логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

 Promoc.Monografija3.jpg

Акад. Владо Камбовски

Promoc.Monografija1.jpg

Обраќање на Промоцијата на монографијата
“Минералите од Република Македонија”
од авторите Глигор Јовановски, Блажо Боев и Петре Макрески
21 ноември 2012

            Минералите од Македонија: човекот и универзумот

            Почитувани,
            Далеку зад нас се времињата на потрага по првите објаснувања на универзумот и сите живи битија и човекот во него врз космогонското поимање на универзалниот логос што ја предодредува сеопштата хармонија, кога се појавиле и првите сфаќања за душата и нејзината бесмртност. Според Питагора, душата е самиот живот, а според космичкото начело сè што е живо е само облик на космичката душа која претставува општа животна сила. Врз питагорејската традиција започнал долгиот след на филозофски учења што го застапувале стојалиштето за остра, па и непомирлива поделеност меѓу душата и духовното, од една страна, и телесното или материјалното од друга. Во античката филозофска мисла било развиено и спротивното мислење на Демокрит, за атомистичкиот поглед врз универзумот и човекот во него, според кој единствено нешто што вечно постои е материјата, составена од мноштво најситни честички- атомите. И човековата душа има атомска структура,  а самиот живот е производ на заедничкото дејство на атомите на душата и на телото. И конечно, во нејзините поли е родено средното, помирливо учење на Аристотел за зависниот однос меѓу душата, која е живот, и телото (телесното): телото е материја, подлога, душата е суштината на животот, а меѓу нив постои нераскинлива врска: нема душа без тело ниту пак тело без душа.
            Во една таква, од дамнина поставена мисловна рамка, се движат преокупациите на современиот човек со вечната енигма на постанокот, животот и смртта. Ограничен во својата сознајна моќ, тој, како и за други тревожни прашања, своите погледи засновани врз емпириски пристап ги надополнува со доксастички стојалишта, кои не се лишени од рационална и интуитивна основа. Големата мајка, божица на плодноста од Неолитот, пронајдена и во скопско, Геа, божицата на земјата и мајка на сè што постои на неа, е главниот архетип околу кој гравитираат неговите доксастички космогонски сфаќања за универзумот (според онаа: “земја јеси, в земја отидеси”).
            Земното, а со тоа и космичкото во човековото битие традиционално се објаснувало и низ сфаќањето за магичното дејство врз него на предметите што припаѓаат на таканаречената “мртва природа”. Историјата на старите народи ги бележи верувањата во амајлиите, што кријат магична моќ, која потекнувала уште од Адама. Египќаните, на пример, ги прекривале мумиите со амајлии од злато, бронза, камен и други предмети, за кои се верувало дека ја заштитуваат бесмртноста на умрениот.   Зарем од таквото длабоко вкоренето духовно наследство и традиција, не потекнува носењето и денеска на златни предмети, на амајлии и ретки камчиња, за здравје и живот и заштита од секое зло? Зарем на таквите верувања не им ја должиме безвременската вредност на златото, дијамантите и другите ретки камења. Парадигмата на амајлијата  е создадена врз верувањето дека таквиот предмет во себе ги концентрира космичките сили кои му обезбедуваат на човекот среќа и благосостојба,  а потрагата по “каменот на мудроста”- вечен живот. 
           И денес, и во развиените земји, почетокот на животот на новороденчето е често одбележан со ставање амајлии. Таквиот обичај кај нас бил и е мошне присутен во народните верувања. Еве што вели Марко Цепенков за едно такво верување:  “При друзи многу бабиње деветиње што праат жените за да му траат децата, праат и вака: коа ќе се познаит некоја жена оти је тешка, сопрво ќе купит од три дуќани по едно парче железо за да напраит еден  обрач кај некој коач, али кај некој кантарџија (некои жени го давале на три дуќани да се допраит обрачот). Обрачот ќе бидел со конци да се закопчуа, и тешката жена ќе го носи опашан обрачот преку полојна како колан, да дури да го роди детето.Тамам коа ќе се роди детето, обрачот ќе го сопаши жената и ќе го земи бабата в рака, та ќе го држи да падни детето низ обрачот. Ете од тоа после не умирало, санким.”
            Отсекогаш фасцинирало раширеното верување во моќта на “светената вода”, чиешто користење како лечебна течност, заштитник на здравјето и среќата е забележано во најстарите книги (Библијата). Уште повозбудливи се најновите научни истражувања на процесот на кристализација на водата под влијание на милозвучни зборови или песни, зашто тие покажуваат дека таа содржи структура “која памети”. Неа ја сочинуваат минерали и кристали. Не помалку фрапантни се научните објаснувања на страдањето на луѓето откинати од родното огниште- “homesickness” – болест по домот, особено тие што во потрагата на биолошкото потекло на растројството упатуваат на претпоставката за органски копнеж по физичката средина во која е човекот роден (пред сè специфичната структура на водата што ја испил и што прва го формирала неговиот телесен состав).
            Интуитивната основа на таквите верувања, создавани како замаглени сознанија на некој низок праг на човековата свест, ќе мора бездруго да е предодредена со фактот дека физичката, материјална природа на човекот, неговиот телесен состав го сочинуваат над 60 % вода и околу 4% минерали. Тие се неоргански, природни елементи без кои не е возможен човековиот живот. Минералите се живот, еден од четирите синџири во еволуцијата на животот на земјата, покрај растенијата, животните и луѓето. И затоа сосема незаслужено се именувани со омаловажувачки назив- “мртва природа”. Не само што се тие незаменлив услов, или со други зборови- причина за животот на целата флора и фауна, вклучувајќи  го човекот, туку се појавуваат и како нужни состојки без кои не може да се замислат бројни научно-технолошки откритија кои нему му користат- од нивната употреба кај најсовремените електронски уреди до нано-технологијата. 
            Оттука, само на прв поглед мојата реч изгледа непотребно завлегување во некоја општа филозофска расправа, што нема врска со денешниов повод, промоцијата на прекрасната монографија на акад.Глигор Јовановски и неговите соработници  Блажо Боев и Петре Макревски. Се работи за капитално дело, кое слободно може да се систематизира во самите врвови на светската наука, со кое се воскрева и се гордее МАНУ и целата македонска наука. Тоа й го предава на светската научна јавност сето богатство со кое изобилствува нашата животна средина, тој непроценливо вреден трезор, кој чува и 7 уникатни минерали со раритетно значење за светската минералогија. Појавата на оваа монографија несомнено ќе влијае не само врз проширувањето на научните сознанија за минералното богатство на Република Македонија, туку и негово популаризирање, кое треба да допре и да ја подигне кај нас толку потребната еколошка свест.  Таа е книга- потсетник на космичките елементи кои го одржуваат животот како бесконечно движење и претворање на материјата во дух и обратно. Ни се обраќа нам, кратковечните смртници, што голем дел од животот трошиме на залудни работи или ситни слабости и омрази, не обѕирајќи се на материјалниот свет во нас (освен во случај на болест) или околу нас.
            Во услови на девастација на животната средина и катастрофични предвестувања на човековата иднина, станува општа должност  преземањето одговорност за состојбата на човештвото, перспективите на идните генерации и целината на природата и животот како незаменлив услов за човековото опстојување. Тоа нужно налага поместување на владејачката антропоцентричната оска кон био и еко-центричната заснованост на нашите погледи врз човекот и неговиот однос кон природата. Промовирањето на биоцентризмот како практична филозофија е почеток на градење на нова интегрална визија за правата на природата и на универзалната, космичка етика и правда, за нова “еколошка цивилизација” и “биоетичка екумена” како главна изгледност за иднината, која може да парира на неизвесностите предизвикани од деформираниот општествен развиток. Техонолошкиот ум на homo  faber, заробен со илузијата на научно-технолошки прогрес, треба да се покори на рационалниот ум на homo sapiens, кој го формулира (Јонас) новиот “еколошки императив” на следниов начин: “Постапувај така што последиците на твоето постапување ќе бидат сообразни со перманентноста на вистинскиот човечки живот на земјата”. “Ние” имаме одговорност спрема природата, amor mundi како еднострана нереципрочна одговорност.
            На тоа подучува ова капитално дело, за кое авторите, како и приредувачите, ги заслужуваат сите највисоки признанија. Се надевам дека тоа ќе најде место во билбиотеките на сите што барем од време- на време, барем кога сакаат да побегнат од опседнатоста со непотребни или споредни работи, ќе посегнат по неа за да се потсетат дека се дел од едно вечно траење.
            Честитајќи им на акад. Јовановски и професорите Боев и Макрески на оваа бележита монографија, пречекана со радост во нашата и меѓународната научна јавност, им посакувам натамошни успеси во нивната научна работа и создавањето и понатаму на уште многу вакви ретки и драгоцени кристали.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јуни 10, 2021
38.machenici1

