логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

38.machenici1

Дали е можна современост на подвигот?

Расправата на темата ќе можеше да заврши овде, доколку интересот не ни беше пастирски и сотириолошки. Заради овој интерес треба да испитаме определени горливи прашања во врска со подвигот на современиот Христијанин.

1. За да ги придобиеме современите луѓе и особено младите, можеби треба да им понудиме едно лесно христијанство, лишено од аскетскиот карактер?

Навистина аскетизмот е нешто непоимливо за современиот човек на кого што совеста му се има обликувано по дејство на безбожната култура во која што живее. Идеите на оваа култура се среќата, доброденствието, насладата, сексот, самодоволноста. Осетот за гревот исто така се има скоро изгубено. Грев не е веќе престапот на етичкиот закон, ами непрестапот, доколку се спречува човекот од него, апетитите негови да останат незадоволени.

Ова го учи Фројд и на ова начело се темели фројдовската психоанализа и стилот на животот кој се обликува од него. Кога гревот е комплекс, од кој што треба некој да се поведува, каква смисла може да има подвигот и борбата против гревот?

Со оглед на тоа што човекот не верува веќе во Бога, Кој што ја дава смислата на светот и оправданоста на човековиот живот, светот постанува за современиот човек апсурден, како што сведочи филозофијата и уметноста на апсурдот.

Сé на сé во апсурдниот и безвреден свет, каква смисла може да има подвигот?

Многу теолози од надворешноста одговорија дека Црквата е должна да се поднови, да се изгуби себеси за да го придобие светот. Така проповедаа дека Бог умре, дека Воскресението Христово не е историски факт и дека Евангелието нема стабилни етички барања (етика на случајот). Но тоа не е обнова, тоа е пад и промена на Црквата во свет. Тоа е зашемување со светот.

 

38.machenici1
Ако Црквата престанеше да е аскетска, ќе Го предадеше Господа, Кој што така ја засака. Ќе го предадеше исто така и човекот, зашто без подвигот е невозможно неговото обожување. Сомнително е исто така, дали на тој начин ќе можеше да привлечи некои личности.

Луѓето коишто имаат духовни немири ја бараат вистината, а не лагата, бараат суштинска понуда за животот, а не наводно модернизми. И ако Црквата не им го понуди на луѓето овој „леб насушен“ колку и да е несварлив за нивните болни стомаци, ќе се свртат кон други извори да побараат спасение.

Соодветно, одговорот на првото прашање, треба да е категорично одречен, како што беше и одговорот на апостолот Павле, кога проповедаше на древните Атињани или древните Коринтјани.

2. Но постои и второ прашање: Дали е дозволено современување и прилагодување на подвигот во потребите и психосоматската состојба и издржливост  на современиот човек?

Познато е дека издржливоста на човекот во болката, лишеноста, тешкотиите денес очигледно се има намалено, веројатно поради предаденоста на животот на медицината.

Околностите на живеењето (бучавата на големите градови, брзината на општествените средини, брзиот ритам на животот, несигурноста и стравот) го прават човекот преосетлив, нервозен, со други зборови изгубен. Овие наоди предизвикаа Павле Евдокимов да го напиши следното: „Смртта ќе беше ослободување од секој потребен стимул: брзината, вревата, посебните стимуланси, алкохолот од секаков вид. Подвигот ќе беше највероватно придодаден спокој, дисциплината на пустината и тишината, редовно во периоди, каде што човекот повторно ја наоѓа способноста да запри за молитва и контемплација, уште и сред срцето на сета врева световна, пред сé да се почувствува присуството на другите.“

Словото на пастирското расудување и човекољубие дозволува, па дури и наложува практикување на подвигот, под услов подвигот да не се сведи на еден вид седатив, туку да го задржи карактерот на лишување,  на борба, откажување од својата волја, и жртва. И уште, Црквата на чедата свои, по економија им го дава најмалкуто од подвигот, а кога околностите и духовната зрелост на чедата ќе дозволат, ги подигнува границите на подвигот.

38.machenici1

3. На крајот, постои прашањето на водењето во подвигот. Имено, како верниот ќе научи да се подвизува?

Најдоброто водство во подвигот е сочинувањето на верата во животот и во служењето на Црквата. Црквата ги учи своите чеда со мудрост и копнеж кон подвигот. Мудро распределените пости во литургиската година, целоноќните служби како и Великите Повечерија, Атактистите, серадосните слави посреде постите (на Православието, Крстопоклоната, Благовештението и останатите) го вдахновуваат, олеснуваат, закрепнуваат христијанинит кој што се подвизува.

Проблемот е како сето ова ќе биде спроведено пастирски до народот.

Порано, училиште на подвигот беше православното христијанско семејство.

Таму детето учеше за постот, воздржанието, добрите преданија на Црквата и затоа можеше кога ќе стигнеше во возраста на распалување на страстите да се пази и да се воздржува. Денес, кога семејството воглавно не е христијанско, треба да поучуваме систематски во светите овие преданија на Црквата, во Катихетските школи, во проповедите и во секоја пастирска добра прилика.

Во оваа епоха на отпадништво, на верски синкретизам и смешување, ние ајде да ја проповедаме во смиреномудрие и вера проповедтта за враќањето кон Отецот и Творецот наш, во покајание, воздржание и подвиг.

Преродбата во Црквата на подвижнилкиот идеал ќе го исполни најважното место, но и ќе даде плод на возобновувањето нејзино во Светиот Дух.

Ќе даде исто така нов импулс и активност во пастирското и мисионерското дело, кое што може да го преземат само луѓе од самодрекување и жртва.

Карактеристичен е презноќниот стих од вечерната на Сирната недела кој што ја резимира православната теологија на подвигот: „Времето на постот светло да го започнеме, предавајќи се на духовни подвизи, душата да ја очедниме, плотта да ја очистиме, постејќи како во храната, така и од секоја страст, со добродетели да го насладиме духот, со љубов во нив усовршувајќи се, да се удостоиме сите, да го видиме сечесното страдање на Христа Бога, и светата Пасха, духовно радувајќи се.“

 

Превод : сестринството на Манастирот Свети Јован Претеча Слепче

 

https://www.manastirslepche.mk/novost/sovremenosta-na-podvigot-starec-georgij-kapsanis/

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1593
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2040
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1802
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…