Свештеник Јане Илиев: СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА
Секое појавување на Спасителот Господ Исус Христос меѓу народот претставувало поттик околу Него и Неговите ученици да се собере многу народ. Некои од нив доаѓале заради љубопитност, некои од мака, некои од завист, а некои со цел да Го омаловажуваат и понижуваат. И ете, во една прилика, како што ни сведочи светото Евангелие, кога Исус се движел меѓу народот,