До 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби

Луѓето годишно користат повеќе од 1 милијарда пластични кеси, фрлаат 13 милиони тони пластика во океаните, трошат 17 милиони барели за изработка на пластика (еден барел има околу 159 литри) и убиваат повеќе од 100.000 животни со користење на…
Мај 17, 2021
38.machenici1

Елвира, наставничката која се покажа како штит...

Игнатијева на својот профил на Инстаграм обично објавуваше мотивациони пораки врз свои лични фотографии уживајќи во прошетки и ноќни излегувања. „Не е толку тешко да си го направиш животот среќен“, напиша таа на 1-ви февруари. Треба само да престанеш да…

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Апр 07, 2021 Литература 224
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како…

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Апр 04, 2021 Литература 313
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 288
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  за двoјната сила на тајната брак

БEСEДА за двoјната сила на тајната брак

Гoлeма e тајната вo тoа штo чoвeкoта гo oстава свoјoт таткo и свoјата мајка и сe прилeпува кoн свoјата жeна. Самиoт апoстoл, кoј сe вoзвишил дo трeтoтo нeбo и видeл...

Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

Фактот за Неговото Воскресение, Вознесението и испраќањето на Светиот Дух врз Апостолите е потврден и потпишан со крвта, телесна и духовна, на безбројните Маченици. Сите тие не умреле за некаков...

 протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

За разлика од Воскресението, Христовото Вознесение многумина го виделе, кога тоа се случило. Така било, зашто верата кај многумина веќе созреала за ова божествено созерцание. А така било и заради...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Ереј Игор Острески: Слепиот

Ереј Игор Острески: Слепиот

Зборувајќи за растот на верата во Бога во човековата душа и за нејзиното значење во животот на луѓето, нашиот Спасител вели: „Ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Благодатта на Светиот Дух Господ, од часот на нашето Крштение се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата, па да се подразбира...

Митрополит Европски Пимен: На Св. Кирил Солунски - Во Рим 24.05.2021г.

Митрополит Европски Пимен: На Св. Кирил Солунски - Во Рим 24.05.2021г.

Зашто, преку тебе го научивме словото за Христа Бога. Зашто, големо е делото твое да покажеш дека нема избрани јазици за проповед на Големината Негова, туку дека најдобар јазик за...

 Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

За симболиката на крајот на Новиот Завет ни говори Апостолот Павле: „во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат среброљупци, горди, хулители, неблагодарни, неправедни, непомирливи, клеветници, невоздржливи,...

« »