логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Ликовна колонија во Галичник од 15 до 22 август
На годинешната креативна дружба, која одново ќе има хибриден пристап, заради сеуште неизвесната состојба со корона вирусот, ќе земат физичко учество единаесетмина уметници, а други четворица ќе бидат дел од оваа исклучителна креативна визуелна резиденција со онлајн учество. На колонијата ќе партиципираат: Џозеф ван Калденбург од Холандија, Милка Делибашиќ – Црна Гора, Магдалена Кучко – Полска, Ана Марија Паску – Романија, Клица Антониу – Кипар, Зара Александрова – Бугарија, Ејгул Догруел – Турција, Денис Јагџи – Косово/Македонија и македонските автори: Гордана Вренцоска, Христина Зафировска, Ивана Самандова, Горанчо Ѓорѓиевски, Доротеј Нешовски, Кристијан Јовановски и Зоран Георгиев.

И годинава, како и лани, воспоставуваме концептуален предзнак на колонијата, кој е во согласност со интересите и потребите за се почестото реагирање на прашањата за екологијата, заштитата на животната средина и влијанието на човекот врз уништувањето на балансот во еко-системот, чии последици стануваат се поочигледни и пореални. Годинешниот концепт е насловен Визуелна интрузија и интенцијата на овој дискурс е со визуелна интервенција, т.е. интрузија на природниот амбиент на Галичник и неговата околина, која ќе биде предизвикана во реалност, а нагласена со помош на дигитална интервенција и архивирање на интрузијата на медиумот фотографија или видео, да се визуелизира контрастот и моќта која човекот ја има во загрозувањето, но и заштитата на животната средина и зачувување на нејзиниот природен облик и форма. Ваквите интервенции треба да го подигнат нивото на свеста и да имаат директен импакт во процесот на будење и превземање одговорност за своите постапки.

Од друга страна уметноста секогаш била наједноставниот медиум преку кој се пренесуваат пораки и ставови до пошироката публика, едноставноста на овој процес е надополнета доколку идејата е чиста, а визуелизацијата директна и едноставна. Бројни се примерите во кои уметноста влијае врз одржливоста на одредени области со свои интервенции и разговор со локалното население.

Екологијата и борбата за зачувување на животната средина стануваат едни од најдоминантните темати во сите сфери на општественото живеење, што е сосема очекувано, бидејќи најновите истражувања во овој домен покажуваат поразувачки резултати за девастирачката моќ на човекот и за неславната иднина на планетата Земја чии природни ресурси и капацитети се трошат со светлосна брзина, а обичниот човек за тоа не е ни свесен.

За да се свестиме дека од сите нас зависи нашата заедничка иднина, секој во својот домен, мора да се позанимава со овој проблем со цел да спасиме барем мал дел од она што може да се спаси и да го смениме „чипот“ кој ни е вграден дека сме најмоќната форма на универзумот, бидејќи со тој чип ќе се доведеме до самоуништување. Пандемијата која сите ја живееме сеуште, за среќа со намален интензитет, е уште еден доказ за човечкиот импакт врз околината и животната средина.

Со оглед на одличната селекција на автори и нивните значајни биографии или растечки достигнувања, сигурни сме дека и годинава на колонијата ќе се создадат одлични, и ефективни уметнички дела, кои заедно со делата од минатогодинешната средба, македонската публика ќе може да ги види на биеналната изложба закажана за ноември во мултимедијалниот центар Мала станица.

Во рамки на работната сесија ќе се одржат и јавна отворена програма која ќе содржи две јавни презентации на уметниците пред публиката, планирани за 16 и 17 август од 20.00 часот, пред Упија, како и работилница со деца, на 21 август во 11.00 часот.

 

https://republika.mk/vesti/kultura/likovna-kolonija-vo-galichnik-od-15-do-22-avgust/

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »