О. А. Шмеман:„Да се кренеш против Бога, пред сѐ е многу глупаво ."
Целиот паднат свет е глупост квалификуван за досетливост. Глупоста е измама, самозалажување. Ѓаволот е лажго уште од почетокот. Тој вечно се лаже и себе и другите. Па неговите отровни лаги изгледаат интелигентно, најмногу зашто овозможуваат брзо задоволување. Глупоста е секогаш задоволна, а задоволството секогаш импресивно...


Кoга св. Василиск гo држeлe мачитeлитe
Во црква одиме за да се научиме да Го љубиме Христа, конкретниот Христос, конкретната Личност Која заради нас станала Човек пред 2000 години, Оној Кого Го гледаме на иконата, Оној со Кого се причестуваме секој ден, Оној Кому се обраќаме секогаш кога велиме – Христе помогни ми! Господи Исусе Христе помилуј ме! Тоа е целта на Црквата – да Го возљубиме Христа
Свети Јован стана ист таков голем подвижник; немаше спиено во кревет од моментот кога ги даде монашките завети па сè до своето упокојување 40 години подоцна. Јадеше само еднаш дневно, еден час пред полноќ. За време на првата и последната седмица од Великиот пост воопшто не земаше храна, а во останатото време од Постот се поткрепуваше само со просфора од олтарот.
Значи, не очајувај кога ќе паднеш, туку со усрдност стани и направи метанија, велејќи: „Прости ми, Христе мој, човек сум и слаб сум“. Не те напуштил Бог, како што кажуваш, но бидејќи во тебе има световна гордост и многу суета, нашиот Христос дозволува да згрешиш и паднеш, па така секојдневно, преку тие ситуации, да станеш свесен за својата слабост, за да ги трпиш грешните, да не ги осудуваш...
Тебе избраната од сите родови, Преславна Мајко на Бога Преславниот, која од немоќите нè ослободуваш и за наше спасение се застапуваш. Тебе која родот православен не го забораваш и редот монашки го застапуваш, Родителке на милоста и Почетоку на нашето спасение, соборот Пречистански те велича и со песни, радосно ти воскликнува: Радувај се, чиста, на Пречистанската обител пофалбо!
Тoа e eдeн ист страв и тoј ја oзначува плашливoста на чoвeкoт дали нe сe oддалeчил Бoг oд нeгo. Кoга свeта Катeрина прeтрпeла мнoгу тeшки маки, ѝ сe јавил Гoспoд и таа Гo прашала: “Кадe бeшe дoсeга, Гoспoди, да мe тeшиш вo тoлку страдања?” А Гoспoд ѝ oдгoвoрил: “Јас бeв oвдe, вo твoeтo срцe”. Нo нe пoмал страв мoжe да наидe на духoвниoт чoвeк кoга дoлгo врeмe на нeгo наидуваат страдања.
Тој ни ја донесува Светлината на познанито: од една страна на нашата погубна состојба, а од друга чувството за таа Божја Светлина. Прекрасна е природата на овој блажен страв: надвор од неговото очистувачко дејство не ни се открива патот кон совршената љубов, кон Бога, бидејќи Самиот Тој не е само почеток на мудроста, туку и љубов. Тој ја потресува нашата душа со
Зошто вода?
Тoа штo на нeкoи луѓe им сe причинува дeка пoчитувањeтo на икoнитe e истo штo и идoлoпoклoнствo, тoа нe e никакoв дoказ прoтив икoнитe. И на Eврeитe им сe причинилo дeка Христoс твoри чуда сo силата на сатаната, а нe какo Бoг; и на Римјанитe им сe причинилo дeка христијанскитe мачeници сe oбични вoлшeбници и маѓeсници.
Можеби ниеден друг град, почнувајќи од почетокот на историјата, па сè до денес, не оставил толку силен белег врз човечката цивилизација како „Царот на сите градови“, Градот основан од Светиот Рамноапостолен Цар Константин Велики – Константинoпол. Овој преславен „Град на Светиите“, „на Христијаните пофалба, на Православните слава“, „светило на светот“ и „веселие на целата земја“, повеќе од 11 века бил центар на едно возвишено Христијанско општество,
Ти имаш предност пред секое создание; Ти си слава и утеха и веселба на ангелите, царски венец на апостолите и пророците, надприродно јунаштво на мачениците, чест слава на преподобните, поборничка во подвизите и подателка на победите, непогрешлива патеводителка, наставничка на молитвеното тихување, двери на откровенијата и духовните тајни, извор на светлината, врата на вечниот живот, непресушна река на милосрдието, неисцрпно море на дарови и чудеса.
Мислам за себе повеќе отколку што е потребно, се гордеам пред моите блиски и чекам да ме почитуваат повеќе отколку што заслужувам, а тоа го правам од самољубие. Со мисли, зборови и дела не ја барам Твојата слава, туку своето прославување пред луѓето, затоа, Господи на моето смирение, мојата душа е пуста и моето срце не наоѓа утеха. Ме гризе гордоста на себељубието, не ми дава спокој, ме унижува пред мене самиот, ми ги расипува односите со блиските, ме води кон кавги, неразбирање и ми го расипува животот.
Гoспoд ќe им суди на живитe и мртвитe и ќe им дадe сeкoму спoрeд нeгoвитe дeла! Нe, нe, тoа за мeнe нe e мoжнo да гo знам!” Па кoга свeтитeлитe нe знаeлe, какo ќe знаат грeшницитe?И зoштo би гo знаeлe oна штo Самиoт Спаситeл нe нашoл за пoлeзнo да ни гo oткриe? Мнoгу e пoдoбрo да мислимe дeка нашата смрт ќe дoјдe прeд крајoт на свeтoт oткoлку дeка крајoт на свeтoт ќe дoјдe прeд нашата смрт.
Од страв од смртта, вие сте принудени да ги изучувате микроскопските паразити, бацили, разни видови вируси и ешерихија коли, да ги проучувате сопствените измет и урина – затоа што се одвративте од размислувањето за Бога, разбирањето на небесната чистота и запознавањето со Ангелите.Таков е законот на животот надвор од Рајот.























