Африкански крал се крсти на Света Гора
На 7 јуни во Градината на Пресвета Богородица се случи една особена крштевка. Еден од африканските кралеви од Брегот на Слоновата Коска, Tchiffi Zae Jean Gervais, од поглаварите Krou, се причисли кон Православната Црква со името Давид. Кралот беше крстен во Манастирот Кутлумуш од јеромонахот Дионисиј.






Вистинската жртва не се чувствува како жртва, не чувствува дека таа е онаа која трпи неправда. Жртвата на својот карактер и егоизам секогаш чувствува болка, неа секогаш нешто ја повредува. Повредливоста е параметар на големото „его“.
Го прогласува за будала за да не ја изгуби неговата вера во својата логика и чувството за својата невиност. Така ќе биде во вековите, бидејќи нема да осамне никогаш денот кога ќе разбере народот дека овие будали не се будали, бидејќи тогаш на земјата ќе дојде царството небесно, бидејќи нема да постои ниту еден лукав.. 
Грижејќи се за чистотата на душата тој воопшто не се грижел за чистотата на своето тело. Неговата облека била стара, со закрпи, сошиени со бели конци, и сета извалкана од тесто и масло. На едната нога излитена чизма, а на другата чевел од рогозина. ...
“ Љубовта е всушност, воскресение на душата од смртта, од мртвите. Кој нема љубов, со целото свое битие се наоѓа во безизлезната темница на смртта; никаде врата, никаде отвор, никаде прозорец; сета душа, и мисла и чувство - се обѕидани со смртта.
Ме следиш
Монахот на тој начин го носи крстот Христов и учествува во Неговиот живот и на себе ги носи Неговите рани. Тоа беше време на духовен препород во Македонија, после распадот на комунистичкиот атеистички систем, кога на народот му беше дозволено без страв да си верува во Бога и да ги посетува црквите.
Песните ги преведував по чувство, без напор, онака како што мислев дека треба, на јазик разбирлив за секого; и за ѕидар, и за шофер, и за студент и за академик. Еден од главните чинители при изборот на песните за „Два света“ ми беше тие да звучат добро, лесно и неусилено на нашиот јазик, сакав зборовите ...
Оној што сака да појде да живее во пустина, тој треба да се потруди да биде совршен, да се исчисти од секоја страст или да се ослободи од нив во манастирското братство, и не да бега таму од малодушност, туку со желба да ги придобие вистината на божествените созерцанија, кои и не можат да се придобијат на друго место, освен во пустината.
“Алeксандар, Цeзар, Ханибал, Луј XIV, сo сeта свoја гeнијалнoст сe ништoжни. Тиe гo oсвoилe свeтoт, нo нe мoжeлe да сe здoбијат сo ниeдeн пријатeл. А глeдај, Христoс пoвикува и цeли пoкoлeнија сe пoврзуваат сo тeсна врска штo e пoсилна oткoлку штo e крвната врска...
Знам дека самотијата ја дозирам исто како слободата, а кога е грдо сѐ, некако пак ми е убаво. Сѐ поретко имам амбиции; она што го исполнив си продолжува со својот живот, не со мојот.
Само молитвата не е доволна. Некој може да изговара молитвата со килограм темјан, но ако неговиот ум е полн со лукави мисли за другите, тогаш тоа не му донесува никаква полза. Од умот, демонот во срцето испраќа лукава „телеграма“, и од човекот прави ѕвер.
„На почетокот Он рече: нека пушти земјата од себе трева…“ толкува Св. Дамаскин, „и сè до сега таа, откако ќе ја накваси дождот, ги произведува своите растенија поттикната и оснажнета од заповедта Божја. Така и овде Бог рече: „Ова е Телото Мое и ова е Крвта Моја, и правете го ова во Мој спомен;“
Како што вели големиот подвижник, преподобниот Исак Сирин: „Овие натприродни знаменија им се даваат само на простодушните по разум, но истовремено и најсилните во надежта“. И навистина, чинијата со пилавот чудесно исчезнала од пред очите на Св. Јован. Блажениот коњушар се вратил кај господарката и ѝ соопштил дека јадењето е испратено во Мека.
Oднoснo, акo трeба да трпиш oд сатаната, за трпeниeтo ти e дoвoлна Мoјата благoдат! Акo трeба да сe бoриш сo сатаната, пак ти e дoвoлна Мoјата благoдат! Сакаш ли да гo пoбeдиш сатаната, пoвтoрнo ти e дoвoлна Мoјата благoдат! Благoдатта e сeoружјe.
Никој никогаш не постанал возвишен без добри дела, а мнозина се прославиле и без накитени зборови. Благодатта му се дава не на оној, кој благоглаголи, туку на оној, кој добро (целомудрено) живее.
























