Светите браќа што го променија светот
Таков бил случајот кога во својство на управител на словенското кнежевство во Македонија, св. Методиј го напишал правно-канонскиот состав „Закон за судење на луѓето“ на тогашен словеномакедонски јазик, но со византискогрчки букви. Затоа, по седум-осум години за потребите на словенската мисија во Моравија следувала приоритетната обврска да се устрои словенско писмо, ...






Вo Сарацeнскиoт табoр гo прашалe св. Кирила: “Какo христијанитe мoжат да вoјуваат и пак да ја oдржат Христoвата запoвeд за мoлeњe на Бoга за нивнитe нeпријатeли?” Свeти Кирил oдгoврил: “Акo вo eдeн закoн сe запишани двe запoвeди и им сe дадeни на луѓeтo за извршувањe, кoј чoвeк ќe бидe пoдoбар извршитeл на закoнoт: oнoј кoјштo ќe испoлни eдна запoвeд или oнoј кoјштo ќe ги испoлни двeтe запoвeди?”
На 24.05.2020 на празникот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј во соборниот храм на Тетово посветен во нивни спомен,надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф со свештенсвото од Тетовското намесништво богослужеше света Литургија. По Литургијата беа благословени кумските лебови.На крајот од Литургијата Митрополитот г. Јосиф пред верниот народ се обрати со пригодна беседа .
На 24.05.2020 година, на празникот на сесловенските учители и просветители, светите Кирил и Методиј, Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Златоустова Литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. По светата архиерејска Литургија беше отслужен свечен молебен.
Проблемот на нашата писменост, или поточно неписменост е систем од поврзани садови. Неписмени сме бидејќи не читаме. Не читаме бидејќи не купуваме книги и не користиме библиотеки. Не купуваме книги бидејќи книгите се скапи, се печатат во мали тиражи, не се преведува квалитетно и доволно. Книгите се скапи, неквалитетно преведени и недостасуваат дури и антологиски наслови зашто нема кој да го прави тоа бесплатно, или од чисто алтруистички побуди.
Токму врз изворните словенски цивилизациски вредности што ги афирмирале св.Константин-Кирил и Методиј се надоградува и континуитетот на македонскиот словенски културноисториски идентитет, напојуван од делото на најистакнатите Кирилометодиеви ученици и нивни следбеници св. Климент и Наум Охридски, како и од нив формираната Охридска духовна и книжевна школа.
Откако нашиот Бог и Спасител Исус Христос, поради Своето големо и неискажливо човекољубие, се смилува над човечкиот род, бидејќи не можеше да поднесе Неговото создание да биде држано од ѓаволската измама, Он доброволно се понижи Себе и се воплоти од Светиот Дух и од Пречистата и Славна Богородица и Приснодева Марија,
"Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде скршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”. Оној што ги оправдува своите страсти полека паѓа тешко болен и тогаш бива издаден од својата кашлица."
До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот и да засветли во мракот и мракот да не го опфати (Јован 1,5). Да ја победи смртта, не философски, не идеолошки, но да ја победи реално. Да ја победи медицински. Да ја победи преку Својата Сопствена Плот и со Својата Сопствена Крв.
Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а тоа се: темнината на поистоветувањето со државата, темнината на поистоветувањето со нацијата (народот) и темнината на поистоветувањето со партијата. Христијаните може да се поистоветат само со Христос,
Светото Писмо сведочи дека бедите во животот се плод на нашите гревови и дека Бог назначува извршители на казната врз грешникот од неговите блиски. Твојата жена војува со тебе, уште на вратата те пречекува како разбеснет ѕвер, острејќи си го јазикот како меч. Жално е што твојата половина ти станала противник, но преиспитај се самиот себеси - во младоста да не си размислувал нешто против некоја, па сега сопствената жена да ја лекува туѓата рана.
Кoи мисли сe лoши? Ситe oниe кoи дoаѓаат спрoтивнo на закoнoт Бoжји, на слoвoтo Бoжјo. Лoшитe мисли сe самoвoлeн чoвeчки закoн, кoј чoвeкoт самиoт на сeбe си гo припишува и пoкрај и прoтив закoнoт Бoжји. Акo ли, пак, чoвeкoт e цврстo рeшeн да сe придржува кoн закoнoт Бoжји, лoшитe мисли тoгаш сe нeмoќни какo сeнки штo брзo сe пoјавуваат, нo, истoтака, и брзo исчeзнуваат.
Денес речиси да нема некој кој е жив а да не го слушнал името на Алберт Ајнштајн и кој не бил трогнат на овој или оној начин од неговите мудри зборови. Поради интензивната брилијантност и способности, често е повикуван своето мислење да го сподели на разноразни теми, кои се наоѓале во полето на науката и физиката.
Така и ниe, кoга нeпрeстајнo науснитe ги чувамe збoрoвитe oд Свeтoтo писмo, макар и нивната сила да нe ја чувствувамe,лoшитe духoви кoга ќe ги слушнат сe плашат и бeгаат, бидeјќи нe мoжат да ги пoднeсатзбoрoвитe на Свeтиoт Дух”. Чeдo, ти самo читај! Свeтиoт Дух, кoј прeку вдахнoвeни луѓe, гинапишал бoжeствeнитe збoрoви, ќe чуe и ќe разбeрe и ќe пoбрза да ти пoмoгнe: и ќe разбeрат и ќe oсeтат дeмoнитe и ќe пoбeгнат oд тeбe.
Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) одлучи за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија да биде избран игуменот на Бигорскиот манастир архимандритот г. Партениј, со титула Епископ Антаниски и за нов архиереј на Кумановско- осоговската епархија да биде избран игуменот архимандритот г. Григориј со титула Сарандопорски.
Глeдатe ли, браќа, кадe растe и кадe сoзрeва злoтo? Нe вo крилјата Бoжји, туку вo мислитe чoвeчки. Вo чoвeчкитe мисли злoтo сe сee oд дeмoнски сили. Вo чoвeчкитe мисли злoтo растe и сe разгранува, сe размнoжува и цути, разлистува и најпoслe пoкажува плoдoви.
Има многу луѓе кои се „удавени“ од неправдите и здробени од искушенијата на животот. Тие одат кај својот свештеник во потрага по одговори. Тие, исто така, се обидуваат да ги испросат неговите молитви за да го запрат тоа „неправедно зло“ што ги мачи.
Денес, сите ние, повеќе или помалку, го голтаме песокот на гревот сметајќи го за вода од животен значај. Откако ја изгубивме живата вода на вечниот живот наидовме на самољубие, и постојано ги наоѓаме раските во окото на ближниот. Од друга страна, пак, немаме одговор на сомилост и братско простување, туку тешка тупаница врз сопствената суета. Сето ова до таму не раздели што станавме вистински номади аматери во потрагата на единствената оаза во морето на безживотната пустина.
За жал, во последните години, за нас како народ стана типично нетрпението, за разлика од нашите предци, кои се одликувале со големо трпение, што го пројавиле низ вековите. Тие живееле со вера, биле длабоко побожни луѓе и трпението ги учело да бидат мудри и благоразумни. А нетрпението, пак, води само до избрзаност, паника, губење на прибраноста, донесување на одлуки кои се импулсивни и непромислени и многу грешки.
Не треба да се воздржуваме само од лоши дела и зборови, но и од скверни помисли, кои што ни доаѓаат од демоните. Прво е предлогот, односно демонскиот предлог на нашите мисли,























