Скапоцен дар за Бигорската обител

„Господ ќе излее слово и мудрост од нив..., и мнозина ќе го фалат нивното знаење. За векови тоа нема да биде уништено и нема да отстапи од нив, и нивното име ќе живее од поколение во поколение. Народите ќе раскажуваат за нивната мудрост, а Црквата ќе објавува за нив похвала (Извадок од пофалното слово на Св. Климент Охридски за Свв. Кирил и Методиј, преславните учители на словенскиот народ, според Книгата Мудрост Сирахова).







Вистината на земјата ја донесе Светиот Дух, кој ги исполни апостолите на денот на Педесетницата. Оттогаш тој престојува на земјата. Негови спроводители се устите на Божјите свештеници. Ако некој од нив ја затвори својата уста, патот кон вистината ќе се затвори кон верниците, чии што души го чекаат.








































