И МАНУ го поддржа Договорот за пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија
Бидејќи деновиве ставот на највисоката научна и образовна институција во државата, Македонската академија на науките и уметностите, со кој се искажува поддршка на Договорот за пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, не беше доволно застапен во нашите медиуми, одлучивме да го објавиме и на нашата интернет страница. Соопштението од МАНУ го пренесуваме во целост:






На 08.08.2017 година, кога Црквата ја прославува преподобна маченичка Параскева Римјанка, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во црквата Света Петка во населбата Црниче. Протоѓаконот Јане Илиев прими презвитерскиот чин.
Кoј Гo пoзнал Гoспoда Исуса, тoј пoзнал сè штo му e пoтрeбнo за спасeниe; дoбил вид за да ја сoглeда нeчистoтијата, лагата, нeправдата и дoбил сила да избeга oд сeтo тoа. Нeка нe сe пoвраќа за да нe гo прoгoлта вeчната смрт. Да нe гo искушува Бoга бeзбрoј пати. Бидeјќи, акo Бoг бил брз да гo спаси првиoт пат, ќe бидe пoспoр втoриoт пат и уштe пoбавeн трeтиoт пат
Во навечерието на светлозарниот празник за целиот славјански род – споменот на Светите седмочислени рамноапостолни отци наши, учители и просветители, Кирил и Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, во посета на Свештената Бигорска Обител допатува Претседателот на 44-то Народно Собрание на Република Бугарија, г. Димитар Главчев.
Прва пречка која му пречи на човекот да го слушне гласот Божји е духовната гордост. Таа е пострашна од сите други страсти, тоа е потполна доверба само во себе, во своите внатрешни сили. Нему Бог не му е потребен, всушност тој има своја религија - егоизам, односно тој самиот на себе станал Бог. Духовната гордост е како голема тврдина, но страдањата и потресите често ја рушат оваа тврдина.
Преподобниот отец наш Никифор Исихаст е православен монах, духовен писател и еден од авторите на духовниот зборник „Добротољубие“.Се подвизувал на Света Гора за време на управувањето на Михаил VIII Палеолог. Се родил во италијанско римокатоличко семејство, но го отфрлил римокатолицизмот, па примил Православие ...
На 06.08.2017 година, во деветта недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светата маченичка Христина, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, изврши осветување на манастирската црква „Св. Георгиј Победоносец“ с. Туденце – Тетовско.
Е, па, тоа е таа разлика меѓу Божјите чуда и демонските чуда. Едните се случуваат кога даваме иако немаме доволно ни за себе, во крајна нужда и безизлезна ситуација, заради сведоштво Божјо, заради Бог и заради Неговата љубов, што автоматски подразбира и заради спасение на сите луѓе; другите се случуваат заради барање, гордост, човечка и демонска слава, и заради држење на луѓето во страв и ропство.
Со одлука на Третиот црковно – народен собор, на 17 јули 1967 година, точно 200 години од укинувањето во 1767 година, повторно е возобновена Охридската архиепископија како Македонска православна црква. На денешен ден, пак, на 19 јули 1967, е извршен чинот на прогласување на автокефалноста за време на свечената архиерејска литургија отслужена во црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид.
Тој просто не е само потпис на една влада и премиер и друга влада и премиер, туку логичен и ненаметлив исход на културните и општествени збиднувања во двете држави. Според наше мислење, договорот е срочен во духот на европското право, без двосмислени политички фрази, без никакви навреди, потценувања или превагнувања на едната или другата страна. Дополнителен аргумент за неговата полезност е и суштинската потреба да се има најблизок соработник и сосед пријател, особено за дејствување во меѓународно поле.
За стекнување и зачувување на слободата, потребна е постојана борба, зашто – Татковината само еднаш се ослободува однадвор, а потоа постојано се чува и брани одвнатре – порачува еден наш поет[7]. А желбата за слобода кај нашиот народ траела со векови. Затоа толку и се радуваше на крајот од вториот Илинден, иако слободата не ја обедини и не се оствари на сите делови од македонската земја. Но и по многуте жртви и страданија, ропства и туѓи владеења, и по сите отпори, буни и востанија, ни претстои уште потешка борба – за запазување и опстојување на нашата Татковина.
Кoј e пoљубeзeн пријатeл oд Мeнe, кoј си ја пoлoжи душата за ситe? Сакаш ли пoмoш? Кoј мoжe да ти пoмoгнe oсвeн Јас? Бараш ли вeсeлба? Кoј ќe тe развeсeли надвoр oд Мeнe? Бараш ли утeха вo бeдата? Кoј ќe тe утeши надвoр oд Мeнe? Бараш ли мир? Јас сум душeвниoт мир. Бараш ли живoт? Вo Мeнe e извoрoт на живoтoт. Бараш ли свeтлина? Јас сум Свeтлината на свeтoт”.
Малкумина ја знаат тајната на послушанието. Оној што е послушен голем е пред Бога. Тој Го подражава Христа, Кој во Себеси ни го даде образот на послушанието. Послушната душа ја љуби Господ. И го дава Својот мир. Тогаш сe е добро и таа чувствува љубов спрема сите. Оној што е послушен, сета своја надеж ја полага на Бога, и затоа неговата душа секогаш е во Бога и Господ му ја дава Својата благодат.
Бог нé создаде на еден начин, можеме да ја почувствуваме љубовта во срцата, а не илузии изградени преку слава или пари, како што сторив во мојот живот, не можам да ги земам со мене. Јас можам да ги земам со себе само спомените кои беа зајакнати со љубов.
Сé додека ги затвораме очите пред случувањата околу нас и сé додека чекаме други да одработат наместо нас, да бидеме начисто - сите ние сме Цигани. Нема да дообјаснувам, елаборирам и ламентирам за тоа што подразбирам под оваа констатација, туку само ќе напишам нешто што одамна е кажано. И тоа само во еден стих од песната „Балкан“ од скопскиот Хрват, Џони Штулиќ:
Гoстoљубиeтo сe пoчитува и вo другитe вeри, нo христијанствoтo гo истакнува какo дoлжнoст и oбврска. Oд друга страна, благoдарнoста за гoстoљубиeтo e, истo така, дoлжнoст и oбврска на христијанитe. Кoјштo ќe сe научи да бидe благoдарeн на луѓeтo за гoстoљубиeтo, тoј ќe умee да бидe благoдарeн и на Бoга - на гoстoљубиeтo.
Можеби најпогрешно сфатена тема од страна на христијаните, како и за оние што се надвор од Црквата, е послушанието. А сепак, послушанието е основа не само на нашиот однос со Христа, туку и со полнотата на црковниот живот. Послушание кон Светото Предание, кон нашиот епископ и кон нашата совест, сето тоа служи за да нѐ соедини со Бога и со нашите браќа и сестри во Христа.
Ниту Ангел, ниту Архангел не може ништо против тоа што е дарувано од Бога: овде се устројуваат Отецот, Синот и Светиот Дух. Би било неправедно поради порочноста на некој друг да трпи штета оние кои со вера пристапуваат на спасение.Знаејќи го ова, најпрвин треба да се плашиме од Бога, да ги почитуваме свештениците укажувајќи им чест, како за нашите добри дела...
























