Тропар на светиот Христов св.мч Тимотеј Пруски 23 јуни/10 јуни 2025
Незлобливоста на гулабот по зборовите Христови,
на тебе го навлече дарот на чудотворство,
о Тимотее свети, поддржувајќи го големиот Јован,
главата за вистината ја положи,
Незлобливоста на гулабот по зборовите Христови,
на тебе го навлече дарот на чудотворство,
о Тимотее свети, поддржувајќи го големиот Јован,
главата за вистината ја положи,
Ако некој сака да ја покаже својата љубов кон починатите и вистински да им помогне, тоа може на најдобар начин да го направи така што ќе се моли за нив, особено со давање на нивните имиња да се спомнат на Литургија, кога се вадат честици за живите и упокоените и се спуштаат во Крвта Господова,
Бескрајна и неутешна би била нашата жалост за ближните кои се упокоиле ако Господ не ни дал вечен живот. Нашиот живот би бил бесцелен кога би завршил со смрт.
Тогаш, каква би била користа од добродетелниот живот и добрите дела?
Во тој случај, во право би биле оние, кои зборуваат: „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме“. Но, човекот е создаден за бесмртност, и Христос со Своето воскресение ги отвори вратите на Царството небесно, вечното блаженство за оние, кои верувале во Него и живееле праведно.
Нашиот земен живот е подготовка за идниот живот, а таа подготовка завршува со смртта. „И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд (Евр. 9, 27). Тогаш човекот ги остава сите свои земни грижи, неговото тело се распаѓа, за повторно да стане на Општото Воскресение.
* * *
Ако некој сака да ја покаже својата љубов кон починатите и вистински да им помогне, тоа може на најдобар начин да го направи така што ќе се моли за нив, особено со давање на нивните имиња да се спомнат на Литургија, кога се вадат честици за живите и упокоените и се спуштаат во Крвта Господова, со зборовите: „Измиј ги, Господи, со светата Твоја Крв гревовите на овде споменатите Твои слуги, по молитвите на Светиите Твои“.
Ништо поголемо ниту подобро не можеме да направиме за преминатите, од тоа да се молиме за нив, споменувајќи ги на Литургија. Тоа секогаш им е неопходно, а посебно во текот на првите четириесет денови, кога душата на починатиот оди кон вечните живеалишта. Тогаш телото ништо не чувствува: тоа не ги гледа ближните кои се собрале, не го вдишува мирисот на цвеќето, не ги слуша надгробните беседи. Но душата ги чувствува молитвите кои се вознесуваат за неа, и им е благодарна на оние, кои се молат, и духовно им е блиска.
О, роднини и пријатели на починатите! Правете го за нив она, што е во ваша моќ и што најмногу им е потребно.
Употребете ги своите пари не за надворешно украсување на гробовите, туку поделете ги на сиромашните за спокој на душите на своите преминати, или приложете ги во црквата во која за нив се вознесваат молитви. Бидете милосрдни кон упокоените, погрижете се за нивните души.
Тој пат ве чека и вас, и знајте дека тогаш сите ние ќе посакуваме некој да нѐ спомене во молитва! Затоа и самите да бидеме милостиви кон починатите.
Штом некој ќе се престави, веднаш повикајте го свештеникот или известете го за да може да ги прочита „Молитвите за излегување на душата“ кои треба да се прочитаат за секој православен христијанин, после неговата смрт.
Погрижете се, доколку е можно, опелото да се отслужи во црква, и над починатиот, сѐ до опелото, да се чита Псалтир. Опелото и погребувањето не мора да бидат беспрекорно организирани, но апсолутно е неопходно опелото да се отслужи без кратења, во потполност. Тогаш сетете се на починатиот, со кој се разделувате, а не на тоа што вам ви е полесно. Ако во црквата има повеќе упокоени, да не одбивате да се отслужи заедничко опело, ако тоа некој го предложи. Подобро е истовремено да се отслужи опело за двајца или повеќе починати кога молитвата на нивните ближни е посилна отколку да се одржат повеќе опела, едно по друго, а тие опела, заради недостиг на време и замор, да бидат скратени.
