Митрополит Методиј Златанов - Кој е мојот ближен?

Соборноста како суштинска нишка на нашата вера постојано го исправа пред нас прашањето: како се однесуваме кон нашите блиски, оние чиј живот е неразделно врзан со нашиот? Во таа релација се огледа и автентичноста на нашата лична побожност. Старецот Силуан вели: мојот брат е мојот живот








Душата човекова е жедна за благодат и близина со Бога возљубени и скапоцени мои браќа и сестри, но единствено примерот може да ја приведе душата на секој човек по патот на вистината или по патот на погибелта, во зависност од делата кои секој од нас ги твори, а за кои неодложно ќе го добиеме заслуженото.



Понекогаш, кога љубовта Христова нe допира, ја чувствуваме вечноста. Тоа не можеме да го сфатиме со разумот. Бог дејствува на Негов, својствен начин, кој е недофатлив за логиката. Во нашиот христијански живот не треба единствено да се потпираме на својот разум.








Сте забележале ли, дека во денешно време никој за ништо не е виновен и дека сите се разбираат од сè? Освен фудбал и политика, Православието исто е популарна тема. Секој, кој што се крстил, веќе го кажува своето мислење каква треба да биде Црквата. А како што гледам дури и некрстените имаат мнение по тоа прашање.



























