Штo e тoа гатањe? (01.03.2022)

Тoа сe три вида на вeрувањe. Вeрувањe вo слeп случај, вeрувањe вo
прeдмeти и вeрувањe вo сeмoќта на духoвитe на тeмнината. Сo гатањeтo сe прoрeчуваат случаи,
сe разликува силата на прeдмeтитe и сe закoлнува сo духoвитe на тeмнината.







Сега, кога влегува царот со својата придружба во некој град, секој од нас, бидејќи е свесен за својата нискост, не чувствува толку задоволство од таа глетка, колку што го обзема тага, од причина што не се наоѓа близу до него и што ни малку не може да соучествува во велелепноста
Во нашиот подвижнички живот во Црквата ништо друго не правиме, освен тоа што градиме љубовен однос со Богочовекот Христос. Црквата е Богочовечка тајна во којашто ја живееме тајната на воплотувањето Христово – вистината дека Бог толку Го возљуби човекот што се поистовети со него, дојде во овој свет воплотувајќи се, стана човек.
Ако се запрашаш, а ќе се запрашаш кога тогаш, треба ли човек да е добар со сите, ти знај дека треба да се обидеш човечки да бидеш добар со сите. И обиди се секому да помогнеш. Во помошта не се гледа на вера, нација, а уште помалку партија. Многу пати ќе се изгориш и пак сам ќе се запрашаш, та треба ли да продолжам. Не се обесхрабрувај!
Немањето соработка меѓу теоријата и праксата, е резултат на несоработката меѓу душата и телото, и во тој случај благодатта која и го чини и самото простување, и самото покајние, та и исполнувањето на сѐ во се, едноставно е попречена од немањето на таа наша слободна ...
А по ова видов како слегува од небото друг ангел кој имаше голема власт: и земјата светна од неговиот блесок.
Упокоените чувствуваат радост кога некој нивен потомок Му е близок на Бог. Ако ние не сме во добра духовна состојба тогаш страдаат нашите упокоени родители, нашиот дедо, нашиот прадедо, сите генерации. Но, ако сме во добра духовна состојба, се веселат, бидејќи и тие учествувале во тоа да се родиме и ние и Бог на некој начин е обврзан да им помогне.
Ако кога си во подвиг ѝ се противставуваш на непријателската сила, па видиш дека таа се повлекла пред тебе во изнемоштеност и бега назад, твоето срце да не се радува на тоа, зашто зад тоа се крие лош план против тебе; тие тогаш подготвуваат нов напад против тебе – поопасен од првиот. Тие оставаат заседа зад тебе, на која ѝ наредиле да демне.


Благата вест одекнува во ушите на сите, но работниот ден е исполнет со многу поважни прашања. Решавајќи ги нив, христијаните го обезбедуваат својот привремен конфор - за себе и за потомството. Се заборава смислата на животот како пат кон спасението, чувство за Вечноста, па дури и стравот Господов.
Ако мислиш лошо за луѓето, тоа значи дека лошиот дух живее во тебе.
Кој сака да Му пристапи на Господа, да се удостои со вечниот живот, да стане живеалиште Христово, да се исполни со Светиот Дух, да дојде во состојба да ги принесува плодовите на Духот, чисто и беспрекорно да ги исполнува заповедите Христови – треба да почне со тоа што цврсто ќе поверува во Господа, наполно ќе им се предаде на заповедите Негови, во сè ќе се 

























