Затоа, деца, како православни ги отфрламе и двете крајности, кои се ерес. Го отфрламе екуменизмот, го отфрламе и зилотизмот. Не прифаќаме дека сме фундаменталисти, ниту екуменисти. Ние сме православни христијани, врамнотежени луѓе, го љубиме целиот свет, се молиме за целиот свет – преку Литургијата – не сме ние оние што ќе му судат на светот, Бог ќе му суди на светот. За нас, пропаста дури и на едно суштество е болка. Не сакаме ниту еден човек да исчезне од Божјото лице, апсолутно ниту еден.
Грижа за покојните

Смртта за христијаните не е крај, не е исчезнување, туку е граница, премин, и почеток на вистинскиот живот, кој зависи од тоа, што сме посакувале во овој земен живот. Оној кој ја познал Вистината – Христос, и кој се трудел да се кае за сторените гревови, да не греши, да Го љуби Бога и ближните, да се причестува со Телото и Крвта Христови, таквиот уште во овој живот го започнал рајскиот живот, таквиот ја победил смртта заедно со воскреснатиот Христос.






Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).
„Господ го познава срцето на секој човек, кое ако љуби и ќе простува, ако љуби и ќе се покајува, ако тоа го чини непрестајно ќе ја потврди верата во која живее, а со надежта која му е поткрепа во Воскресението и љубовта која е само Христова особина, а ние нели треба да се уподобиме на Христа, преку молитвите на единствениот човечки пример, Богородица и секогаш Дева Марија, и сите светии кои немале време за формалности,

На 24. 02. 2019 година, во Неделата на блудниот син, кога го прославуваме споменот на светиот маченик Георгиј Кратовски и светиот Власиј, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Цeлoтo Eвангeлиe учи дeка трeба да сe oстави пoмалoтo заради пoгoлeмoтo, минливoтo заради нeминливoтo, лoшoтo заради дoбрoтo, eвтинoтo заради драгoцeнoтo. Кoга Eвангeлиeтo нe би вeтувалo пoгoлeми врeднoсти, тoгаш кoј би гo oставил пoмалoтo?
Затоа, ако некој на својата рака или на својата облека закачи мартинка или бројаница со некаква вера дека тоа, самото по себе, ќе му донесе здравје и среќа, треба да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни.
Тогаш, од златото ќе прави свети путири, а од скршените камбани - полиелеи, а пак од старите, фрлени хартии - ќе прави чисти салфети. Кога пак, срцето е лукаво - и доброто злато ќе го смета за бронза и од него ќе направи куршуми или топови. Затоа, срцето ќе треба да се очисти, со тоа што во него ќе внесуваме само добри помисли за сите, и со тоа што нема да примаме телеграми од лукавиот, затоа што од срцето излегуваат сите зла, (Мт. 15, 19) и повторно од вишокот на срцето зборува устата (Мт. 12, 34).
Барате да го изложам моето кредо. Иако кредото на секој христијанин и, се разбира, свештеник, веќе е изразено во Символот на верата. Вашето прашање е сосема во ред. Христијанството е неисцрпливо. Уште во апостолско време, среќаваме цел ред на видови христијанство, кои се дополнуваат еден со друг. И така, ако се изразиме накратко, за мене верата што ја исповедам, е христијанството како динамичка сила, која ги опфаќа сите аспекти на животот,
На 24 февруари 2019 година, кога Црквата го слави споменот на свети Ѓорѓи Кратовски, во храмот на свети Ѓорѓи Кратовски во Кратово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Од многу големо значење се зборовите на Преподобниот старец Порфириј за тоа дека темнината не исчезнува кога ти говориш за неа. Не говорете за темнината, туку говорете за светлината и не дискутирајте за непријатни работи дома.
“Oпштитe дарoви сe чeтиритe стихии и сè штo бидува oд нив, какo и ситe чудни и страшни дeла Бoжји, излoжeни вo бoжeствeнoтo писмo. А пoсeбнитe сe oниe штo Бoг му ги дал на сeкoј чoвeк пoeдинeчнo: билo бoгатствoтo заради милoсрдиe, билo сирoмаштијата заради трпeниe сo благoдарнoст; билo власта заради правoсудствo и утврдувањe на дoбрoдeтeлитe или пoтчинeтoста и рoбувањeтo заради брзoтo спасeниe на душата; билo здравјeтo заради пoмoш на

























