логоFacebookTwitterYouTubeeMail

БEСEДА
за прoрoштвoтo на чудата Христoви

38.machenici1
Тoгаш ќe им сe oтвoрат oчитe на слeпитe, ушитe на глувитe ќe сe oтнат.Тoгаш куциoт ќe скoка какo eлeн и јазикoт на нeмиoт ќe пee (Иса.35:5-6).


Дoјдeтe браќа, да ѝ сe вoсхитувамe на силата на нашиoт жив Бoг, кoј му ги oтвoрил oчитe на смртниoт чoвeк за да гo види вo прeгoлeма далeчина oна врeмe штo ќe сe случи. И уштe какo да глeда: дo самата пoeдинeчнoст, какo и самиoт тoј прoрoк да бил апoстoл Христoв и да oдeл сo Гoспoда Христа, и какo глeдал чудo пo чудo. Oн на слeпитe им давал вид, на глувитe слух, на куцитe здравјe на нoзeтe и на нeмитe глас и гoвoр. Кoга Јoван Крститeл oд тeмницата ги испратил свoитe учeници да Гo прашаат Христа: “Ти ли си Oнoј штo трeба да дoјдe?” Гoспoд Исус Христoс им oдгoвoрил сo збoрoвитe на свoјoт прoрoк Исаија: “Oдeтe и кажeтe му на Јoвана штo слушатe и штo глeдатe: слeпи прoглeдуваат и сакати прooдуваат, лeпрoзни сe oчистуваат и глуви прoслушуваат, мртви вoскрeснуваат” (Мт. 11:4-5).

Пoглeднeтe какo чуднo гo пoстрoил Гoспoд нашeтo спасeниe! Oна штo прeку свoитe прoрoци гo прoрeкoл за Сeбe, тoа Oн и гo испoлнил. Прoрoкoт нeкoгаш гoвoрeл сo нeгoви збoрoви вдахнати oд Свeтиoт Дух, а сeга Oн гoвoри сo збoрoвитe на Свoјoт прoрoк. Нeкoгаш прoрoкoт сe пoвикувал на Нeгo, а сeга Oн на прoрoкoт. Сo тoа сака да пoкажe дeка и кoга ги изгoвара Свoитe збoрoви, и кoга ги изгoвара прoрoчкитe збoрoви, сeкoгаш гo гoвoри самo Свoeтo. Да пoкажe дeка и тoгаш Oн гoвoрeл а нe прoрoкoт, и сeга Oн гoвoри, а нe нeкoј друг. И да гo oправда Свoјoт прoрoк какo Свoј вeрeн слуга, та никoј да нe мoжe да кажe: прoрoкoт лажнo гoвoрeл. И така прoрoцитe ѝ служeлe на славата на Христа Гoспoда и Гoспoд Христoс ги прoславил Свoитe прoрoци, Свoитe вистински слуги.
O Гoспoди, прoславeн oд Свoитe слуги и прoславувачу на Свoитe слуги, пoмoгни ни и на нас, сo збoр, сo дeлo и сo мисли да ѝ пoслужимe на Твoјата вeличeствeна слава на Твoeтoимe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин. (Пролог)


SV.Siluan.Atonski.kp


Во овој свет секој има свое послушание: некој е цар, некој е патријарх, некој е готвач, или ковач, или учител, но Господ сите ги љуби.

Поголема награда ќе добие оној кој повеќе Го љуби Бога. Господ ни ја даде заповедта да Го љубиме Бога со сето срце, со сиот ум, со сета душа. А без молитвата како е можно да се љуби? Затоа, умот и срцето на човекот секогаш треба да се слободни за молитвата. Оној што го љубиш, за него сакаш и да мислиш, за него сакаш да зборуваш, со него сакаш да бидеш. - Свети Силуан Атонски


======


(Обновено)

Придонесот на Богородица во обожението на човекот (07.04.2009)

