Молчеливиот светија (26.05.2017)-Архива
„Нека е благословено“, одговори монахот па појде и се насели во ќелијата што му ја покажа старецот. Таму остана пет години и строго се подвизуваше, без да изусти ни еден единствен збор. Преданоста негова и трпение не останаа скриени од другите браќа, кои му се восхитуваа и многу го почитуваа. Монахот продолжи да си се подвизува во ...






Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот наш живот на светиот престол Божји преку Даровите што ги принесуваме на него.
Епископот Јаков во интервјуто говори и за административното признавање на фактичката автокефалност на МПЦ-ОА, за однесувањето на Црквата во време на пандемијата, за пописните резултати за религиозната припадност, за случувањата во Украина и заземањето „исправна“ страна од страна на „верниците“ за исполнувањето на верата, обичаите и традицијата,
Зошто токму 40 дена требало да поминат до Вознесението? Бројот 40 имал големо значење воопшто на древниот Блиски Исток, а особено тој број има големо значење во Библијата: претставува символ на завршено дело, генерација и исполнување. 



Денес, Светиот Апостол и Евангелист Јован Богослов, којшто во црковното предание е нарекуван уште и „Апостолот на љубовта“ и чијшто спомен го славиме, си избра еден нов апостол на љубовта Христова, удостојувајќи го нашиот Старец и игумен, Архимандрит Партениј, да биде едногласно изгласан од страна на светите архиереи од Свештениот Синод на МПЦ – Охридска Архиепископија и да го прими благословот на највозвишниот и свет, апостолски архиерејски чин.


Штом го рече тоа, Христос плукна на земјата, направи кал и го намачка местото кај што се сместени очите, и му нареди да отиде во бањата Силоам и да се измие, за да покаже дека Он е тој што во почетокот зеде прав од земјата и го создаде човекот. И бидејќи окото е еден од најважните органи на телото, го создава, иако тоа не постоеше, за да покаже, исто така, дека Он е тој што и дава движење и на душевната сила.
Идеологиите на другите вероисповеди се разликуваат од христијанството по тоа што тие сакаат да го избегнат страдањето. Во Православието, пак, само преку страдање се спасуваш од страдање. Значи, светот не може да биде спасен на друг начин освен преку жртва.
Многу болести за кои лекарите не наоѓаат при




























