Во секој случај, ќе слушнеш глас во својата душа, којшто ќе ти посочи решение. Ќе видиш светлина во тунелот, ќе видиш излез за она што те вознемирува и измачува. Што е тоа решение? Решението го означува опишаното во една кинеска поговорка: „Во животот не треба да се грижиш за две работи – за оние што се решливи, и за оние што се нерешливи“.
Свети Филарет Московски - ПРАВОСЛАВЕН КАТИХИЗИС (5)
232. Дали постојат знаци на Второто Христово пришествие?
Во Божјото слово ни се откриени некои знаци за приближување на Христовото пришествие. Имено, тие се: намалување на верата и љубовта помеѓу луѓето, намножување на пороците и сиромаштијата, проповедање на Евангелието на сите народи, пришествие на антихристот (спореди Мт. 24 глава).
233.Кој е антихрист?
Антихрист е противникот на Христос, кој ќе се обиде да го истреби христијанството, но сам ќе погине на ужасен начин (2 Сол. 2, 8).
234.Што е Христовото Царство?