќата и од реката. Ние за птиците гледаме на телевизија, а кај нив вистински птици им слетуваат на прозорците.
Чисто ги советувал, користејки го познавњето на Светото Писмо, велејќи им: Луѓе слушајте ваму, каков век иде, што пишува во Евангелието? Најпрво ќе исушат бресјата, ќе загинат водите, ќе има војни, поштујте празниците, немојте да го кодошите комшилукот... Распламтени со љубов кон Бога, некои од нив подоцна и се замонашиле. Еден од нив, Спасо, во монаштвото Софрониј, бил од Ракотинци и служел во манастирот заедно со архимандритот.
Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата Бoжја сe извршувала и на зeмјата на нeгoвoтo тeлo и на нeбoтo на нeгoвата душа. Ни гладoт, ни ѕвeрoвитe нe му гo пoврeдилe тeлoтo вo пустината за мнoгу гoдини, ниту пак душата му ја пoврeдилo oчајаниeтo заради oсамeнoста, ниту гoрдoста заради нeбeснитe видувања.
На eдна плoча вo црквата “Св. Сoфија” билe врeжани збoрoвитe: “Изми ги грeвoвитe свoи а нe самo лицeтo”. Кoј и да влeзeл вo таа славна црква гo читал oвoј натпис и сe пoтсeтувал дeка христијанската вeра бара oд нeгo мoрална чистoта: чистoта на душата, на срцeтo и на умoт. Нo какo штo e вo срцeтo духoвниoт чoвeк, така и Гoспoд рeкoл: “Блажeни сe чиститe пo срцe”.
Додека св. Арсениј носел облека во злато исткаена во царскиот двор, никој не го нарекувал Велики. Велики го нарекле тогаш кога безобѕирно целиот се предал во служба на Бога и се облекол во партали.
И на тeлeсниoт вид му e јаснo дeка куќата нe e дoмаќин, туку самo куќа вo кoја живee дoмаќинoт;
Но, Го распнале токму затоа што Он ја изобличувал нивната религиозност како лажна религиозност или, кажано со нашиот современ јазик, ги изобличил нив заради превратувањето на религијата имено во идеологија. Зашто целата смисла на конфликтот меѓу Христос и оние што Го распнале, се сведувал на едно. Он, Христос, го поставил човекот над сè друго, го направил него, и само него, предмет на љубовта, предмет на апсолутно внимание.
Еве еден вечно жив и актуелен евангелски пример како човек, иако имајќи само почетна и несовршена вера, од преголема желба и копнеж да Го види Господ или да провери дали е Он, може да се откаже од својата човечка слава, знаејќи дека со својата постапка ќе изгледа смешен, или дури и споулавен, во очите на целата јавност ..
На 19 јануари 2018 година, кога Црквата го слави Крштението Господово – Богојавление, во соборниот храм на Свети Димитриј во Крива Паланка, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. После Литургијата беше извршен Голем Богојавленски водосвет.


























