ПРОГРАМА за 5 ден (среда), на Фестивалот „БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ“
Прв Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности во Македонија, во Скопје, од 15 до 19 октомври
Од денешната програма на фестивалот БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ
Прв Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности во Македонија, во Скопје, од 15 до 19 октомври
Од денешната програма на фестивалот БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ
Умот честопати со години се заморува за да научи еден или два странски јазици. Во нашево време многумина знаат странски јазици, но овие јазици немаат никаква врска со јазиците од Светата Педесетница, зашто живееме во великиот Вавилон. Големо зло е кога со богословие се занимаваме само со помошта на нашиот разум, и кога нашиот разум го претставуваме како присуство на Светиот Дух.
Во писмото до неговото семејство Александар напишал: ,,Со Божја волја, денес јас ќе го напуштам мојот земски живот тука, и ќе преминам во друг живот кој што никогаш нема да заврши и каде што сите ние заедно повторно ќе се собереме. Нека оваа повторна средба биде вашата утеха и надеж. Ве жалам, бидејќи мојата смрт ќе биде потежок удар за вас одошто за мене. Јас, во длабока вера заминувам, бидејќи верувам дека ѝ служев на Вистината.
Големо значење има и неговата гостопримница под ведро небо во Панагуда, во кои се наоѓале „свечените фотелји“ (дрвени цепеници) каде што внимателно го слушале старецот како говори за некоја тема и неочекувано ги засмејувал слушателите со некоја негова досетка за која ненамерно тие би се сетиле и на познатите зборови од Старечникот за ловецот и Антониј Велики.
На 12.07.2016 година, кога Црквата ги прославува светите апостоли Петар и Павле, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Да ја oставимe и ниe вeсeлбата за дeнoт на жeтвата, а сeга e врeмe за труд и за страв. Дали ќe бидам спасeн? Тoа прашањe трeба сeкoј oд нас да гo мачи истo oнака какo штo зeмјoдeлeцoт гoмачи прашањeтo: дали ќe гo oжнeам плoдoт oд мoјoт труд на нивата? Сeкoј дeн зeмјoдeлeцoт сe труди и стравува. Да сe трудимe и ниe и да стравувамe сeтo врeмe oд свoeтo живeeњe на зeмјата.
Секогаш моли се со болка. Не е доволно свештеникот на Проскомидија само да ги извади честиците и формално да ги прочита имињата, туку треба со болка да се моли за секого; тогаш ќе види чуда. Еднаш некој демонизиран човек отишол кај еден свештеник и го замолил да отслужи Божествена Литургија. Кога требало да го спомнат на Проскомидија, пред да извади честичка за него свештеникот со болка рекол: „Господи, Ти...
Одржувањето на физичката состојба на организмот, неговото хранење и затоплување, устројувањето на својот живот така што да не се наруши здравјето, се работи на кои човекот никогаш не треба да им придава важност, односно да им го менува местото во системот на вредностите и на прво место да го стави угодувањето на телото, бидејќи тогаш тоа ќе стане похот“.
За да можеш да ја видиш болката на другите луѓе, би требало, на некаков начин, прво себеси да се доведеш во ред. И кога се молиш за себе, длабоко свесен за својата паднатост, тогаш и едно Господи помилуј, што ќе го кажеш за другите, и тоа Господи помолуј ќе има голема сила, бидејќи во себе содржи многу смирение, кое ја привлекува милоста Божја.
Црковниот хор на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ учествуваше на 20-от по ред интернационален хорски фестивал во Карпениси Грција. Овој фестивал, кој опфаќа повеќе категории на хорско пеење, 14 години има и натпреварувачки карактер, па така нашиот хор во категорија православна духовна музика, во конкуренција на хорови од Романија, Израел, Кипар и Грција го освои првото место...
Старче, кога нашата молитва за ближни Му е поугодна на Бога?
-Кога ја чувствуваме молитвата. А ќе ја почувствуваме ако се ставиме себеси во положбата на ближниот. Доколку се ставиме себеси, да речеме, во положбата на некој болен или некој упокоен, тоа ќе ни помогне да се молиме со болка; болката слегува во срцето, па нашата молитва станува срдечна.
о.Бобан Митевски: - Ние сме де факто дел од православието, сакал тоа некој да го прифати или не. За МПЦ овој собор има важност од аспект на решенијата, за кои ние можеме да заземеме став, но добро е да се почека како ќе се изјаснат сите цркви.Од друга страна, овој собор за нас истакна на површина една вистина, која сите ја знаеја, односно се виде што е причината за неприфаќањето и нерешавањето на статусот на МПЦ.
Свети Јован живеел на границата меѓу Стариот и Новиот завет. Тој е последен старозаветен пророк, а како Христов Претеча го подготвувал Неговото доаѓање, станувајќи учесник во новото Христово Царство, зашто тој е глас што вика во пустината: Подгответе Му пат на Господа, прави направете ги во пустината патеките за нашиот Бог... (Иса. 40,3-5).
На 07.07.2016 година, денот кога Црквата го прославува раѓањето на светиот пророк Јован Крстител, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на Света Божествена Литургија во манастирот посветен на свети Јован Крстител во населбата Капиштец. Верниот народ се причести со светите Христови Тајни.
Вреди да се води една таква борба, за да би можеле и да ги почувствуваме догмите свои, догмите на Црквата, догмите Божји, зашто нема да спознаеме обични човечки нешта: ќе Го спознаеме Бога. Догмите не се одредени од мнозинството на гласови на некои собири кои се наречени Собори, туку од Духот Свет.
Свети Наум е од исклучително значење за духовниот живот кај нас, но исто така, неговата просветителска дејност, претставува универзална придобивка за сите словенски народи. Делото на неговите учители, светите браќа Кирил и Методиј го продолжил и надоградил, описменувајќи ги и христијанизирајќи ги словенските народи, со богатата издавачка дејност од манастирот на светите Архангели,...
Вечерва, нашата света Црква прославува еден од Божјите угодници, преподобниот Наум, Охридскиот Чудотворец. Преку прославувањето на Божјите угодници светата Црква има за цел да нè поучи. На светиите не треба само да им се восхитуваме и да ги почитуваме, туку, пред сè, да ги поддржуваме. Односно, да одиме по оној пат по кој оделе тие. Да водиме таков живот, каков што живееле тие.
По завршувањето на Литургијата, беше отслужен парастос за покој на душата на упокоената монахиња Доротеја, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодно слово.
Малкумина се оние што од опит ги разбрале овие Божествени зборови, и навистина ретки се оние што во полнота ги доживеале. Еден од овие ретки тајници на Божјата благодат е и преподобниот Наум, Чудотворецот од Охрид, кроткиот и тивок проповедник на Евангелието Христово, татко на словенското општежитие, образ на монасите, утеха на тажните, мудрост на неразумните, закрилник за родот наш словенски.