Парастос за учесниците на Првиот Црковно-народен собор

На 04.03.2015 Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите Преспанско - пелагониски и Администратор Австралиско - новозеландски г. Петар и Повардарски г. Агатангел, како и бројно свештенство од Скопската епархија отслужи Парастос за учесниците на Првиот Црковно - народен собор во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје.


















Библијата воопшто нема за цел да укаже на начинот како е создаден светот и човекот, туку дека овој свет има свој Творец, тоа е главната цел. Бог твори од љубов, а „љубовта е самиот живот на Света Троица„, вели свети Григориј Ниски. Бог љуби и твори, останува на нас дали ние таа љубов ќе ја возвратиме во Христа или ќе ја одбиеме во себе. Да бидеме ли сотворители во љубовта Божја или сотворители во гордоста човечка? Првата пресоздава и сè ново создава и созданието е украс (космос), а второто, го троши создаденото и од созданието прави хаос.





























