Јустин Ќелијски - Евангелието на жената Самарјанка

Водата која Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце, која ја добиваме при Светото Крштение. Срцето најнапред треба доволно да се очисти од нечистотијата на страстите, од наслагите на гревот и од влијанието на демонот, па потоа благодатта протекува од него.
Своите погледи Кекавмен ги презентира врз база на сопственото искуство, „без да ги систематизира во согласност со некое определено учење.“ Евангелските завети и личното искуство се двата основни ориентири во сите негови размислувања. А, пак, целта му е давање поуки како да се заслужи и спасение на душата и како да се стекне матерјално добро, меѓутоа да не биде во противречност со Евангелето и не паѓајќи во грев.
Предавниците се секогаш фарисејското свештенство, распнувачите и убијците се секогаш световната држава, а Богочовекот Христос се Неговите верни (Црквата) кои правилно растат по степените на духовниот развој. Нема ништо ново во овој свет.Затоа и постојано ви повторувам: во глобалниот театар на илузијата во којшто живееме многу страни немаме, или ќе бидеме со Христос или со другата страна – световната,
Овој празник, како што вели еден современ епископ на Црквата, е полнота од образи и парадокси. Во него се мешаат, радоста и тагата, свеченоста и едноставноста, небесното и земното, вечното и минливото, љубовта и суетата, верата и суеверието. Тагата заради страдањето и крстот, а радоста заради воскресението и победата над смртта. Искрената вера во чистите срца на повторно родените во Христа и
Човекот е повикан да собира наследство што ќе има вредност не овде земјата, ами во Царството небесно, кое Самиот Христос, со Својата крстна жртва и Воскресението, повторно го отвори за секого што сака да влезе во него. Затоа и вели: Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ‘рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту ‘рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше (Матеј 6,19-21).
Но, милоста Божја е неизмерна. Љубовта распната на Крстот за секој од Адам до последниот роден од жена (без разлика на нашиот избор кон Крстот – прифаќање или отфрлање) е надвор од секој човечки збор и ангелска благовест. Љубовта Негова е во тоа што ќе има Воскресение, а какво ќе биде, сепак, повторно нам ни остава
Истата тактика демонот ја користи во која било област од нашиот живот, посебно откако претходно ја одделил истата од целото – Црквата како Тело Христово: економската, здравствената, спортската, општествено-политичката, образовната, културната, научната итн. На пример, од целината на која било област го издвојува само делот профит и преку него нѐ принудува сите да ја живееме целата област.
Ви имам нагласено и другпат дека не можеме ние, т.н. христијани, само да чекаме некој да ни побара помош, па дури тогаш да размислуваме како и дали сакаме да му помогнеме, туку должни сме сами да ги побараме луѓето што страдаат и да им помогнеме! Немилосрдноста и непружањето конкретна помош е антихристијанство, антисведоштво.
Родителите тоа го прават на разни начини. Понекогаш претерано штитејќи ги и чувајќи ги од и незгодите во животот. Понекогаш претерано ги казнуваат и гушат, што кај децата создава равнодушност, и повреденост во однос на возрасните и нивниот возрасен свет. Но најчесто тоа го прават живеејќи, во присуство на децата, обичен одраснат неодговорен живот.
Нашата внатрешна усмереност – нашата способност да видиме и разбереме – мора да се развие за да Го видиме Господа Каков што е. Фарисеите, садукеите и книжниците постојано гледале што Исус правел, но секогаш заклучувале дека Тој е престапник. Од друга страна, чистите по срце ги гледале истите нешта, и заклучиле дека Исус е Син Божји...
Тoа e начeлoтo на Бoжјитe свeтитeли, сeга и нeкoгаш, oтсeкoгаш и вeчнo. Тoа e тeмeлнo и oпштeствeнo начeлo. На тoа начeлo мoжe да сe заснoва најсoвршeнoтo, најбoгoугoднoтo и најсрeќнoтo чoвeчкo oпштeствo. Тoа e спасoнoснo начeлo за сeкаква пoтeшкoтија сo кoја сoврeмeнитe луѓe сe бoрат бeз пoбeда и бeз надeж.
Или, ако речеме: никој не ни побарал помош, Евангелието нѐ разобличува – Самиот Господ Исус Христос постојано ни ја бара. Најбитно за нас, т.н. христијани, е сознанието дека Господ се поистоветува само со страдалниците. Ако ние им помагаме – добро за нас; ако не – Тој нема ништо со нас. Ние, на почетокот, можеме да бидеме само слуги на оние со кои Тој се поистоветува. Така, на пример, да не се лажеме со некакво христијанство ако..
„На земјата мир, и меѓу луѓето добра волја“, тоа не е слоган, ниту пак мерило на успехот на сезоната. Попрво, се работи за опис на реалноста која навлезе во светот преку личноста Христова. Тој е Мирот на земјата. Самото Негово присуство е Божја добра волја кон луѓето. Светот се собира во Едниот – во Божјиот Мир и благоволение. И тој собор не секогаш е пречекан во радост – но ова е и истата осуда – „Светлината дојде на светот, но на луѓето им омиле темнината“.
Она што сигурно е грев – етички и еколошки, и што треба веднаш да го промениме, е оставањето на многу семејства во Р. Македонија без огрев и храна преку зима, а сме можеле да им помогнеме. Наместо да палиме ритуални огнови и да ја дозагадуваме околината, и наместо да го нарушуваме постот со мрсни јадења и световни музики и песни, подобро е да им помогнеме на сиромашните со огрев и храна, и ќе видиме каква радост тоа дело...
Нема поголем дар од дарот на служењето на својот Бог, Нашиот Господ Исус Христос, на својата заедница, на својот народ. Синот човечки не дојде да биде послужен, туку да служи, па служејќи му целосно и несебично на целото човештво, животот Свој го даде како откуп за мнозина (Мт. 20, 28).
Да го чуеме Неговиот благ глас кој нè кани на Неговата прекрасна трпеза. Да се храниме со Неговите пресвети зборови и живоносни поуки, и најважно - со Неговите пречисти Тело и Крв. Соединувајќи се со Бога, ние ќе станеме светлина што ќе испраќа зраци на љубов во овој свет, а љубовта во Бога е единственото нешто што му е потребно на човекот. Таа е и неопходната пропусница за влез на Царската вечера.
Според тоа, со таква просветеност на умот не може да се создаде благосостојба на земјата. Точно е дека образованието, науката воопшто, е нешто неопходно. Но за таа наука да биде полезна и соодветна во подобрувањето на животот, треба да се надополни со моралната просвета. А тоа може да го стори само верата.
Со прсти, дење и ноќе, монахињите допираат камен: студен е, како што е студен и манастирскиот двор, додека низ него одекнуваат грубите удари на чеканот што го дроби студенилото камено, за мозаик. Студен камен? Зар не е и тоа привид, зашто во сè што е дело на рецете Негови мора да спие Божјиот оган?
Страдаме или поради очистување на гревови, или да не би се повеќе вдлабиле во грев и опасност. Понекогаш дури после многу години гледаме дека искушенијата не биле пратени случајно. Тие нам ни биле потребни за да би биле посилни. Се што работи Господ, води кон подобро - ова треба да ни биде секојдневен став. Против паниката и грижите постои одлично средство: М о л и т в а.