Заради тоа што секоја молитва за починатите е како капка вода за жедните, веднаш погрижете се за тоа починатите секојневно да се споменуваат на Литургија во текот на следните четириесет дена. Обично во црквите каде богослужбата се извршува секојдневно, починатите чии имиња таму се дадени се споменуваат четириесет дена, па и подолго.
Но, ако опелото е отслужено во храм каде што нема секојдневно богослужби, роднините треба да се погрижат и обезбедат четириесетдневно споменување на Литургија во оние храмови каде секој ден се служи. Исто така, добро е за упокоениот да се даде прилог во манастирите каде се вознесува непрестајна молитва.
Четириесетдневното споменување треба да започне веднаш по смртта, кога на душата посебно ѝ е потребна молитвена помош, и затоа е неопходно споменувањето да започне во најблискиот храм каде што секојдневно има богослужби. Да се погрижиме да направиме сѐ што можеме за оние, кои заминале од тука пред нас, сеќавајќи се на зборовите: „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“ (Мат. 5, 7).
* * *
Значи, парастосите и домашните молитви за упокоените ним им се корисни, како и добрите дела кои се прават во нивен спомен – милостината и прилогот во црква. Но, посебно корисно за нив е споменувањето на Божествената Литургија.
Блажен Серафим Роуз
Друго:
Инустрација: Православие.мк
Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,
тој Господи љубовта Твоја ја повикува.
За Името Твое глава веднеејќи, и за нетлената одора на Онаа која те роди,
на Кирил свети полкови ангели му испрати.
Секое објаснување на гревот е таен и лукав обид човекот да се извини себеси и да се оправда, објаснувајќи ја вината. „Јас сум виновен за тоа и тоа, така и така“. Ако на духовникот и на неговото срце не му е јасно чувството за покајание, тој дополнително прашува како се случило тоа.
За време на прогонот врз христијанството, а особено врз монаштвото, во Русија многу млади боготражители, наместо да заминуваат во манастирите кои биле под надзор на советската власт, се собирале околу старците. Еден од таквите старци бил и јеросхимонахот Сампсон. Основале подземни, неформални,
Нормална клетка од човечкото тело дава 2/3 или повеќе на потребите на телото. И зема за себе само она што ѝ е потребно за да го одржи животот.
А потоа умира.
Значи, здравите клетки умираат, отстапувајќи место на нови.
Колку само се лажат оние што бараат среќа надвор од себе -
во туѓи земји и патувања, во богатство и слава, во големи владеења и насладувања,
во задоволства и празни работи, на кои горчлив им е крајот!
Секој човек, колку и да те сака, без разлика колку и вие да го сакате него, ( видете и вие во самите себе) - неговите можности се ограничени.
Тоа е човек, има мала моќ, мал е неговиот капацитет, само Бог дава целосен одмор на другиот човек и само Бог
Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме само оние што нас нѐ љубат, тогаш каква благодат сме примиле од Бога? Како би го
Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,
за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те ослободи од робувањето на овој свет,
за да Ангел ти испрати.
Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите молитви ликува.
Моли се Христов воину, храмот Божји храм за молитва да остане, лажните ереси пред вистината да исчезнат.
Бог не’ создава и ни се открива имено заради тоа, за ние да Го познаеме.
Токму во богопознанието е конечната цел и смисла на човечкиот живот1.
Во тоа се состои нашиот главен призив на земјата.
Од толку и такви (луѓе) беше составен оној свештен Собор, судејќи некој си Ариј новаторот, поради злочестие (неправославие), и утврдувајќи ја Апостолската и Божествена проповед (на Вистината). А тој несреќник (Ариј) беше по потекло од Александрија, вброен во клирот на
Добродетели со љубов си стекнала, маченичке, чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот кој се бори против родот човечки, добро си пострадала, и си го посекла Копронима со мечот на верата, Теодосија, и пред Небесната брачна одаја си се претставила, радувајќи се.
На 8.6.2025 година, на празникот Слегување на Светиот Дух – Педесетница,
Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
богослужеше и проповедаше на Светата Литургија
во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.