Македонската света Лидија, сотрудник во основополагањето на првата црква на европскиот континент
Преданието вели дека домот на света Лидија бил првиот европски храм во кој проповедале апостол Павле и евангелистот Лука. По примерот на светителката Христовата вера ја примиле многу македонци во Филипи и околината. Таа е основоположник и на црквата во Тиатар, една од седумте азиски цркви според Јовановото Откровение.


Животот на преподобниот отец наш Јоаникиј е во току скриен, а истовремено и во толку објавен. За овој свет преподобен Отец, до скоро никој не знаеше и не се знаеше ништо особено, освен некои оскудни лични податоаци за неговиот животен пат. На чудесен начин, преку објавување на неговите нетрулежни мошти од површината на земјата, ни го објави и
Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот Закон, којшто Самиот го дал преку Пророците и Праотците.
Твоето учење се рашири по целата земја, и таа го прими твоето слово; преку него си поучувал долично за Бога, си ја појаснил природата на Света Троица, и си го поправил однесувањето на луѓето. Светителу со царско име, отче преподобни, моли го Христа Бога, да ги спаси душите наши.
Познато е дека подмолниот владетел Ирод, од страв да не ја изгуби моќта, нареди уништување на сите бебиња на возраст под две години во Витлеем. Тој сметал дека Исус ќе биде сигурно меѓу нив. Душите на витлеемските бебиња, кои беа убиени по наредба на Ирод, беа однесени во Царството Небесно, чисти, не извалкани од грев. Нивното мачеништво ги направи свети. Нивните мошти биле пронајдени во Витлеем во 313 година од страна на Света Елена, мајка на Константин Велики.
Кога некој би посакал одредено да му покажете во што се состои доблеста ќе ви кажам: гледајте во ликот на Пречиста Владичица Богородица, која ни го родила Спасителот, Кој со убавината е попрекрасен од сите синови човечки; во ликот на Владичицата, на која и било претскажано дека ќе стои од десната страна на Бога, како Царица, во позлатена риза облечена и преукрасена, -
Во наше време, сè поизразена е потребата за спомените на луѓето, кои во првите векови на христијанската историја зрачеле со свежа вера во Христа и кои со својата жртва ја сведочеле вистината на Христовото воскресение и полагале темел на универзалната, сеопшта Црква.
„Каква корист имаме волку што плачеме? Ете, веќе трета година како лелекаме; заборавивме и на празникот на светиот отец Николај и не отидовме кај него за празникот. Туку послушај ме сега: ајде да подготвиме свеќи, елеј и темјан, па да појдеме кај светителот и да му се помолиме со вера, да нè утеши во тагата по нашиот син Василиј и да нè охрабри со надеж. Зашто тој може да ни го врати синот или нас на
Читајќи го неговото житие, не е тешко да се забележи дека светителот секогаш се стремел кон вистината и правдата, како и за помирување на завојуваните страни. Во принцип, желбата за мир треба да биде вродена кај сите христијани. „Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји“ (Мт. 5, 9),
Во принцип, оваа приказна не се однесува само на апостолите, туку и на секој од нас. Се среќаваме и со Христа, но дали секогаш тивко го следиме? Не, не секогаш. Честопати се обидуваме да се пазариме, да ги наведеме условите под кои сме спремни да станеме Негови ученици итн. Јасно е дека овој пат не води никаде.
Синајскиот манастир


После своето крштевање царот Авенир целата своја царска власт му ја предаде на својот син Јоасаф, а самиот живееше осаменич ки во молитвено тихување и секогаш ја посипуваше главата своја со пепел, ридаше поради поранешните гревови свои. И тој помина четири години во такво смирение и покајание; и добивајќи од Бога проштевање на гревовите,
Сите зборови на Варлаам Јоасаф ги сложуваше во срцето свое како бесценети камења во ризница; и сето тоа го исполни неговото битие со таква сладост и тој толку го засака Варлам што посака да не се одвојува од него и секогаш да го слуша неговото учење. А Јоасаф
Таа земја некогаш беше просветена од светиот апостол Тома, но не го остави потполно служењето на идолите, бидејќи многумина, закоравени во незнабоштвото, не го примија спасоносното учење и се држеа до демонската заблуда. Со текот на времето незнабоштвото порасна како трње и почна да го задушува доброто семе на светата вера, па во Индија има неспоредливо повеќе незнабошци отколку верни.
Светиот апостол и евангелист Матеј, синот Алфеев, наречен Левиј, живееше во Галилејскиот град Капернаум. Беше многу имотен човек, а по занимање цариник. Еднаш, за време на Својот престој во Капернаум, Господ Христос отиде кај морето, придружуван од народот. Минувајќи, Он го виде Матеј кај седи на царината и му рече: „Ајде по Мене!“
Братството на преподобниот сѐ повеќе се зголемувало и скитот веќе станувал тесен. На совет од светогорските монаси преподобниот Пајсиј половината од браќата ги вселил во запустениот манастир Симоно-Петар, но турците го принудиле да замине од таму. Тие зеле од него пари, како помирување на долговите што ги имал манастирот. Сакале да земат уште и затоа старецот
























