„Тогаш човекот ќе сфати колку е тој далеку од Бога“- Преподобен авва Исаиј
Секогаш следи ги советите на своите духовни оци, па времето на твојот живот ќе го поминеш спокојно.
Внимавај на себе си, но ако твојата помисла те вознемирува затоа што братот твој има нешто против тебе, појди кај него и поклони му се со молебен глас и не се одделувај од него сѐ додека не се измирите.






Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје организира Научниот собир по повод јубилеите - 40 години од основањето на Факултетот и 50 години од возобновувањето на Макеоднската православна црква – Охридска архиепископија на тема „Предание и мисија“. Собирот ќе се одржи во свечената сала на Факултетот на
Твојот Господ е Светлина; не оди во мрак и не врши ништо во темнината на разумот, без расудување и разбирање или без вера. Твојот Господ е Бог на милоста и штедроста; биди и ти за своите ближни извор на милости и штедрости. Ако бидеш таков, ќе добиеш спасение со вечна слава.

Се разбира, лошото не може да се нарече добро. Но, кога го гледате тоа, не треба да ги осудувате братот или сестрата, туку да ви биде жал за нив и, кога ви е жал, да се молите од срце Господ да ги вразуми и отрезни, и да им даде сила цврсто да застанат во таквиот начин на живот, кој го бара нивната положба.
И друг пат за политичарите рекол: “Што ќе направат за тебе политичарите, кога самите си се заплеткале во душевните страсти? Кога човек не може да помогне на самиот себе си, како може да помогне на другите? Ете и ние стигнавме до тоа. Ако бевме вистински христијани, ќе испратевме во парламентот, се разбира, не христијанска партија, туку
Целиот наш живот е дар Божји. И сиромаштвото е дар Божји, кога сиромавиот со смирение и трпение Му благодари на Бог за него, и го препознава овој дар. И богатството е дар Божји, кога богатиот со смирение и трпение им служи на сиромасите со своето богатство и на тој начин Му благодари на Бог за него, и го препознава овој дар. Кога луѓето би ги препознавале даровите Божји и нивната цел
Вашите револуционери се прикажани како гласни а мојот како Тивок.
На своето денешно заседание, Светиот и Свештен Синод на Цариградската Патријаршија, кој заседава во Цариград, под претседателство на Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, одлучи да го канонизира Старецот Јаков Цаликис од манастирот на Преподобен Давид во Евија, Грција. Барањето за канонизација беше испратено до Вселенската Патријаршија од Халкидската 


Кога ќе настапи времето на заминувањето на Иверонската икона на Мајката Божја од Атонската Гора ќе зазвонат ѕвона, храмовите ќе се поклонат во знак на збогување. Милост Божја е тоа што ова ќе се прикажува на телевизија и ќе го види цел свет. ѓаволот има 666 замки. Во времето на антихристот, луѓето спасението ќе го очекуваат од космосот.
Откако ги навел примерите на свети Јован Крстител, светиот апостол Павле и на самиот Господ, кои со молитва и пост се подготвувале за јавна служба, свети Јован продолжува: ,,Кој е од страната на телото, со тоа се бори против духот, а кој го подржува духот, го потчинува под себе своето тело. Ете, тие ( духот и телото) постојано се борат помеѓу себе, затоа ако сакаш
Дури на вториот степен, просветлување на умот, откога ќе го познаеме местото на срцето и ќе го добиеме дарот на умно-срдечната молитва, ние внатре во нас го запознаваме непресушниот извор на Божјата благодат. И бидејќи имаме вистински допир до Христос, престанува процесот на постојано губење на благодатта, исто како што кај крвоточивата жена престанало течењето на крвта. Ја добиваме онаа постојана радост и светлина.
Кога го читале Евангелието, златен дожд ги осветлил сите присутни како да се пролеал на нив, неговите капки се слевале во срцата на оние кои во тоа време се молеле на Бога и го слушале Светото Писмо. Кога се произнесувала ектенијата за огласените ,,Огласени излезете“, Свети Нифонт видел како Ангелите ги изведувале од храмот оние кои во храмот се однесувале недостојно, ги ваделе нивните души, па оистанувале само телата, мртви како трупови.
























