логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

3.angeli.so.truba

Во Чифте амам, во Национална галерија, од 10 до 26 февруари ќе се одржи изложбата FLUX IDENTITY, на која динамичен дијалог на тема идентитет и неговата разновидност водат уметници од Канада и од Македонија. Автор на проектот и куратор е Светлана Младенов од „Визарт“ - Нови Сад.

По едногодишното одложување на меѓународните проекти предизвикано од светската пандемија и мерките за превенција и заштита од Ковид-19, Национална галерија на Република Северна Македонија нановo ги отвора портите за интернационалните уметници. А Бесник и Флутура Хаџилари или поточно Two Gullivers, Милутин Губаш, Сандра Брустер, Весна Перунович, Коко Гузман, Боја Васиќ, Стјуарт Рид, Садко Хаџихасановиќ од Канада и нашите Моника Мотеска, Вана Урошевиќ, Роберт Јанкулоски, Дијана Томиќ Радевска, Велимир Жерновски и Шќипе Мехмети се уметниците чии дела ќе бидат претставени на изложбата FLUX IDENTITY, што од 10 до 26 февруари ќе се одржи во објектот Чифте амам. Со проектот чиј автор и куратор е Светлана Младенов од „Визарт“ - Нови Сад, стручен соработник Весна Перуновиќ, а кустос-соработник од Националната галерија Ана Франговска, на виделина е изваден динамичниот дијалог на тема идентитет и неговата разновидност што го водат овие респектирани творци.

Дело на Садко Хаџихасановиќ

Тие, како што ќе биде забележано од авторите и организаторите на поставката, се фокусирани „на темата за идентитетот, разбрана во поширока смисла, со многу паралелни слоеви, бидејќи денес идентитетот повеќе не се препознава како единечен, туку како распарчен и раскршен, флуиден и пропустлив. Идентитетот е постојано во процес на промена и трансформација. Во денешно време, постојаните движења и миграции на населението, како и животот во имиграција, го прават потеклото на поединецот и неговата автентичност веќе нестабилни концепти. Доаѓајќи во ново опкружување, едно лице носи со себе специфичен културен идентитет што се вкрстува и се меша со различни идентитети на новата социјална заедница. И така, се создава симбиоза на различности“.

Од таму во рамките на проектот FLUX IDENTITY, како што е забележано „идентитетот ќе се разгледува од различна почетна перцепција: национална, етничка, лична, полова, економска, културна, технолошка, социолошка, антрополошка, етнолошка, верска, визуелна, професионална, дигитална, корпоративна, звучна, семејна, социјална, вредносна и слично“.

Дело на Коко Гузман

Прашањето за идентитетот е прашање на самата суштина на човекот. Тоа е неговата врска со минатото, сегашноста и со предвидувањето на иднината. Поради својата важност, темата за идентитетот се најде во центарот на уметничкото истражување на уметниците собрани на изложбата FLUX IDENTITY. Тие ги развиваат своите уметнички концепти движејќи се низ проширено поле на уметност, инкорпорирајќи го во него нивниот личен дискурс, искуствената визија, различните уметнички процедури и процеси. Нивната уметничка практика се реализира преку просторни, мултимедијални и интерактивни инсталации, цртање, перформанси, видео, фотографија и дигитална уметност, се вели во соопштението за поставката.

„Сакав да направам еден дијалог на уметниците од Канада со оние од овој наш регион... од Србија, Македонија и од Црна Гора. Зошто токму со нив? Затоа што прашањето на идентитетот кое денес е многу актуелно има многу допирни точки помеѓу нас и нив, односно помеѓу земјите од Регионов и помеѓу Канада. Канада може да ни послужи како пример со оглед на тоа дека таму исклучително многу нации и многу луѓе бегалци од светот кои дошле и кои својата нова татковина ја нашле токму во таа земја. И притоа со голема толеранција меѓу сите дојденци што и нам овде и тоа како би ни било потребно. Значи, Канада е примерот кој и ние овде можеби би можеле да го следиме.

Токму и затоа што прашањето на идентитетот е толку актуелно за нас и што ние мораме да се справуваме со тие проблеми врзани со идентитетот, а знаеме дека идентитетот не е денес ништо стабилно туку дека се менува, флуиден е, пропустлив... и зависи од условите и од бројни други чинители од контекстот во кој личноста ќе се затекне и ќе се најде. Просто од судбината“, вели авторката на проектот Светлана Младенов.

Дело на Стјуарт Рид

Таа и со појаснување дека проектот е планирано да трае неколку години. Дека почнал во Нови Сад со изложба на која со канадските дијалог воделе уметниците од Србија.

„Продолжуваме со оваа изложба во скопскиот Чифте амам на која за жал, поради светската пандемија и отежнатите услови за патување, не беше можно да присуствуваат уметниците од Канада и да биде изведен оној перформанс што го замисливме. Следната станица веројатно ќе биде Црна Гора, по што би сакале завршната FLUX IDENTITY да се случи во Белград и на неа учество да земат сите уметници учесници на изложбата од трите земји од регионов и од Канада“, истакнува авторката Младенов.

    16x9 Image
    Љупчо Јолевски

https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D1%84%D0%BE%D0%BA%D1%83%D1%81%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%83%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-/31091914.html

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 126
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 126
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 145
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

« »