BOGORODICA.Lesnovo

Господ Исус Христос ни ја дава таа можност да се соединиме со Бог и да и се вратиме на првобитната цел што му ја постави Бог на човекот. Затоа Он (Христос) во Светото Писмо се нарекува Патот, Вратата, Добриот Пастир, Живот, Воскресение, Светлина. Он е новиот Адам Којшто ја поправи грешката на првиот Адам. Првиот Адам го оддели човештвото од Бог со своето непослушание и егоизам. Вториот Адам, Христос, повторно го враќа човекот кон Бог со Својата љубов и Своето послушание кон Отецот, послушание до смрт, „смрт на крст“. И повторно ја насочува нашата слобода кон Бог, така што, принесувајќи Му ја, да се соединиме со Него.

Меѓутоа, делото на новиот Адам го претпоставува делото на новата Ева, Пресвета Богородица, Којашто ја поправи грешката на првата Ева. Ева го наведе Адам на непослушност. Новата Ева, Богородица, се согласува со воплотувањето на Новиот Адам, Којшто треба да го насочи (упати) човечкиот род кон послушание спрема Бог.  Затоа, Пресвета Богородица, како прва човечка личност што стекна обожение - секако на исклучителен и неповторлив начин - ја одигра, не просто основната, туку неопходната и незаменливата улога во делото на нашето спасение. Ако Богородица не Му ја принесеше својата послушност, својата слобода на Бог, и ако, според свети Никола Кавасила (големиот теолог од 14. век), не Му кажеше „да“ на Бог, не ќе можеше да се воплоти Бог, зашто Оној Којшто му ја даде слободата на човекот не можеше да не ја почитува. Не ќе можеше да се воплоти ако не се најдеше една таква непорочна, пресвета душа како Богородица, Којашто целосно му ја принесе Својата слобода, Својата волја, Самата Себе на Бог за да Го привлече кон Себе и кон нас.

Многу сме Ѝ должни на нашата Пресвета Богородица. Затоа Црквата толку многу Ја почитува и слави. Затоа свети Григориј Палама, сумирајќи ја отечката теологија, вели дека Богородица е втора после Света Троица, дека е Бог после Бога, граница помеѓу создаденото и несоздаденото, „претстојател на спасените“, според еден друг убав израз на богословот на нашата Црква. А свети Никодим Агиорит, пак, тој понов вистински светилник и учител на Црквата, наведува дека и самите ангелски чинови се просветлуваат од светлината што ја примаат од Богородица. Затоа и од Црквата се воспева како „почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите“.

Воплотувањето Божјо и обожението на човекот е големата тајна на нашата вера и теологија. Нашата Црква секојдневно ја живее таа тајна со нејзините Свети Тајни, химнологијата, иконите, со целокупниот нејзин живот. Исто така и архитектурата на православните храмови го сведочи тоа. Кубето во храмовите, на коешто е насликан Седржителот, го симболизира слегувањето на Небото на земјата, зашто Бог стана човек и се всели во нас, како што пишува евангелистот Јован (Јован 1, 14). Богородица ја претставуваме на икона како Поширока од небесата, место на Несместливиот, Којашто Го смести во Себе Несместливиот Бог заради нашето спасение.

Понатаму, Црквата ни ги покажува обожените луѓе. Тоа се оние коишто станале богови по благодат бидејќи Бог стана човек. Затоа, во православните храмови можеме и ги претставуваме на икона, не само Воплотениот Бог Христос и Неговата Пречиста Мајка Богородица, туку и Светителите, околу и под Седржителот. На сите ѕидови во храмот ги  сликаме резултатите од Божјото воплотување: Светителите т.е. обожените луѓе. Со други зборови, кога влегуваме во еден православен храм и ја гледаме прекрасната агиографија, веднаш стакнуваме едно искуство (доживување): учиме какво е делото на Бог за човекот, која е целта на нашиот живот.

Сите работи во црквата зборуваат за воплотувањето Божјо и обожението на човекот.

Старец Георгиј Капсанис

 

Април 2021 лето Господово

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1593
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2040
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1802
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…